Јас имав торта од Sweet things. Чоколадо и вишња. Превкусна. Од ниедна слаткарница не сум пробала таква торта. Едно време најубавите ми беа од Романса и Моцарт. Али ова сега ми е најдобра. И не е со фондан туку путер и шеќер е декорација. Еве ја нашата
Луѓе, а искуство со Шарлота(торти и колачи)? Се сетив дека сум јадела многу убава торта од таму, ама пред некоја година не знам кој вкус. Нарачал некој скоро, какви се со цени, вкус и декорација?
За мене исто романса се врв влашката ми е најубава ,после нив канела за изгледот се топ ама вкусот не ми се свиѓа веќе некако ко бајат ми е пандишпанот.Делициа сега за роденденот на син ми порачав катастрофа изглед на тортата утка невидена лом се напраив со нив .Другарки мои неколку пати порачуваат од кај некоја жена што прави дома торти иначе работела порано во романса ,тортите врв и на вкус и на изглед ,а и цената дупло поефтина 60 парчиња платиле 2200.Исто и кејкфактори имаат добри торти.
Преубава е.Како е со цени sweet things?Ни се ближи роденденот се мислев за делиција ама се повеќе има лоши коментари за неа
Солени им се цените. Не дека по другиве е поефтино многу, ама пак е скапичка. Но, стварно е квалитетно. Јас може да се рече, доста сум упатена во кулинарство, па осеќам разлика. Овие знам дека секоја торта посебно ја спремаат. Не како другите на големо, па да стојат смесите во комори и само спремај. Зависи што ќе побараш, колку украсување има. Мислам така ја одредува цената. Ти пиши им, што сакаш, па ке ти врати. Боже мој, сите знаеме каков ни е буџетот дома. Јас за орв роденден од мерак нарачав. За понатаму здравје
А од која слаткара се благиве, не разбрав Таман за овој бдеј 2торти ќе ми треба, па може и таман од двата бомбастични вкуса да се заблажиме Катастрофа! Лани бев на бдеј и имаше торта од Шарлота, стар пандишпан, потопен со сок од портокал и пудинг со наредени крембанани. Декорација со шлаг дека нели и Шарлота Се зезам, не беше лоша декорацијата, но стварно имаше шлаг, фигура беше играчка пластична, па не знам ни што можат да изработат.
Јас од Делициа нарачувам последниве години, досега немало утка ни во вкус, ни во декорација. Еве, и во септември за роденденот на малово, нарачав мало тортуле, супер го украсија, вкусот одличен. Сахара торта, цела со лешник, од пандишпан до крем. Овошните не им ги сакам, а од другите торти домашната и грчката им се супер. Дали мене така ми се погодувало, досега сум немала лошо искуство со Делициа. Колачите не им се ништо посебно, ама тортите се добри. Бев верна на Романса порано, убави им се тортите, ама малку се преценуваат, башка последните два пати кога нарачував оттаму многу ме разочараа, далеку беа од квалитетот на кој навикнав да го добивам од нив. Кога веќе плаќам сакам да го добијам квалитетот кој го очекувам, не само што скратиле на јатки, недочистени беа, заби искршивме сите. Отров благи им се тортите, не можам цело парче да изедам иако сум зависник од благо. За другите не сум компетентна да зборам, иако од родендени кај што сме оделе, најголем впечаток за вкус ми оставиле Перфето. Другите така-така.
И јас мислам Романса не се тоа што беа,некако посуви на тестото,а и стварно со цените претеруваат,а за овој роденден во план сум од Перфето да порачам,имаат нормални цени и многу се тазе тортите и вкусни.
Кога читам низ Ск колку малку квалитетни слаткарници има се чудам. Пп од убави поубави и да не знаеш од каде да порачаш.И на вкус и на изглед совршени и нормални цени.
Ми треба идеи за декорација со биби боби и диносаурси. Тоа му е омилено,секако дома ќе биде само ние тројца ама сакам да му биде украсено кога ќе дојде од градинка да се израдува. Плус ќе го слика еден другар па да биде стокмен.
Многу лесно за изведба. Имаш во нивните продавници роденденски хартиени чаши и тањири. Купи такви, еден постер (има и со Биби и другите јунаци, и со диносауруси), постави сликовници, кукли, нивни производи, надувај балони и средено Ако немате ништо нивно, за 500-1000/2000 ден, ем ќе украсиш, ем подарок ќе си добие, ем ќе му останат за играње Имам гледано по фб, по слаткарнициве и торти со нив прават.
Јас само од Торти слатки од варош порачувам. Совршени се. Како со рака недопрени. Од Дизниленд не сум задоволна. Прескапи и не ги прават како што ќе им кажеш. Од алфа се убави на изглед ама не и на вкус. А овие каде што порачувам цените им се нормални. Торта на 3 спрат е 3 500. На 2 спрата беше 2 илјади и нешто. А на еден 1400 денари. Ама декорација врв. Невестинската ми беше на 5 или 6 спрата и беше 11 000. А во дизниленд ми побараја над 300 евра за таква. Ако најдам слика ќе ставам од некоја торта.
И јас од таму порачувам секогаш. За роденден на поголемава имав од Бајадера зошто во Торти слатки немаше место,убава беше и на лик и на вкус.Нрзнам кај Патоски дали си порачувала исто превкусни се.
Девојки ако прашањето не е за тука соодветно пардон однапред. Дали знае некој каде можам да купам лижавчиња големи шарени? Од овој тип?