на снцето мое му е роденден за 10 дена ке го правиме во игротека ама сакам јас да му ги правам поканите. досадни се веке овие обицниве од игротекиве што ги даваат безпари, дајте идеја или линк каде да видам некоја интересна идеја фалаа
Може да направите пирошки,убави се, вкусни и нема кој не ги сака Пилешки прсти...лесни се за правење и баш се погодни за ваква пригода И вакви сендвичи Тоа е мојот предлог,се надевам ке ти послужи.
каде толку евтини торти кај нас целосно одозгора покриена торта со фундан е скапа од 3000 нагоре. а така некој ленти одозгора со фундан до 2000илјади
Ќерка ми на 26 март ќе полни 3 години и веќе планирам што како да направам. Роденденот ќе го славиме дома , на гости че бидат само моите и родителите на мм , ама иако пак ќе направам некој амбиент да се радува малата планирам да направам торта со Штрумфови со фондан , ќе го украсиме станот веќе порачав неколку работи од интернет
Овие малите украсени сендвичиња, се навистина интересни и убави на изглед, делуваат баш анимирачко - ама се додека не дојдат во контакт со мали пргави дечиња, потоа магијата и естетската убавина изчеснува за секунда! Истиве од погоре ги правев за роденденот на брат ми, имав некоја умисла и си замислував како секое детенце кога ќе ги види се радува од формата и декорацијата на самиот сендвич и наеднаш ном нооом нооооооооооом го лапнува и џвака гурмански, некои имаа Дизни мотиви, некои пак обични со мачиња, кучиња, али резултатот и реакциите беа баш спротивни. Бидејќи за декорацијата употребував најразлични додатоци,од типот, сенф,мајонез, кечап, маслинки, морковчиња, краставички (кисели или свежи) брокула обарена и слични измишљотини ( и не можеш да очекуваш секое дете да ти јаде мајонез или секое дете да јаде брокула), а внатре нормално составот на секое сендвиче беше тој стандардниот - мајонез, шунка, кашкавалче и по желба кечап, децата прво што правеа коа ги земаа сендвичињата беше роварење надвор и внатре во сендвичот, коа ќе заприметеа дека окцето пример на кучето надворешно е направено со морковче, се гадеа, го тргаа морковот, го отвараа сендвичот и од претходно искуство - ниту внатрешниот дел не им изгледаше ,,сигурен'' за јадење, па го оставаа и се фаќаа за чипсот и соленките! Поради ова искуство, сметам декa подобра анимирачка опција за детски родендени се некои креативни игри, децата и најмногу се радуваат на тоа, додека тие сендвичињата само естетскиот момент на роденден го подобруваат.
Ни се ближи роденденов, ќе го славиме во игротека, дајте предлози за храна, ама да не ја правам јас туку каде да купам и што ставате вие на родендените?
освен во џамбо каде има интересни украси, тањирчиња и се останато за родендени со голем избор. ни се ближи првиот роденден и сакам се да ни биде топ
За еден месец доаѓа вториот роденден на син ми. Првиот го правевме во кафана заедно со крштевката а сега сакам нешто поскромно за овој. Прво мислев да го славиме во игротека како сите дечиња, но проблемот е што немаме дечиња имаме само од познатите две бебиња и 2 поголемки девојчиња во комшии а сите останати се баби дедовци и мои и на мм другари, сите неженети Смешно е да ги носам постариве во игротека Значи останува славење дома на крај. Немам некоја посебна идеа што да подготвам за јадење, дали да украсувам со балони и други џиџи миџи, па сакам да споделите некое ваше искуство и да ми дадете ваши предлози. Исто така да ми препорачате слаткарница во Скопје кои израбтуваат убави торти со фондан но и да бидат со некоја попристапна цена. Лани порачав торта на 3 спрата од кај Сташа - Станислава и навистина беше извонредна како на изглед така и на вкус ја платив 3600 и ми делуваше како нормална цена но оваа година ќе бидеме поскромни Па мамички давајте идеи и предлози
Јас се мислев и годинава јас да му ја правам тортата ѕа роденден на Буце, ама некако се откажав. Се решив да ја нарачам. Е сега дали има искуство некој од вас да ми каже за слаткарница Мон Шери во Ново Лисиче? Какви се таму тортите со фондан украсени, вкусови...
Е ова е стварно уметност, како ли успеа, купечка ваква немаше да биде. Ако немаш струка поврзана со вакви работи, навистина секоја чест.
Благодарам за коментарот инаку не не е моја струка , двапати во годината правам торти само за роденден ама има многу видеа на јутјуб па сто пати го гледав за да ги направам фигурите
Каде во Скопје, можам да најдам да печатат балони. Сакам на секој балон по една буква, и кога ке ги наполнам со хелиум и ставам еден до друг да излезе натпис НИКОЛА
http://puzzle.mk/Baloni.html не е баш како што бараш ти, ама може ќе ти излезам во пресрет со страната... инаку ги пишуваат и имињата и слики ставаат