Еве го и нашиот Роденден. Декорацијата од балони е нарачана. Медо е наш и наша беше идејата да виси на ѕидот хахаха. Слатката маса е мое дело. Сама се правев. Замислете ништо не пипнаа дечињата и се ми остана Тортата е нарачана од Слаткарница New York и беше преубава на вкус. Не сакав да биде класична со принцези и розева. Оваа ја имам одамна во телефон. И ја означува малата буквално. Бидејќи е како глувче. Се јаде, нон стоп нешто грицка. Годинка сме веќе и кога е тишина знај дека нешто јаде (картон,хартија, каменчиња од парк, нешто на земја што ќе се најде... )
Идеа поклон за 11г машко , внук ми , веќе се извртивме , ич немам идеја оваа година што да биде а за една недела му е па и тој веќе у фаза на тинејџер е лудува Слушалки убави помислив ама има од скоро , тротинет голем и тоа си има си го возе ..
Мајки кажете каде полнат балони со хелиум по нормална цена? Ми треба 1ца како столб, над 1200 сегде ми бараат.. too much
Прашај го што сака. Така најубаво. Инаку може некоја типска јакна, типски патики, некоја опрема за на точак/тротинет. Другото зависи од интерес односно што го интересира.
Јас столб со бројка сама си направив дома,пробај лесно е.Види на youtube тутотијали ако не можеш да се снајдеш
Специјално отворив за специјалната девојка да ја видам....ииииииииииии што ќе видам, да ми ја видиш фацата само како сум окезена, значи воодушевена и ич не изненадена сум, очекував од тебе нешто вака ама баш ова не, одма ми се вртат слични идеи, кај мене дека две two.па исто two дека за некој месец, леле ќе ми хелпнеш малце плиз...да не се расплинувам сега, НАЈСРЕЌЕЕЕЕЕН на НАЈМИЛАТА ЕМИЛИ, здрава да пуца од здравје, убава си е, среќна си е, уште посреќна да биде, мама и тато среќни со неа... бејби, уште сакав да кажам ама не знам речам, од срце се честиткиве знаеш!!! Уште еднаш браво мами за финалниот изглед на роденденскиот ден на бомбоната, да ја изеде чоек сосе кул наочарите и кул панталоните Ве сакам и двете!!!