Е ајде де. За тоа ми е најмногу мака. Никаква тема нема за крај на Јануари. Божиќ поминат, снег демоде, нови години. И за никаде не си. Јас би славела на базент. Ох би славела јако!
Здраво мајки од каде може да купам ако може и онлајн да порачам балони салфетки и други работи за декорација на детски роденден ..❤️
Жени помагајте Керка ми сака тема векси од штрумфови, имаме време во јуни и е роденден ама тешко дека ке најдам многу украси. Нема ни торта некоја поубава
Мислам дека можно е да си изнајмиш само држач. Пиши им на тие што декорираат или цвеќара некоја . Сигурно поефтино го даваат. Што ке ти е после
Можеш и да си направиш сама од оние цефките за вода за парно што се се прават ние така го направивме сами полукруг.
Ќе земеш две шишиња за вода од 5 - 10 литри зависи какви имаш ќе ги наполниш ние ги наполниме со песок мислам и одозгора шишањата ќе се покријат со балоните нема да ти се гледаат.
Женички, дајте идеја за тоа каде да се слави роденден во април во вакви услови кога ситуацијата повеќе се влошува.Сакаме на отворено како парк и освен сестра ми нема да биде никој присутен друг. Видов еднаш едни луге славеа во летниковец роденден со торта и балони..Сакам да и украсам на цуцата моја а она душице ми го брои сите кој сака да ги викне...Летниковците во градски се нон стоп зафатени со луѓе
Имаш летниковци на Водно, во паркшумата Гази Баба, во Сарај, во Ново Лисиче на последната автобуска постојка на „5“, не е само Градски парк.
Дали знаете некои продавници од каде можам да порачам цветови вештачки за декорација? Сакам сама да декорирам но незнам од каде да купам. Не сум од Скопје па супер би било да најдам некои кои праќаат по карго.
https://www.facebook.com/Lulishte-Siprom-1-Цвеќaрa-1615070468753596/ Прашај само дали праќаат, инаку на Битпазар е. Флорис Кочани имаш, можеш да им пишеш какви сакаш, ќе ти пратат слики, па да порачаш, али очекувај дека не се баш ефтини.