Па роденденот е на детето, бабите ќе се прилагодат, не може славеникот да се прилагоди на потребите на старите. Зошто да не во зоолошка, преубаво е седењето покрај езерцето, не знам на кој не би му годело. Па уште и мајмуните ги ставиле на среде, импресии
И во летниковецот има кај да се седи, не е дека ќе стојат. Старите нека седат, децата ќе си играат околу.
Па реално децата нема ни да сакаат да седат, ќе сакаат да играат на тревата. На сите родендени во парк што сум била, никој не седеше, сите беа по тревата, и родители и деца. Ако има игралиште во близина, и таму ќе сакаат малите. Времетраењето сама си го одредуваш, колку сакаш, толку. Гледам иначе дека и игротеките веќе работат, со родендени и сѐ, особено оние што имаат отворен простор. Ама има и такви што прават забави внатре.
Сигурно има нешто што го интересира, јас би се водела по него, не по мои желби. Па според тоа побарај идеи на нет за торта и деко.
Извинете да прашам што содржи тортичка за градинка? Инаку преубава ви е декорација, да е жива и здрава лепотица
Ти благодарам. Порачав од али експрес како најлончиња со уникорн и ги наполнав со крембанана, мастики, бомбони, чокобисквит, лижалче и ги врзав со врвца и изгледаат како торбички. Долу се сокчиња.
Ги видов на некоја страна на фб сликиве,вистинска бајка Нека е среќен роденденот на куклата Ако не е тајна, колку чинеше декорацијата и што вклучува? Дајте некоја идеа на тема Џунгла, Сафари, засега имам само тањирчиња хартиени
Еве една идеа on a budget , кога не сум имала готови производи вака сум се снаоѓала Купи стикери/сликички со животни од Џамбо и сл., па ако не најдеш чашки, залепи ги стикерите на еднобојни чашки. Исто од сликичките можеш да направиш топери за мафини, крофнички, сендвичиња, залепи ги една со друга и измеѓу стави чепкалка. Можеш да купиш и од оние еднобојните хартиени ќесички за сендвичи од ДМ, па во нив да ставиш пуканки, смоки и слично, исто да ги украсиш со сликички. Можеш да направиш сама путер колачиња со некоја лесна слика поврзана со џунгла, некое дрво или жирафа, после печење да вметнеш во колачето стапче за ражнич, да декорираш со ројал ајсинг и да ги боцнеш на стиропор. Види и на пинтерест секако