Здраво, ќе ве замолам да ми предложите игротеки на отворено, објекти за изнајмување или слично, за славење детски роденден. За парк не сум, не за друго сакам местото кај што ќе славиме барем тоалет да има Претходно славевме во Детелина, ама колку што разбрав сезонава не работи
Здраво сакам да го правам роденденот на ќерка ми во зоо па дали некој правел таму да сподели искуство. Дали излегува скапо со пиење од таму? Ми кажаа дека се плаќа 3500 ден како изнајмување,храна моја а пиење од таму
Мајки уште неполн месец славиме прв роденден во ресторан, ме интересира што најчесто ставате на маса каде е торта од тие такви ситници за дечиња? И друго ме интересира во градинка што се носи за прв роденден дека сепак се мали дечиња нешто кашички не знам стварно или пак да прашам таму? Фалаа однапред
Го прославивте ли роденденот? И мене ми се допаѓа идејата за во зоолошка, интересно ми се виде тоа што ми го кажаа ама немам искуство од некој што славел
Nie utre ke castime vo gradinka i eve ja hartienata torta. Vo sekoe kutivce staviv coko banana, lizalce, Pez bonboni i balonce. Plus soleni stapcinja i sokcinja za site deca.
Генерацио @Мариаа. @Yowannty @Presrekna @Septemvri @Mia Fuentes @ocicka2014 до каде сте со подготовки за родендените? Лани некако набрзина и ограничени го прославивме родендените па сега што планирате? Инаку закажавме роденден со крштевка па сега да видам како би изгледале декорациите за таа намена
Спремна скоро готова Лани исто имаше фешта завршивме и со крштенка. Мерки почитувани сеуште не сме се заразиле со корона, ни гостите не се заразија тогаш од нашата мала забава. И годинава истите луѓе сме пола се веќе прележани, од другата половина вакцинирани 30%. Од лани периодов има повеќе заразени башка во затворено ќе го чекаме за разлика од лани. Но,беше закажано одамна кога немаше заразени толку, бранов го очекувавме Септември не Август малце ми фуфка баш ние ни прележани ни вакцинирани... Се надевам се ќе помине во најдобар ред.
Спремни. Прво одмор па на роденден. Лани скромна крштевка со 20 луѓе, сега втор роденден со 70. Сите вакцинирани, пола прележани. Се надевам ќе бидне се во ред Темата еднорог.
ние крштевката ќе ја правиме годинава. Кумата беше главна сестра на ковид центарот кај нас и неќеше да чуе за крштевка. Прво ради себе што беше изложена на "ризик" начекавме да попушти бројката. Истите сме на број и годинава + уште неколку пријатели од мм и никој сеуште не сме прележале корна. Ја разгледав цела тема, разгледав на Пинтерест имам куп материјал за идеи треба уште да почнам со подготовка. Мотивот на тортата ќе ни биде tuli од baby tv. Ништо без тули не правиме
Мајки ве молам за идеја за анимација на мали деца. Меркиве ни ги сменија плановите и сакам да им биде забавно во двор. Сум видела во парк дека прават големи балони, цртаат на лице... ама не знам кои се, кај да ги барам . Или изнајмување некои интересни реквизити. И некоја идеја за диносаурус тема