Фала ви женски Јад многу се возбудувам околу детски родендени.. повеќе се радувај јас мислам од детево.
Здраво, ми треба некој што изработува поклончиња за во градинка за роденден. Дека годинава нема да се слави роденден, па за да се почестат децата. Имаше пред некој месец едно девојче донесе со чоколади ама не знам од каде. Нешто слично на хартиена торта ама секое дете посебна кутија.
Зависи од буџет - крем банана, животинско, чоко бисквити, лижавче, блок чоколатца (оние малите од стокомак во ќеса што се), тортица, киндер јајце, животинско, мало ќесе мини плазма, пуц пуц, Цедевита бомбони….
Мислам дека во нив многу малку бери како што сум гледала, дњка во димензија се мали. @Цвет88 имаше скоро за малатс преубава и беше па може да ти даде совет.
Да, нашата беше малце поголемка. Имаше едно чоколатце(слично на животинско), крем банана, уште едно слично на крем банана, лижавче, мали гумени и блок чоколатце. Инаку кај нас носеа и во обични хартиени ќеси во боја.