^^И ние се мислиме каде да го прославиме 3 роденден на синко. На 10 декември му е, а како растат бројките се повеќе се плашам. Лани бевме само домашните во 2 термини ги поделив, дома кај нас. Ние сме прележани и вакцинирани, на работа одиме нон стоп со сопругот, синко во градинка. Значи секојдневно имаме контакти со луѓе. Ама на мисла ми е што ако направиме кластер роденден? Темата ќе биде диносауруси, дали некоја од вас имала декорација/торта на оваа тема?
Нема да направите кластер роденден бидејки сите живеете слободно. Исто тие дали дома или во игротека. Нека се радува дете во игротека со другарчињата баш сега се во тие годинки. Торти види на pinteresr има и теми. Мене ми беше мерак во игортека он си има и другарчиња од градинка ама нее момент за така кај нас. Најблиските во две тури поради мал простор. Тема одбрана, торта исто така дури и облека купена.
Јас планирам да го правам роденденот на син ми надвор на отворено, во парк, природа. Е сега син ми е поголем, во јануари ќе полни 9 години. Ама лани ради карантинот дома сами тројцата и бебето четворица го прославивме и беше многу тажен и не сакаше ни торта дури, се нервираше, си ги сакаше другарите, а тогаш баш ама сее беше затворено. Е оваа година ќе му правам надвор, му ветив, колку сака ладно нека биде, ќе изберам ден кога ќе има сонце и ќе го прославиме да се израдува сирот. Ќе поканиме колку другарчиња сака толку, ќе спремам јас се од дома, се и ќе му го исполнам ветеното.
Набрзо ни се ближи прв роденден и најверојатно ќе го прославиме дома бидејќи не сме вакцинирани. Сакам сама да си направам декорации и да украсам слатка маса на тема Мини. Ако знае некој од каде може да купам материјали на тема Мини нека пише.
@emkaemka Најсреќен роденден Не знаеш колку си ме израдувала со вториот дел. Мислев само мојов е опседнат со бубачки. Првиот пат кога рече сакам торта со бубачки бев во шок. После си реков ај има време ќе смислиме нешто пристојно
Зошто шок, битно е дете да се радува, јас дозволувам, ма какви фенси колачиња имав за мојот бдеј со скакулци, змии, жаби..
Се му е дозволено нормално и бубачки ќе биде темата ама црта и разгледува ... и стварно гадни бубашваби, бумбар лепешкар, смрдливка... тие ги зборевме последно кога спомна И стварно се ежам од бубачките што ги собира. Ги пика во тегли, кутивчиња, шишиња што најде и после дома ги носи и си ги чува. Му текнува па ги пушта скакулците (малку зашеметени) и му стојат на раце, он си ги гали нежно, другарчиња му биле. Пред некој ден братучетка му играше со него, доаѓам он ги пикнал неколку под јакна, ладно им било. Врискам дома по мм да утепа пајак он дотрчува не се плаши мама, еве јас ќе го фатам . И по гости брка муви (жената поцрвенува што и се собрале муви а мојов окезен леле колку муви има ). Кога ќе ми текне дека ти се жалев за пеперутките Туку луѓето на месечината се качија јас се туфкам да порачам од Али експрес. Кажете ми дали со вашата сметка си плаќате, кај што имате редовен прилив или имате посебна интернет? Да пробам да го подновам со бубачки за роденден. И аман видела ли некоја играчка болва? Секое влегување во продавница од врата е имате болва?; (Што сакаш тета да ти купи? -болва) а од дедо мраз оса чекаме. Брат му го слуша цело време па он бумбар лепешкар ќе побарал
Мора да ги упознаеме, ама озбилно, мојов нема другарче со ист интетес И можам да им го замислам муабетот Некст левел е мојов, ги собира за да го храни гуштерот што татко му ќе му го купи А татко па озбилно бара гуштерче Имам слика од летоска со едно 10тина хилихоптерчиња по него Ма се фаќа, ама па и умен е, за тоа што не му е познато првин прашувава дали каса А лепешкари има кај нас колку сакаш, редовно си игра со нив Порачувам со кредитна која е празна, ставам колку да нарачам. Буви не сум видела.