Ќе славиме 5 ти роденден после велигден.предлози за локација надвор..зоолошка ми доаѓа на ум па ако има некој искуство нека сподели
Ми треба предлог/идеја. На ќерка ми ѝ се ближи роденденот, а во градинка е забрането било каква храна да се внесува. Па дајте ми идеја што би можела да однесам да ги почасти другарчињата. Гледам другите деца носат хартиени капи, некоја ситница како венче, привезок, белегзија... Мене ми текна да земам по една мини сликовница или боенка за секое дете, ама не знам дали е добра идејата.
https://instagram.com/kreativna.kutija.za.deca?igshid=YmMyMTA2M2Y= Јас сакав нешто вакво за наредниот роденден. Интересни ми гледаат. Разгледај ги.
Не. Кај нас ваква одлука донесоа сега пред половина година, во октомври. Дотогаш се носеше спакувано.
Секоја градинка своја приказна, ме чуди што толку доцна го смислиле тоа, кога секаде веќе почнаа да носат. Ако дозволуваат друго(само да не е храна нели), можеш како што ти кажаа боенки, или земи од џамбо еден куп има такви за изработка, па нека се забавуваат.
Земав различни сликовници, фала ти. Може не го смислиле доцна, може доцна им текнало на тој дел од протоколот. Интересно беше што не можело никаква храна, ни пакувана, ама свирчиња можело. Па се бунеа родителите дека тоа е полошо од храната, ќе ги измешаат сите, каша попара ќе стане.
Па баш така е... Еве кај нас пазат на чашки, чуда,ама децава во двор си ги пробуваат лижавчињата едно на друго....
Супер идеа, јас си направив хартиена торта сама и внатре ставив онакви за правење балончиња за секое дете, крем банана, лижавче... живи радосни на тие за дување балони
Дечки каде има најефтини балони во скопје? Еднобојни барам црвена, сина и жолта боја, за снежана тема
На битпазар, шук импекс...околу 200-300 се 100 балони, ама не знам на парче дали давааат. Ова е најефтино последниов период што сум нашла.