Ние. На вкус се уште поубави, богата торта полна ореви, баш како дома да си ја правела. На изглед перфектна.
Може не е прашањево за тука, али не знаев кај да пишам, каде може да се нарачаат убави постапалки со достава во скопје
Meне Драгана од Куманово ми има праќано по карго и стигнале сите ко што треба. Пиши на ФБ Медењаци Куманово, Драгана се вика девојката, и вкусни и убави на изглед ги прави.
Значи маж ми го пратаив директ у каргото, пушташе моја пратка и да праша за колачите,му рекоа може. Оба кога се јавила и рекле а не носиме храна. Секаде каде што се јавувала истото и го кажале. Не знам зошто а и не сум ја прашала шо напраи. Иначе да, преубави се и тие медењаци куманово.
Не знам, не знам ни кое карго е најдобро, ваљда е до самото карго шо знам. Мене едната пратака ми ја доставија за 2 дена, другата за една недела точно. А замисли, иста населба беа. Среќа таа беше фина и трпелива а ја у земја пропаднав.
Правел ли некој роденден во игротеката „Морски свет„ кај Блаже Конески во Аеродром? Конкретно ме интересира за отворениот дел со педалинки што е. Исто така... доколку имате инфо за игротека на отворено во близина на Аеродром, Ново Лисиче, ве молам споделете. тнх
Јас дојдов само да ја испофалам нашата @Цвет88 за хартиената торта Во целиот хаос што беше успеа за нецел саат да ми го креира тоа што го замислив, достапна, префина и брза. И поевтина е од другите. Highly recommend craftastic_mk Исто да ги испофалам Secret Cake за роденденската торта, преубав вкус, декорација одлична и исто пристапна цена.
Аии леле се топам, ти благодарам за убавите зборови. Искрено секогаш се трудам да го извлечам максимумот од се.
Мене лично ми се незаменсливи Делиција, но и на Зафир ми се допаѓаат на вкус. Друго што сум пробала не ми се допаѓа. Пример ги фалат Моцарт ама мене ми е премногу на маргарин. Романса прават само еден два вкуса и премногу ми е благо некако. Но тоа е вкус, може на некој тоа што мене не ми е убаво, на друг да му се допаѓа.
Дали некој знае колку чини продлава на роденден во Киндерпарк? И како се движат ориентирно балонските аранжмани, оние со обрач?
Грчка и киндер, ама и сахара мислам е убава. Се е до вкус, мене нутела малина не ми се свиѓа, ама јас општо не сакам кога е повеќе на чоколадо. @Трепетлика ние во киндер парка славевме прв. Си има мени, пример што од храна која цена, пијалокот е плус, за деца беше од 200 па нагоре по дете и мораше да се одреден број на деца(не ми текнува колку беше) и да дојдат 3 пример мораш да платиш за 15. Родендените се од отворен тип. Може кој сака од надвор да влезе. Храната е топ. Ама не е баш како класична игротека.