Пиши на ФБ Анимации, декорации, ќе излезе нешто ќе им пишеш. Ама јас патролни стварно никаде не сум видела.
Дајте идеја за б-деј на отворено? Лани славеше во морски свет ама за 3.500 закуп а сега 4.000 премногу запуштено и прљаво ми делуваше. Досега само торти од Канела сме имале. Погодувале на изглед и вкус. И не ми се експериментира. Ама не е лошо некој предлог да дадете. Романса не ми погодиле декорација, мислам дека се послаби од канела. Аромати и Делиција не.
Тешко да се најде некоја слаткарница да е погодено и вкус и декорација. Моцарт и Романса секогаш ми правеле преубави декорации ама на вкус слабо. Ла крем досега ми погодиле само ама па и декорацијата не беше нешто комплицирана. Скоро ја открив Secret Cake во Кисела вода, многу ми се свиѓаат сите вкусови и декорацијата беше одлична ама исто не беше ништо комплицирано, така да за тоа не можам да гарантирам.
Јас лани за прв роденден земав од Романса вкусот беше влашка јас сум презадоволна и од декорација и од вкусот. За Делициа, Сахара, Ѕвездена ми се ок на вкус.
Во зоолошка или во некој кафич или на отворено и аниматор да викнете. Игротекиве претежно се затворени. Плеј и Авантура има надвор за возрасните.
Стварно не ти се свиѓаат Моцарт и Романса на вкус? Мене ми се најдобри. Ама ствар на вкусови Моцарт ептен се занесени , па и не враќаат на пораки. И цените се високи многу. Романса па мораш да им отидеш цена да ти кажат 21 век сме.
Кај Александар едукаторот ќе се јавиш, имав и број, ако го најдам ќе ти го пишам Во главно, понудата е 2500 само влезници, шетање и летниковец, плус по 1500 мислам беше е возење на вовче и хранење на жирафите. Се е 5500. Можеш да си донесеш храна во летниковец, а можеш и со пицеријата дополнително да се договориш. Ние имавме закажано, ама бидејќи врнеше многу периодот, го откажавме. Едит. 071 269 546. До 16 часот
За ЗОО од кај нив. Јави се и распрашај се. Имаат различни пакети и тие. Се плаќа по дете мислам со тоа што е поскапо ако хранат животни (последно жирафи хранеа), ако се возат со воз (ова се доплаќа на лице место) и слично. Други опции се паркови со аниматор или без. И последно исто бевме во Евросет на роденден. Има мала игротека надвор. На децата им беше забавно, ама беа помали деца. Мене Романса ми се најблаги тотри што постојат. Дури мака ми е кога ги јадам. Делициа ми се пудингести. Другите ми се горе/долу ОК. За роденден и јас не бегам од Канела. Еднаш нарачав од Перфето (лешникот ми е врв) и ептен ја бендисав јас тортата, ама за следниот маж пресече пак Канела.
За торта ќе имаш мака. Баш тој период кога се родендение на нашите дел од слаткариве користат колективен одмор. Перфето знам сигурно дека секоја година се јавувам. Ла крема стварно имаат убави декорации, ама јас еднаш пред повеќе од 5 години нарачував и на вкус не ми се бендиса, незнам дали се поправиле во тој поглед. Канела не сум нарачувала. А за Романса мене многу убаво ми ги погодија тортите за мали. Три години нарачував кај нив ќе побарам слики да ти пратам да ги видиш (тоа што пратив на слика, тоа добив). Само лани беше Делиција, ама на вкус мене ми се млитави, многу кремасти, јас сакам јака торта. Зоо не ти е лоша варијанта, ама рачунај сред август пред 7 не се излага, а они до 7 работат. Јас како опција ми е како и за првиот роденден во Гринхаус. Сега од градинка не канат на роденден во Тениската академија во Аеродром кај хотел Русија. Наредна недела сме па ќе споделам зошто и јас го мислам ако е ок таму да организирам оваа година. Вака на слики ми фаќа око. Друго мислам и Мондано во Ј. Броз гимназиајта може да го видиш иако таму мислам со цени малку забегале.
Грин хаус уште е на стара локација? Како да добијам понуда од кај нив? Романса се на колективен за на синко б-дејот, а Канела се тука . Ау да, зоо нема да работи а ние обично после 19ч. го закажуваме дека е пекол