Викам да си прашам да не има некој протокол, а ич не можам да се сетам на родендениве кај што сме биле. Добро е ми олесни инаку слаб избор ќе беше Туку што е со слаткариве и цениве. Фонданот мислиш злато плаќаш
Тортите со фондан биле отсекогаш поскапи,тежок е за обработка и формирање,ама пак поубаво е на изглед. И јас бирам тоа што ќе ме бендиса. Да не те прочитав тебе, појма ќе немав дека некој воопшто гледа на тоа.
Мајки ве молам предложете ми игротека за славење роденден да има и отворен дел за возрасни? Ви благодарам
Изгледа втора година по ред нема да имаме класична роденденска торта. Лани по желба на Пупче се служеше трилече, а годинава на ум му е да „дува“ свеќи на вафли Првите 2-3 години, кога бирав торта јас, се припаѓаше во несвест, кога само ќе ми текне , потоа раат бевме со тортите на Делициа со фотографија по избор на синко. Кај и да е треба да го вклучам апаратот за вафли Најбитно е тортата да му се допаѓа на славеникот, другите кој ги прашува
Да да доставуваат, ептен се коректни и точни. Откако ќе заврши прославата може да се договорите да ги подигнат даските или поинаку како ви одговара. Храната е превкусна и исто е како на фотографиите. Ги препорачувам.
https://www.facebook.com/Ketering-DRMUN-414294716044879/ повели. Нарачавме храна во даски за 35 лица, плативме 8400 ден, дел од храната ни остана и си ја дојадувавме во текот на наредните дена. Одлични се.
Марта тоа е многу добра цена, ние во март за роденденот на малата исто во даски кетеринг плативме 500 ден мени од човек. За 25 лица 12.500 плативме. Дефинитивно ќе ги имам во предвид за следна прилика. А и убаво изгледа храната на сликите.
Види ги Кловнот Лили, Анимација Бмбино, Маскоти и анимација. Сите овие имаат Мини. Јас дека сум во потрага во моментов па ги открив овие што го работат тоа.