Анимација ЛалаМики. Ми е криво само нема да прават фигури од балони, девојчето што ги правело е на одмор изгледа. Ама другово што комуницирам ептен фино, ми даде предлози што и како од искуство е позабавно за децата. Само немаат они суперхерои и слично аниматори туку зајче и кловн, ама зошто мојов не е по суперхерои изборот ми е сведен на кловн . Како и да е мене ми е битно да има некој што ќе ги анимира, диско/миско забавни игри, да не треба да трчаме ние по децава.
Женски што ставате за јадење посебно на летниве родендени? На малово до сега со ковидот во двор правевме со блиски па гледав да пројде и како ручек. На поголемиот зимно време му е, носев салата, кифли, пецива, сувомеснато ама сега за на отворено на топлово стварно немам поима што треба да земам. И за пиење што носите вие што имате искуство со мкнење на се
Јас само грицки, пици и даски ама со похованици и пилешки прсти. За друго ми беше шубе на топлово. За пиење не знам зошто ни беше организирано.
Јас до сега што сум била на детски родендени обично само пица има, и за крај секако торта. Ова и за возрасните и за децата. Некои пренесуваат и грицки, т.е соленки и смоки. - вака е во игротеки, а за дома кој што желба си има. Ние дома ќе го славиме и планирам да направам една чинија со варени јајца, сирење, маслинки и чајна, салата со павлака (со краставица, шунка, сирење и нз што друго идеше), кифлички, и веројатно некоја скара, ама навечер ќе го славиме и скоро сите се возрасни. За децата ќе пренесам пуканки и смоки. ... Дури сега прочитав дека ќе е на отворено, ама мислам дека нема многу разлика. Можеш и само со пица да поминеш. За пиењето веројатно си ги познаваш гостите кој што пие. Кај нас ќе има пиво и можеби ќе земам џин или узо (ќе се консултирам со гостите), секако и некое шише кока кола и швепс, кисела вода и за децата сок по нивна желба.
Јас па сакав да прашам како да ги врзам балоните? Сите ли организирате од цвеќара да ви ги направат или сами си ги врзувате?И колку балони отприлика се доволни? Нешто пример овака, само што не планирам да има премногу балони.
Јас го имав истиот овиј сет порачано и премалку балони имаше и доста докупував. Иначе јас сама си декорирав и вака испадна . Јас си ги лепев малите имаше како трака лепенки мали , кои лесно се лепат. Шо знам, прв пат досега декорирав сама и солидно испадна.
Се лепат едни за други? Јас не планирам да порачувам, ќе изберам веројатно 2 3 бои (или зелено со жолто или сино со бело), па ќе пробам да ги изврзам или залепам.
Ако најдеш ваква трака многу лесно ќе ти биде, ако не ќе преплетиш конец низ нив. Ќе држи 100%. Проблемот е да имаш на шо да ги прикачиш.
Јас ваква трака и лепенки порачав од овде и ногу практично и лесно ми испадна. https://mystoremkshop.com/product/лента-за-декорација-на-балони-5м-лепен/ Само ако порачува некој нека си порача по 2 или 3 за повеќе балони да можеш да си сврзеш.
Јас имав порачано лентичка и лепенки, но поради сплет на околности не успеав да си ја земам пратката и морав да импровизирам дома. Ги спојував по 4 како форма на цвет и потоа со други 4 исто споени ги врзував со конче. Има туторијали на youtube, лесно е.