Јас со локално кафанче се договорив и ми спремија се, само ги земав и однесов каде што славевме, ама се ми беше блиску. Инаку можеш да им пишеш на оние кетеринг Јо-ка имаа пристојни цени, че ти каже жената. А опција ми беше и костарика, они имаат и даски и достава и пици.
Лента за балоните имаш во Џамбо. Бар лани јас од Џамбо земав. Секако со неа ќе ти излезе потенко од ова на слика, па балони ќе си долепуваш додека стасаш до посакуваната ширина за декорацијата. И кај нас Дино парти беше во најтесен круг за тема, ама пошто последно време не ги игра диновците толку, а е опседната со планетите и со соларниот систем, темата беше Outer Space Bday Party ако некому треба идеја за вљубеници во вселената. Скоро се е од Амазон и чајна шопс низ град. Diy. Backdrop нарачав намерно поголем за да можам потоа да и го ставам на ѕидот од креветчето каде спие. Таа беше пресреќна, темата погодена.
@karibian ние од кафанче едно кај сити мол, ама братучед е на маж ми па ни ги донесе до игротека. 1200 е голема даска и богата е навистина. Инаку другарка нарачуваше од Јо ка , имаат бургерчиња, пици мини, хот дог , даски со месо и похованици најди ги Дрмун исто ми пратија ОК понуда , тука некој ги фалеше. Костарика имаат гратис достава исто . @Minnie-e ние даски похованици, пици, мајка ми направи кифлички и пирошки, зедов руска салата од КАМ . Докупивме и пилешки прсти оти и дечињата земаат а и најдобро мезе е за со пиво. Мислам Ок е вака и за возрасните и за децата
за 100 еу чуда правеле. така вика женава. можеш да им пишеш од прилика што сакаш и за колку луѓе и ќе ти кажат конкретно...
Даска 1100-1200-1300, зависи со што. За 5100 цела маса - даска, кифли, крем салати, мини пици. Пиши и на жената ќе ти каже се што те интересира.
И јас да ја пофалам @Цвет88 за хартиени торти и кесички. Направи баш како што имав замислено. А не беше баш едноставно со готова сликичка од нет. И тоа за рекордно време.
И јас се приклучувам кон фалбите. Јас само кажав тема, а добив одлична идеа и изведба. Многу убаво и квалитетно изработено. Браво @Цвет88