Здраво мајки Девојчето на другарка ми ке полни 9 години, големи се за во игротека и реши да го прави на таван кај нив...не замоли со една другарка да смислиме игри барем еден саат да ги анимираме,на што ние без размислување прифативме. Ама сега како се ближи роденденот, немаме баш идеи за игри кои ке им го задржат вниманието.Ве молам вие кои се сеќавате на некои игри од игротеки да ми пишете.Благодарам
Имате ли искуство со Cake Boutiqe? Гледам нема коментари на страната на фб, а имаа многу убави декоративни торти. @ariel30 може пантомима, твистер, реално големки женски се, би требало да пуштат музика и да денсаат или пак сами да си најдат занимација, направете им модно шоу, со шапки, шалчиња, марами, штикли, некоја преобразба или пак онаа играта со столчињата и со музика
Ваква свеќичка? Не знам дали добро се гледа на сликава, оние што се како цветче и се отвараат кога ќе ја запалиш.
Ajde mala pomos kazete mi nekoja igroteka so restorance ili lanc bar vo sklop na toa za vozrasni.Ke slavime 7 rodenden ama dosta deca i vozrasni mi se sobiraat.
Мене за торти најубави ми се на Перфето вкусот незаменлив и со цени ок. Препорака за една понова слаткарница кај Американ Колеџ, cakehouse.mk ги има на инста и фб,тортите им се со нормални цени,и на вкус сите што пробале се презадовлни,тежат од фил јас видов парче пресечено.Мислам дека газдарицата има работено фо Перфето.Јас само слатките и еклерите сум им ги пробала ,а следно планирам за роденден од таму да нарачам. https://www.facebook.com/profile.php?id=100075551062528
Здраво мајки,сакам за роденден да викнам магионичар,дали имате искуство со такво нешто и да ми предложите некој
Само мала сугестија неповикана да дадам. На последениот роденден (пред некоја недела) кога бевме, мајката чуреше од нервоза пола роденден. Цел ден од слаткарницава не им кревале на телефон, и во последен момент ја донесоа тортата. Колку што можев да видам името на едното дете беше згрешено. Вкусна торта ама не би се осудила никогаш да нарачам од таму.
Дами, каде има да најдеме оние што се хартиените кутии да ги кажам за пуканки со биби и боби? И балони , ма се што има боби и биби?
Никаде нема готови, едино ако има нешто кај нив во продавница. Заштитен им е ликот, а и сликите на нет се заштитени. Се убив од барање слики, имав направено торти, ама не ми се свиѓа квалитетот ич. Гледам другите лупаат било каква слика, пример слика од плишаната играчка, а јас не сакам да ставам такво, не ми изгледа убаво.
А оние што продаваат пуканки па кај наоѓаат? Ако ги прашам ваљда ке ми кажат? Треба да прошетам и во магацините на бит пазар може ќе најдм нешто…
Не сум видела, прашај ги нив да ти продадат, јас лани купив од парк. Они ги зимаат некаде на големо, каде прават големи тиражи, така да е сигурно некоја принтерница што изравотува таква картонска амбалажа.
Мајки од Скопје препорачајте ми некој што прави декорации за детски роденден од балини, исто препорака за хартиена торта за во градинка
https://instagram.com/rodendenvoboja?igshid=YmMyMTA2M2Y=, Мислам дека имаат се што бараш и пристапни се цените