Добровечер, Ве молам препорачајте ми слаткарница за путер колачиња, како забчиња што прават, а да не е парче 120денари!? Порачува ме нааајубави стапалки од една жена дома што ги работи но, за роденден во игротека ни бараат декларација. Се јавив во Делиција од 120-150денари е едно
Види слаткарница cake house ,летото порачував беа 50 ден парче ,сега не знам колку се. Кога сме веќе тука порачав торта од истава слаткарница пред некој ден за роденден на големата и тортата беше преубава ,полна со фил,изработка топ иста како сликата што ја пратив,30 парчиња за 2.500 денари. Моја препорака ,ќе нарачам и за малата сега само друг состав да видам.
Знам, ама не кажа, па да не ти кршам филм Кога размислив јас и со право, не е баш едноставно и се до нивната радост Имам по дома камелеон да дојдам да го презентирам
Кажете ми добар кетерлинг во Ск за роденден? Ем вкусно, ем избор да има. До сега не сум нарачувала никогаш.
Здраво. Барав низ темата, но не можам да најдам никаде инфо каде да најдам декорации со Елса од Frozen? Мислам на хартиени капчиња, тањирчиња и слично.
Провери во аџико. Мислам дека гледав нешто а и хари компани на битпазар. Не може да се најде кај нас баш се се комплет, освен да се изработи.
Само да споделам негативно искуство со анимација Лала Мики (од инстаграм). Вчера ќерка ми славеше роденден и бевме уште од пред три недели договорени дека ќе дојдат. Пред една недела се јавив да потврдиме и пред три дена повторно им пишав за вчера на роденден воопшто да не се појават без никакво известување… Пишувам зошто погоре низ темава гледам дека се споменати, па сакав јас лично да го споделам моето негативно искуство со нив.
моето во март ќе полни 10 год и се двоумам меѓу игротека со ланч бар ( еден дел е игротека а другиот е кафетерија и простор за јадење као демек за родители или кој и да е) или клуб ресторан.