Планетариум, ЛасерТаг (за ова треба да процениш дали се доволно големи или не зависи од групата на деца), игри без граници во спортска сала. Ако се помалку деца може и ТинкерЛабс (прават интересни научни експерименти).
Речиси идентична ситуација имаше тетка ми за роденденот на братучедот. Договорени од пред една недела, се потврдено. Не се појави никој, неколку пати им ѕвонеше на тел, по шо телефонскиот број и беше блокиран.
Страшно… Ми пишаа дека имале некој здравствен проблем што е тотално разбирливо ама да пишат човечки да откажат… Детски роденден е во прашање. Како ќе му објасниш на тоа дете каде е аниматорот на кој цела недела се радувало?
Спортакус ортганизираат. За пролет/лето е супер опција. Нас ни беше една од опциите. Ама зимски ни е роденденот и ни беше страв да организираме. Треба да се изнајми сала посебно, па нив да ги викнеш. Е салите дали ќе бидат загреани или не ни беше прашање и се откажавме. На крај роденденот го прославивме во Jumping Clay.
Емка, ако може да ми кажеш што имаш спремно освен канапеите и месеното за да добијам идеи... Сакам и јас сама со помош, да спремиме за прв роденден ама мислев овал сувомеснато, овал млечен, микс уштипци/стек и поховано, месено, ама вака подекоративно ми личи. Од каде купи овали или твои си беа од претходно? За декорација Синоличка искуство?? Јсс со време ќе резервирам и смислам,а цените се крш... Под 30е не најдов мени со пијалок. Ќе се закупи простор, со наше се.
Овалите се мои, се на масата е мое. Од јадење има: Кифли. Банички. Мали пици. Мали сендвичиња (лепче, путер, чајна, кашкавал, краставица, мајонес). Ролат со спанаќ (сечен на коцки и одозгора чечкалица за полесно зимање). Ролат со ајвар. Солени бомбици со фета сирење. Ќофтиња. И кикирики. Декорацијата е моја, не сум чула ни за тие Синоличка..
Јас ќе ти одговорам исто таму закажав за роденден за малата. За јадење планираме сами односно мајками и сестрами ќе ми спремаат слично како коко што ти пиша. А за декорација види ги роденден во боја на инстаграм. Убаво а океј цени ми понудија, од таму ќе биде нашата декорација.
Мајки совет и мислење за прв роденден дома? Не сме комплетно одлучени и затоа барам искуства про и контра .Најмногу заради славеникот што е рано спијач, а роденденот е во работен ден, па мораме да го организираме после 16ч. Вака би биле дома дува и нека спие Живееме во семејна куќа дополнително инфо
Ние правевме дома. Про: многу заштедуваш, посебно ако си декорираш сама, ко ние шо закачивме некои балони. Против: многу ќе се изнервираш ако утнеш некој балон како ние хахах. Ми беше напорно само чистењето отпосле. Дете си заспа, ние си продолживме со гостите