И ние правевме дома. Најблиските. И јас ни беше сред недела. Ги собравме после работа. Пар балони нарачавме од балон твистер. Скара, салатки, ручече фино. И мојата заспива рано ама издржа до кај 21. Јас ја успивав, маж среди и сабајлето ко да немало никој. Уште ако имаш дворче би ти било топ. Јас паѓам во искушение да ја лажам дека роденден и е во август само за да правиме во двор а не во факинг ноември
Зависи колку гости ќе имаш, возраст и буџет. Јас сум секогаш за надвор ако финансиите дозволуваат. Ни да чистиш пред гости, после гости, ни да служиш, туку да си седиш и да славиш. Декорацијата и надвор можеш сама да си ја правиш.
Мене најмногу ми зависи од гостите, колку се, деца има нема, колкави се. Ако сте само најблиски и нема мн деца или се поголеми тогаш може и дома. Нашиве сите се со деца и тоа на возраст 3-6 години (повеќе од 10 деца се) немаше шанса дома да ги примам, куќава наопачки ќе беше и ќе требаше аниматор да ангажирам, па правевме во игортека најмногу ради нив. Да ми беа само возрасни со 2-3 деца ќе правев и дома. Мене ми се поубави такви интимни собиранки, ама ако имаш повеќе гости само надвор.
офф не, не нарачував од кај мене туку од кај сопругот, затоа го немам, иначе памтам дека имаа одлични понуди за пристапни цени, ние за крштевката нарачавме од таму, храната беше превкусна, убаво декорирано, многу бев задоволна, сега на колешка за роденден на малиот баш и ги предложив и она беше исто доста задоволна
Detevo mi prai 2 god naskoro. Sto se dava obicno vo gradinka posto nema da gi vikame decana od grupa mislev smukalce kinder jajce i use neso da im staam. I vo sto gi pakuvate vakvite pokloncinja
Исто правев сега за 2 години за градинка,шмукалче од тие од дм,чоко бисквит и лижавче,тоа во моментот ми текна.Ги спакував во ќесите од ДМ што се тие книжените за сендвичи им залепив по еден стикер на нив од тие самолепливите и ги врзав со лентички,се сама направив.
Кај нас во градинка добиваат многу интересни работи. Ситници ама убаво спаковани. Јас за првиот роденден им ставив мини киндер чоколадо, шмукалче и по една мини книга. Ама зависи колку деца се, кај нас се помалку па и трошокот е помал Еве ти неколку идеи:
Дечки дајте идеа за околу 25 возрасни за во игротека колку јадење, што, како би ми било ок? За трет роденден не сум правела до сега во игротека.
Здраво. Некој да не има искѕство во зоолошка, кај бродчето? Кафичот веќе не организира родендени преку викенд. Девојчето ќе ми полни 8 години.
Да ми предложите аниматори за деца и маскоти за детски роденден, за помали деца се работи од 3-7 години? Однапред благодарам
Мајки може совет,другата недела ни е роденденот и се мислам за во градинка дали да нарачам хартиена торта или да однесам вакви кутивчиња (како на сликата) и да си ставам во нив што мислам? Кутивчињата ги имам веќе само не знам дали ќе ми стасаат немам прашано колку дечиња се... Ама сепак би ми значело ваш совет и искуство.
Однеси си вакви баш се убави, јас пошто не можев да најдам вакви (од кај ги најде) во хартиена чашка и по 3 стварчиња ставав и ги завиткав.