Кога има гужва, лизгаво е, има вода, ризикот е голем. Двајца родители да почнат муабет, и да погледнат на страна може да бидне беља. И детето може да се повреди ако падне, може и да повреди друго дете. Син ми сам се бања па знае да се лизне на газе од брзање.
Ќерката сака да прави пул парти. Со оглед на тоа кој хаос го прават моиве сами, реков максимум уште 3 други. Повеќе не се нафаќам таа одговорност. Ем децата би биле две 5 и 6г и останатите 8г. Едно да побара во веце да оди го губиш веќе од видик и опасност да се лизне како што пишаа, или додека им покажеш каде е истото ги губиш другите од видик. Дополнување храна и пијалоци ако расшетуваш пак исто. Сушење, пресоблекување кај малите… Идејата е супер но за реализација мислам треба да е далеку помала забава од онаа во игротека. Не знам колку деца имате покането?
Околу 12 деца се. Најголемиот е 8год,другите се сите генерација и едно помалечко 2 год. Не знам.. стварно е така со сушење и се' друго.. а мислев и помал базен да има... беља.. или ќе треба ептен прецизна организација да се мисли на се ,или ништо од планот...
Здраво јас имам уште едно прашање да не знаете кај може да најдеме маскота Спајдермен и дали можеби знаете како се движат цените за таа услуга?
Кај нас во пп почнаа да прават родендени во ресторани со базени или изнајмуваат вили со базенти. Баш дете беше поканет на роденден кај другарче од школо но не појде бидејќи има бронхит. Поканети сме и во август на таков роденден. Родителите си ги пазат децата. Но и мене не ми е безбедно да се капи сам. Бидејќи се големи, длабоки базените. А тој не знае да плива можи и со гума, мускули пак беља да се направи. А возрасни во него не влегуваат... И да влегуваат можи и тие не знаат да пливаат. Како јас. @Мариаа. Мали се дечињата само мали базенти и плитки.По 3-4 деца во базенот и секој родител ќе си го гледа детето. Убава ти е замислата.
@Мариаа. Види временска. Лани јас така се улетав на отворено у август нели пекол е. Абе почна да истура коа стигнавме, прекина на одење. Налет, реков отворено више ноу веј. Ќе треба екстра добра организација за базениве ама зашо да не. Ако имаш нерви. Јас ги немам, затоа годинава идеме у игротека. И се слагам со дани дека 12 се ту мач за замислава.
Може ли да сподели некој како му излегла сметката за пијалок и простор за околу 30 возрасни во игротека Мојот Свет, се мислам да закажам роденден па да планирам буџет. Тnx
Здраво, сакам да си направам сама декорација како на сликата, во смисла пано(позадината) и балони. Прашањето ми е, кај да најдам таков тип на картони, таа големина и исто така и од тие траките за нижење на балоните каде би можела да најдам? Секој tip and trick е добредојден❤️