https://instagram.com/trambolina.mk?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Eve moj predlog. Bev na rodenden kade sto ja imaa iznajmeno. Site deca cela vecer tamu se vrtea. Lugeto sto ja iznajmuvaat si gi animiraat, ni da vikas ni da trcas po decata. Mene mi se dopadnaa
Едно прашање: На дете му е роденден за неколку дена, лани честеше на училиште(сокче и мини чоколадо) и плус на учителката кафе и мини торта од оние во маркети што ја продаваат. Но годинава сум кнап со пари. Дали ќе биде срамота ако не ги почести децата во школо, да му даде само покана за на роденден.
Ништо не е срамно ако е исправно. Кај ќерка ми во одд едно дете никогаш не е частело само на роденден ги вика,а што се вели лежат на пари но ете мајка му не мари итд. Не е ништо срамно ни страшно
Не е срамота. Има многу деца што не частат за роденден во школо. Има и такви што воопшто не ни обележуваат роденден со деца од школо.
Здраво.. на син ми сега му е роденден му закажав во игротека но до сега не сум славела по игротеки ме интересира што носите за таму бидејки во игротеката само просторот се изнајмува и пијалоците од таму а се останато треба да купам и да однесам.. Вие што сте славеле што сте носеле за децата? Да напоменам дека се второ одд..
Се зависи од твојата желба и финансии, нема правила. Дали ќе имаш деца само или деца и возрасни? Најчесто носат пици и грицки и за деца и за возрасни јас спремам крем салати, ордевер,кифлички, разни печива ама тоа го ставам како на шведска маса кај возрасните кај децата само грицки и сокче. Моите деца се мали за 2ро одд може пица пресечена на помали парчиња.
Идеа што да купам за 2 одделение девојче за роденден. Мислев некој комплет и плус џиџи миџи за школото
Мајки ве молам за мислење. Прв пат правиме роденден во игротека а до сега во игротека само на 2 3 родендени сме биле па многу немам идеја. Како правите за возрасните мастите ко Шведска маса или на маси сервирано за со седење? Немам многу дали 20тина но немам идеја
Син ми ќе полни 4 год. Оваа година го прашав каков сака да му биде роденденот,му набројав херои,ликови од цртани итн,одбра Карс. Бидејќи е поголем мислев да викнам маскота некој суперхерој. Мм вика дека е глупаво да дојде Бетмен затоа што роденденот е со Карс. Со оглед на тоа што нема да има слатка маса(или ќе има нешто ситно) бидејќи ќе бидат многу дечиња,само од роднини се околу 15 плус во градинка ќе пуштам покана. Се мислам да му нарачам пињата. Мислите дека е добар избор? И ако имате препорака секако пишете од каде да нарачам(ги контактирав Моја пињата на фб). Исто така ако сте виделе реквизити за роденден со Карс пишете кај има.