И јас сум во голема недоумица, за 7 години. Театар е зафатен до нова година, не сакам игротека...планетариум имаа сега од клас...
Ќерка ми правеше во Киносенс 7д, им беше интересно. Од одделение беа и во jumping clay исто им беше интересно. Во куглана, ласертаг...
Да изнајмите простор во кафич некој и да викнете магионичар или аниматор, кловн? Јас со некој таков план ќе сум за наредниот на синко (исто 9 ќе прави, но во април). Минатиот славевме дома, имам големо празно поткровје и викнав кловн (играа куп игри - со јаже, вреќи, јајце во лажица носеа, дрвено , пееја на микрофон, играа на музика - им покажуваше чекори кловнот), и сите беа пресреќни и викаа дека тоа им било најубавиот роденден до сега Девојчето беше врв, преубаво ги анимираше!
Интересно, мислам ќе биде воодушевена од мини диско. Утре ќе им барам понуда, да видам што се се нуди. Бараше и она дома ама нема шанси во стан да дозволам такво нешто. Девојчињава се малку подруги од машкитe или пак тие од класот и се погодија така, нема баш да им биде по кеиф со кловн. Малку си се
@Nala37 Периодов сме речиси секој втор ден на роденден кај деца на таа возраст (8, 9 год). Кафич со диџеј(ка). Баш беше интересно. Им пушташе хитчиња, шизеа, имаа караоке. Диџејката им подели бројче на сите (ако сака некој, ќе му го дадам). Бевме во/на тераса Лагуна, после затворот Идризово. Како мини коњички клуб, свртеа круг два со коњи, после си играа на "терасата". Љуљашки, трамболина, лизгалка. Фино и за возрасни за седење. За некој ден во Мондано плејграунд. Таму изгледа ќе биде лудило, 100 жетони за игра ќе имале Тоа е нешто шема Дежаву, само далеку поголемо. Два родендена се славеа во Ласертаг и во адреналинскиот парк во Карпош.
Едно се планира, друго искача. Планираме роденден а она заврши со бронхоплевмонија. Боледување две недели. Се одлага планот за роденден. @PUPICA ти благодарам многу, супер идеи сите до една. Мислев нема кај да се слави, сега искрено не би знаеле кај да го славиме.
За тие што се летни/рано есенски родендени мислам дека до кај 10 години родендени на отворено се најдобра опција. Сега бевме на неколку надвор во паркови (што Градски што пред згради) и се изнаиграа деца. Имаше на трите аниматори едно сааат време другото беше слободна игра. Сме биле и во Адреналински парк и таму супер поминаа, ама тоа е поскапа опција. Мојот е роден во зима и опции интересни нема многу. За до кај 7 години игротеки се ОК. Потоа не се веќе зашто децава се големи иако играње сеуште ги интересира и игортеки со големи трамболини, карпи за качување и слично на пример би биле идеални. ѕ Лани славевме во Jumping Clay И ОК им беше. Бевме и на роденден во Public Room И за девојчиња тоа беше ОК, ама на машките им беше досадно и се убија од трчање бесцелно (за малку магионичарот ќе го убиеја буквално). Можеби не им беше погоден изборот на анимација знам дека таму имаат различна анимација. Кино е ОК опција ама сеуште се дел од нив немирни додека траат филмовите. Сега бевме и на ЛасерТаг роденден и мојов сега сакал таму да слави. Ама јас имам огромен проблем со тоа што е пукање. Имаме време до роденден, ама освен ЛасерТаг опции ми се театар и кино. Друго не знам што би можело да биде. Детево не сака планетариум (два пати беа од школо до сега). Инаку има и опција за ТинкерЛабс ама нас многу деца ни се собираат за тоа.
На муабетот за Public Roоm чекам инфо да ми пратат за организација. Кои од активносите ги имаа на роденденот што бевте? Мене ми е за машко славеник, ама немам веќе избор па да видам и таму сакам.
Ми пратиле понуда денес. Има жонглер, ДЈ за деца, работилници за накит, театарска претстава... секоја активност се плаќа посебно, може да се комбинираат што ми е супер. Малку не ми се допадна што наплаќаат за наем на просторот. Секако храна и пијалоци од кај нив би се нарачувале. За таа цена подобро би ги однела во адреналински парк искрено.
Ок се, но изнајмувањето на просторот ја крева цената многу. Види во Мондано, ми пишаа и тие, супер понуди со супер цени .
Што е тоа и каде е тоа Ласер таг? Какво пукање? И јас тоа ич не сакам, ама малишан би, па да знам како опција. Планетариум како тече роденденот? @mariz дај број од кловнот. Скоро бев на бдеј со кловн и беше малку така очаен.
https://instagram.com/flash_gamecofe22?igshid=MzRlODBiNWFlZA== во спат и ова еве го да ви се најде тука, ми излезе на инста. Кловн Лили иначе. https://www.facebook.com/tikvicka.igroteka?mibextid=ZbWKwL Имаат и маскоти и други ликови, па како сакаш може да дојдат облечени. Јас кловн баш одбрав и дојде девојче едно. Со неа си носеше реквизити, голем звучник со микрофон, моделирање на балони (исто си носеше) и ја платив 2000. Ама децава беа анимирани од почетокот до крајот, преубава забава им направи. Игри разни прво почнаа, потоа караоке и играње на музика, им покажуваше чекори на макарена и други песни и сите исто играа и беше презабавно, на крај и балоните и остана и на дување на тортата..
Баш неодамна бевме на роденден каде дојде девојката (кловн Лили) , беше Ариел овојпат , преубава забава им направи на дечињата (мојот од тие бега ко од ѓавол , никогаш не сме викнале аниматор ), ама ми падна во очи колку се трудеше девојката