Па добро има повеќе активности со по нормални цени. За просторот ти пишав дека и мене не ми е ок. Како да правиш свадба во ресторан и плаќаш и за просторот . Им пишав дека ми е нон сенс, не ми вратија веќе .
Перфето што вкус да препорачате? Ла крем некоја фалеше Орео или? Не можам да го најдам мислењето, а читав некаде, нешто.. Мојов би Реибоу од Зафир, ама ќе смислам нешто дека не прават веќе таква
Перфето - жарбо Ла крем - јас фереро ја препорачувам, ама ете @Mandela и @Skyler орео ја фалат дека била многу убава.
Омг таман се одлучив од кај нив да нарачам А да не знаеш Аромати дали имаат достава? Малтретирање ми е од Карпош до Аеродром истиот ден да одам,ми треба сами да ја достават.
Јас кога нарачував август немаа Можеби биле одмори , ама сепак мислам немаат и Канела нема само до 16ч. т.е .
Знам од канела сама си ја зимав, плус ден порано бидејќи не работат во недела. Делиција лани ја доставија,но многу се скапи годинава.
Ти кажале веќе ненправи перфето досрава воопшто колку што знам. Ама да знаеш за недела никој не доставува ни делиција, ни ла крем.
Стварно овие не се нормални со цениве и мене ми пратија понуда,боли глава.Со тие пари за изнајмување викенд ќе уплатам за 4-ца И јас не знам со поголеми каде да се слави роденден. Видете и во она Болдер бар за качување карпи што е,мојава беше на два родендени таму.Исто и кугланата доле во ГТЦ.
Јас од Шарлота зимам 50 парчиња со слика од горе. Минатата год беше 1600, сега е 1650. Не е мн поскапено.
Некаква идеја за роденден за 8 години, трето одд. За маскоти се големи, во градов немам кино, објекти каде може да е интересно, освен кафич. Што да приредам а да не му биде досадно. Ич немам идеја. Ај помош
Здраво,мој предлог за украсување за секакви прослави happydaydecor.mk може да ги најдете на инстаграм. https://instagram.com/happydaydecor.mk?igshid=OGQ5ZDc2ODk2ZA== Поздрав.
Здраво, дали некој има славено роденден во бедрум во центар? Имаат игротека мала па ме интересира искуства дали има задоволни
Погоре пишував дека нема многу опции. Јас лично вчера се одушевив од нов простор како игротека со Augmented reality во Веро Џамбо. Бевме на роденден и има многу опции за занимации баш за поголеми деца. Ама сеуште не гледам понуди за родендени (иако ние бевме ама не знам како беа договорени за цена). За ова ќе го убедувам сега детево. Има опција за ЛасерХант/ЛасерТаг ама мене лично не ми се допаѓа пошто мислам дека се мали за пукање, иако машки од школо сега таму слават. Имаш ТинкерЛабс и ова е супер, прават експерименти некои ама борјот е многу ограничен на деца. Ние лани славевме во JumpingClay и супер им беше. Правеа фигури од глината плус диско. Има опција Кино и Театар. Ама на кино се гаѓаат со пуканки, а за театар треба да резервираш многу однапред.