Сама го правев на 3Д принтер Spoiler: Држач Држач за накит е уствари, јас го пренаменив и испринтав црвен Да средам страната и ќе пуштам линк, едно 20души чекаат нешто да им правам, а никако да постигнам
Среќен Роденден на баткото! Најубавите и шарени теми ги имате. А баткото богами пораснал. И бебињата станаа школарчиња. Не ми се верува.
Прејако... Сакам и јас ахахаха... Имаш некој шаблон, имам кој да ми го направи да не те мачам... Ахахах а реално ќе ми се најде некад.. Јас мислев дека е како оние за цедевида држачите
https://instagram.com/balontvister?igshid=MTk0NTkyODZkYg== Јас од тука земам и лани и оваа година. Бројка им е 800 денари, големите балони 600, 700, обични балони 90-110 ден.
Препорака за торта со попристапна цена, последно платив 3000 за 30 парчиња во Грими ама тоа некако ми е премногу, препорака за некој вкус од Шаерлота или Кувертира читав таму дека се поефтини, дали овие слаткарници вршат достава во Скопје?
Бидејќи работам во игротека еден куп се изнапробав периодов Од кувертира буквално ниедна не ми се свиѓа Перфето само ореото ми се допаѓа. Све се само фил и тенко претенко тесто и едвај се сечат За мене убедливо води делиција или зафир. Во делиција 45 парчиња со шлаг и слика платив 1800. Зафир исто иако делува поскапо, пример за виножито тортата со 45 парчиња ми рекоа 2000.
Да не си грешка за перфето. Според мене они имаат меѓу поубавите торти. И Жарбо и Лешник им се многу убави.
Перфето и кувертира се претежно тортите Не се сечат, се распаѓаат. Еве од вчера една сега ја пробав(не знам од каде е само пудинг е, не можев да ја дојадам. Мал совет, никад не зимајте круг, колку убаво и да изгледа, ептен се губи на парчиња. Претешко е за сечење, не може исто парче да се исече. Последно од кувертира мислам, ќе се задавев со лушпа од орев или што и да беше.
Јас во овошната од Шарлота најдов семка од вишна. Заб ќе скршев. Момент на невнимание мислам дека секаде може да се случи. Инаку јас по препорака од форумов земав торта од Перфето,вкус жарбо и не се покајав. Превкусна беше,само што се кршеше при сечење зошто имаше штангли чоколадо внатре.
Се сложувам,дека се убави и полни со фил и ако е подразмрзната при сечење се распаѓа,треба подебели парчиња да се сечат.И мене жарбо и лешник ми се врв.Еднаш однесов на работа лешник и колега ми рече дека толку тазе торта у живот не јадел.
Мајкиии , каде купувате печати за деца ? Ми треба за подароци за во градинка за роденден .. посебно ако знаете каде можам да најдам новогодишни ?