Што и да е со папагали видела ли некоја негде? Ми треба и некој поголем папагал за на тортата само да не е плишан @emkaemka ти ми паѓаш прва на памет да те прашам
Лего да ставиш? https://krs.mk/proizvod/exotic-parrot/ Мислам има и поголем, ама не ми искочи на страната, во Ист да провериш има повеќе избор. Салфетки имам со Ара од ДМ или Рамстор се, на Дуни мислам, не сум дома да видам, септември се купени секако, па не знам ни дали би ги нашла. Исто и тањирчиња со рајски птици, чашки, чаршав имам од Веро во Џамбото ако не се лажам да беа. Секако да провериш по маркетите. Балони купив од ЗОО, со Ара исто, имаше големи и многу мали, сега и тоа мораш да провериш по цвеќариве, Рамстор, Џамбо. Тоа ни беше темата за прваче Кутивчиња и слично чим нема време од Али, да најдеш страниве по ФБ да ти направат, можеш и лепенки да испринташ, па сама да лепиш на кутивки од Џамбо, стаклени, пластични кутивки од Лулиште. Инаку може и.. Spoiler: Бирај Бирај кој го сакаш да ти јаде торта, иако двајцата батки се по бомбони
Немој да ми кажеш дека се твои На синко да му купиме папагал и не му треба ни торта ни игротека Туку знаев јас кого да прашам, фала многу. Овој лего го имаме. Ако не најдам друг тој ќе го ставам
Ако си спремна да живееш у пердуви бујрум, купи на малиот и "радувајте" се сите. Само не го заборавај фактот дека ова се всушност кокошки Мои се, сивиот додуше и го дадов на свеки да го чува, под мене живее де, ту мач ми се и бараат дружба и внимание, а заедно кога се "големиот" го тепа, кој патем е бебе од 1г и нема уште појма каде се наоѓа, многу живее и многу споро расте у памет Spoiler: Арчи
Мајки, бараме роденденски украси (пластични чашки, тањирчиња, натпис и сл.) со принцези. Имате ли предлог каде да погледнеме, во Џамбо веќе бев нема ништо.
Ѕирни го ова има натпис и нешто декорации https://kares.mk/product/on-the-go/...y-decorations-set-set-za-dekoracija-princess/
Предлог за добар вкус од cake boutique? И, предлог за декорација со нормални цени? Сите ми побараа над 5000
Spoiler: Папагали Не се по нарачка, во оглас, едниот е Паланчанец, човекот ги размножува и има мини зоолошка дома. Другиот Србин што веќе го увезле тука за продавање. Сивиот е Афрички сив папагал/Жако, купен пред 4г 600е. Арата е купена уште малку 1г, 1.200е. Двата се дохранувани со шприц, рачно хранети и питоми, бебиња земени на 4м и 2м. Доколу не се рачно хранети се поевтини. Во моментов сивиот е поскап, последно гледав по оглас 800-900е ги даваа. Арата +/- толку иде. Наредно, кога ќе ја пораснам големава кокошка да заличи на прав папагал у понашање, сакам уште Розев Какаду да земам, знам не сум арна, ама ми нема спас Што најде за бдеј? Треба помош кога ќе шетам да погледнам нешто? Крај на месецов беше така?
Хахаха. Ама многу се убави стварно Јас во Арата се заљубив ама мм не можам да го убедам. Си знае чива обврска ќе биде . Иначе денес му е роденден. Ништо посебно не најдов. @Цвет88 ни направи преубава торта за во градинка. Балони некои најдов, салфетки. Најдов папагалче, тукан... за тортата (имаме полно дома ама мораше и нешто ново) па после кога ќе ја земеме ќе видиме со кои ќе ја китиме. Тој Легото веројатно ќе биде главен . Сега одиме во градинка а јас да пробам да најдам некои стикери со папагали. Сакав да земам шарени лижавчиња и да им залепам стикери... ќе видиме до после што ќе успеам да најдам. А да, и пињата конечно имаме .
Дали мислите дека е ок на детски роденден во игротека да има само пици убави така неколку вида, без похованици, даски, салати, кифли т. е. без свадбено мени Значи возрасни ќе има, родители, децата се 4,5 години, торта нормално, пијачки нормално.. На секоја маса со по 4 собира да има по една пица, ако зафали ќе нарачуваме кога ќе бидат пред крај пиците, за да се топли. Или би договорила достава да биде, лупам 10 фамилијарни пици у 17 ч, плус уште 5 такви у 17.30
2 родендена така теравме, само со пица од јадење, и сите си нарачуваа пијалоци што си сакаат. Сега за овој мајка ми рече дека се нафаќа да направи кифли, па ќе си купам сувомеснато да си наредам сама, иначе кетеринзи, месо, поховано, малтене свадба цела за 2ч во игротека ми е скроз непотребно.
Нели? Па веројатно така ќе направам, и јас би спремила самата aма трудна сум, па не можам баш толкава количина, ххаха, а немам помош
И јас влагам во 9ти баш за роденденот, затоа мајка се нуди, иначе и да не бев трудна сигурно немаше да месам кифли, пак ќе беше само пица.