Јас купив готови кифлички од локална пекара ги печат по нарачка, исти како домашни се, а имам купувано и од Дим маркет замрзнати, само се печат и се преубави.
На син ми кога му беше третиот роденден му порачав торта од Канела црвена да има фигура фондан Могли и палма.Листовите ги имав купено на Бит Пазар, а животинчињата некои ги купив во Џамбо, некои ги имавме дома и ги распоредив на торта.
Зависи какво. Јас си порачувам од Алиекспрес баш ситни фигури пластични за на торта. План ми е после да ги чистам и како играчки да си ги користи. Пример за кученца нешто вака https://www.aliexpress.com/item/100..._id=202401120643525842470844105890009976827_9
Фала ти. Имаш искуство со нив, задоволна беше од храната? едит: зафатени се леле дај кажете некој друг кетеринг со нормални цени?
Да, одлични се. Сега во февруари пак ќе ги ангажираме за синко. Други знам што земале од ВИП, и Манчевски пет. Разгледај ги
Женски, каде има да најдам онакви знаменца за украсување? Или ако шијат некои од оние мали бизниси или пак, да побарам по продавници? Не сум од Скопје.
Јас две родендени по ред, и за секаква домашна прослава ( наш роденден, нова година и сл. ) и пишувам на https://www.facebook.com/profile.php?id=100076172019282, жената е ептен фина, прекрасни работи прави месени, цените и се нормални, и што ми се допаѓа најмногу сама си правиш комбинации од даски. Похованите даски и месените работи и се супер, до сега неколку гости на роденден ми ја имаат пофалено, еднаш нарачав месна даска ама некако не ми се погоди.
Јас сега имав кетеринг за роденден на малата ,ако ти треба бројче пиши ми пп и ќе ти го пуштам,преубаво тазе и не е скапо,жената не се рекламира толку по дома си работи,ама многу вкусно и ефтино. Пробан ми беше претходно на друг роденден .
Во игротека примаат и домашна храна, така? Ние во ресторан годинава со блиските, за домашно ни рекоа ништо не смееме. Само за слатката маса нешто и тоа пак купено што наместивме. Во иднина секако ќе е игротека.
Пиши ми да ги имам во план за другиот роденден на синко. Сега ги договорив поховани даски се надевам ќе биде ок. @unearthlysarah
Еее супер, баш ми е мило. Јас сум ептен задоволна од нив, неколку години за било која прилика од таму нарачувам.
Дали некој си има правено хартиена торта за во градинка дома? Зашто имам време до март, па си мислев да заштедам на тоа, само да купам да ги наполнам, да си ги измоткам дома навечер. Ако имате добар темплејт за виткање ве молам да ми испратите.