Da ti dadam idea da si kupish hartieni cashi so likot koj go saka deteto vnatre napolni gi so ona sto sakas lizavce cokolatce kiki bonbona blokcecokolatce znaci bilo sto ona sto go sobira potoa motash vo celofan i brkash rabota. Ne frlaj pari po hartieni torti
Ова ми се од претходните години, само за прв роденден купив од готвите. Оваа година пак сама ќе полнам чаши. Ќе ставите поубави работи внатре и пак поевтино испаѓа
Зависи повеќе од која слаткара и каква декорација. Во Делиција 40 парчиња со декорација од фондан 3100, 60 парчиња со декорација од шлаг 3500. Двете со вкус киндер. Ако се јавиш во Моцарт сигурно минимум 100е ќе ти речат што и да одбереш.
Здраво на сите,сакав да споделам искуство од прослава можеби на некој ке му биде од помош. Прв пат славевме роденде во игротека. Избравме Златна Ѕвездичка во Трубарево.Солидна игротека со многу добра услуга.Плативме 4000 со тоа што ние имавме околу 42 возрасни и имаа 3 вработени и ради тоа е таа цена. За поклон доби аниматор спајдермен тоа беше изненадување за нас.Дечкото се трудеше стварно ама помалите деца не беа одушевени кој плачеше кој бегаше Тортата беше од Перфето со вкус жарбо,50 парчиња и плативме 4150. За ист облик и големина у Делиција беше 5800 чисто за споредба.Сите гости ја пофалија,многу е вкусна. За декорација со другарками заедно направивме,од гипс табла и балони. Ги порачав пд Пи Ки бебе маркет,стигнаа за еден ден и супер квалитет се балоните.(спајдермен балон на поклон го довидување и не знам точно од каде е)Криво ми е што не ангажиравме фотограф.Мислев дека е непотребна ставка ама ако сте како мене што нема навика да се слика би препорачала.
Да, од Кловн Лили. 2500 за саат ипол, имаше неколку опции за активности, презадоволна бев од девојката иако ќерка ми позаинтересирана беше со другарките да игра, цело време се обидуваше да и скрене внимание. Лани имавме од друго место 1500 ден за 30 мин само танцување со децата, ама беше договорено преку игротеката па не знам од кај е маскотата да ти кажам име.
Ние пред две недели торта од Канела (вкус Киндер) од 60 парчиња со слика одозгора на шлаг плативме 3100.
А да ве прашам за идеја. Било да се кесички, чашки или хартиени торти, мора ли да се полнети со лижавчиња, некои гумени чуда, лепливи полни со бои...? Ајде чоколатце ок, ама кога ќе видам од син ми секој роденден мора лижавче да има, така потпревртувам очи. Идеја што би се ставило а да е универзално и поевтино? Нешто за ужинка ок, а и некаков играче би ставила. Лепливите работи ги одбегнувам.
Балонче, свирче, житните оние... Реални да бидеме децата се радуваат на самата форма на тортата, темата, како изгледа, а што има внатре до сега ниедно дете не ме прашало.
Печати мали. По 20-30 денари се. Стикери, на пример. Мало топче, ако сеуште има едни гумени што скокаат превисоко, бар пред години ги имаше, не сум побарала сега.
Јас секогаш сум ставала блокчиња и тоа од оние во ќеса што се на свислион фарма што пишува на нив,животинско и сокче. На тоа се радуваат највеќе зошто играчки секое дете има по еден тон, малите вредат богататво, а се тотално нефункционални. Крај краева не мора ништо од тоа земи им боенки зависи од возраста мислам дека во просветно дело имаше по 60денари па ќе си ги искористат.