1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детски родендени (идеи за игри, храна, декорација...)

Дискусија во 'Дете' започната од Angel-Adriana, 24 декември 2012.

  1. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    Сум ставала, а и добивал разни работи, зависно од возраст. Од храна чоколатце, мала ќесичка чипс, пуканки, бисквитчиња, кутивчиња суво грозје, сокче, наполитанки, крем бананче и слично што се наоѓа спакувано да се купи.
    Од играчки топчиња, боички, налепници, сапуница за дување, балони, стегачи и шноли, мини книгички, боенки, привезоче, play doh, светки, колички и сл.

    IMG_0042.jpeg
    IMG_0041.jpeg
    IMG_0045.jpeg
    IMG_0046.jpeg
    IMG_0047.jpeg
     
    На Coco31, elenaklasik и Brpbrp им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Со диносауруси од каде ги зема кутивчињата?
     
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    10.901
    Пол:
    Женски
    Супер идеи.
    А колку те чинеше едно пакетче да наполниш?
    Сепак треба да правам за 30 деца :doh:
     
  4. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    Со диносаурусите се хартиени ќесички. Од Shein се, ги има сигурно и на али експрес.

    Уф, 30 се многу пакетчиња…
    Не знам колку испадна трошокот, не сум во Мк, па се е различно во цените. Отприлика мислам околу €3-4 би било. Заштедив купувајќи големи пакувања од се и делев. Имав и собрано купони за попуст на Шеин, па искористив и тоа.

    Друго што ми текна, сме добивале и креди од тие големите 1 завиткана во целофанче. Џамлии, пенкала со повеќе бои и сл.

    Што и да одлучите да подарите, дечињата сигурно ќе се израдуваат.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    @elenaklasik не можам да ти пишам порака, па еве тука.
    Ако кредите ти се интересна идеа, види на пример овие. Мислам дека се од потенките школски креди, ама ако спакуваш по 2 или 3 во пакетчињата, ќе биде 3-5 денари плус. Супер за играње надвор за помали деца.

    https://www.officeplus.mk/Креда-Школска-1100-Во-боја-Statovac-Yobo-115011


    Еве неколку идеи за пакување:
    https://images.app.goo.gl/maPFyXvEDBjJ6rBp9
    https://images.app.goo.gl/JJANYbM4rPNsSJqw6
    https://images.app.goo.gl/GyX5qC5pXpnbb61K6
    https://images.app.goo.gl/1pyZdZxWP6iTpaEGA
    https://images.app.goo.gl/pjDpJcCxyS21n2vT7
     
    На CareTee, Isabel, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    10.901
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на идеите, интересни и практични.
    Ќе искористам некоја идеја сигурно. :*
     
    На Babushka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Momzilla

    Momzilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Delilah90

    Delilah90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Каде има роденденски декорации со Skye од Paw patrol, по можност онлајн? Класични со Paw patrol има секаде, ама ми треба конкретно со Скај
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.713
    Допаѓања:
    145.068
    Во Базаро има исти ќеси.
    @elenaklasik во Лотус М имаш креди по 20ден пакување, внатре по 10 во боја.
     
    На Brpbrp и elenaklasik им се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    21.534
    Пол:
    Женски
    IMG_20240211_125231.jpg Моето последно дело, на кое сум посебно горда. Направено за најдобрата другарка на ќере.

    A пластелин на парче, посебно спакуван и модли имате видено некаде.
    Сакам да направам некои нови опции за полнење, ама не сакам да биде изгор цена.
    Ми е страв дека ако пример земам обичен( па да го спакувам посебно во ќесички) ќе се исуши.
    Едит: правам и персонализирани боенки со боички исто така персонализирани, не само торти.
    Ете се испофалив.
     
    Последна измена: 15 февруари 2024
    На Ne znam koj, flower30, La-loca и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.842
    Допаѓања:
    7.045
    Пол:
    Женски
    Во Тримакс имаше пластелин н парче.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Пластелин може домашен да направиш и да го спакуваш.

    https://moirecepti.mk/post/пластелин-од-домашната-работилница

    Јас не го варам само ставам вода која врие. Може да стои и по неколку месеци.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    18.258
    Браво за креативноста,преубаво изгледа балерината!
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.407
    Допаѓања:
    16.969
    Бамби маскота дали има некаде?
     
  16. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Каде можам да најдам хартиени корпички за пуканки?
     
  17. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    850
    Дечки, братучетка ми бара за малиот (10 години ќе полни) следен месец. Дај препорачајте некоја идеја за таа возраст. Најверојатно изборот ќе биде нешто со компјутери/флипери/плејстејшн, но препорачајте некое место за до 15-20 дечиња отприлика, не повеќе.

    Има некој предлог за таков тип на игротеки (за поголеми хахаха)? Или па некоја друга идеја дајте ако имате. Скопје било каде може, но најдобро Кисела Вода, Аеродром, Центар.
     
  18. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Во џамбо онаа игротека сениорската мислам дека ќе им биде интересна нека ја видат.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.515
    Допаѓања:
    34.686
    Пол:
    Женски
    Доле во Бисер има една сендвичара (не ми текнува на името) таму од одделение кај ќерка ми два-три пати одеа (10 г) им давале помфрит и игрици играле. За нивна возраст, таман.
    Има некој предлог за таков тип на игротеки (за поголеми хахаха)? Или па некоја друга идеја дајте ако имате. Скопје било каде може, но најдобро Кисела Вода, Аеродром, Центар.
     
    На BraBru му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    21.534
    Пол:
    Женски
    Понесени од родендените на другарите и другарките, уште сега, 7 цели месеци пред роденден она напна кај ќе слави.
    По споредба на цени, броење деца, родители, сфатив дека само 40 деца имаме за канење. А кај се родителите.
    25 од школо, 15тина од градинка, и плус пријатели...
    Е сега најефтино ми е роденденот да е само за децата, зошто од се што видов до сега, доаѓаат бајаги дечиња, скоро сите.
    Игротека не, jumping clay ми е прескапо.
    Со 12000 јас чуда ќе и направам.
    Кафич пак ми е, некако....
    21 септември, до сега секогаш бил сончев.
    Па се помислив за парк.
    Дали некаде се бара дозвола?
    Или да се пријави некаде дека ќе се слави роденден.
    Ќе викнам аниматор. И колешкава што работеше во игротека со мене ако треба ќе ја викнам, баш знае со нив, ќе ми смисли што и како.
    Сериозно више не знам шо и како....