1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детски роденден во игротека без присуство на татковци

Дискусија во 'Дете' започната од zuto, 3 јануари 2019.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Баш ќе проверам на страната на игротеката дали имало татковци на други родендени, иако според мене, ова е до менталитетот на мајките. На игротеките не им е гајле каков тип на гости ќе имаат, важно е да се повеќе и што повеќе пари да заработат.

    Истово сакав да го искоментирам. Се жалиме на нерамноправност, не ни помагаат доволно, а ги исклучуваме од најважните моменти на детето.

    За финансиската состојба сакав да додадам уште ова. Ако не отидевме во игротека, ќе отидевме отпосле дома, како што правевме изминативе години. Тоа за нив е секако дополнителен трошок, па и губење време, оти пак треба да купат или потспремат нешто.
     
    На azelea, sj *O*, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    За финансии викни помалку гости и готово. Но, не раздвојувај семејство, брачен пар, како и да е, бидејќи по мене е навредливо. Ако е ептен оскудица, тогаш алтернатива дома со помалку деца, или поефтина игротека, или поефтина понуда, како и да е. Ако се поголеми деца, тогаш како бива во светот. Само децата во игротека, родителите ги земаат во толку и толку часот и крај. По исклучок останува родител со дете до две години (или до три) зависи и какви се правилата и крај. Деца барем, ни алкохол пијат, ни па за јадење дошле, така што минимален трошок.
     
    На azelea, sj *O*, supergirlmb и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ако мајката е втора смена на работа детето треба да е лишено од родендени? Глупости. Имам колега кој редовно го носи малиот на роденден плус и е во група на вибер со сите родители од градинка.
     
    На azelea, sj *O*, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ете синко 2 пати не беше поради тоа што јас бев 2ра смена. И тоа кај блиски луѓе, кај што сме кумови и кај 1 братучед на мм, негови роднини, поклони имав однапред спремано, ама потенцираа дека не може со таткото да дојде, дојдете отпосле дома.
     
    На CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Да се крсти човек. ..
     
    На azelea, sj *O*, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Првиот роденден на ќерка ми беше со околу 80 гости, мажи , жени ,деца... Вториот роденден падна бројката на 40 гости од кои повеќето беа мајки со деца , ама секако присутни на роденденот беа и ММ, кумот и двајцата дедовци. Отогаш наваму така славиме. ММ бил и ќе биде присутен на секој роденден.
    Си поканувам мајки и деца во игротека и славиме роденден.
    Ако наместо мајка детето го донеси таткото секако ќе биде добредојден. Ова реално и ни се има случено, супер беше што таткото го донесе детето на роденден а он си седеше со ММ и не мислам дека беше непријатно.
     
    На JuLleE, cresa-jagoda, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Тука пак родители воопшто не канат, детето остави го и ти назад. Да не треба фамилијарно сите да одиме во игротеки, за едно дете уште двајца или тројца позади. Само гужва се прави и трошок плус. Во Мк блиските обично дома се канат комплет, игротеката е повеќе за деца. Ако дојде татко како придружба е ок, забрана за татковци е безвезе и може не е толку до оние што канат туку до размислувањето на татковците -што ќе правам јас со еден куп мајки таму, оди ти. Така и дошло до тоа -само мајки.
    Сите тука као запрепастени а да ве чита човек кога зборите за своите деца сите сами си ги носите по игротеки на родендени. Зошто не читам постови -маж ми пак е на роденден во игротека со малото?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Еве на пример синоќа во игротека на роденден кај пријатели бевме, и јас и мм. И сите беа така, освен децата од градинка - кај нив имаше по еден родител за придружба. Никој ништо чудно не виде. Имаше и гости без деца, замисли. И јас пред да се роди малиот сум била на куп родендени во игротеки, требало да не ме викаат?
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако сте поканети комплет тогаш е ок. Зборам за деца од градинка, комшии и слично. Не е ни чудно само еден родител да се кани а почесто одат мајките.
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас мислам дека повеќето и сами по себе така прават - ако е дете од градинка и не ги знаеме родителите, оди само едниот. Најчесто е мајката, ама ако таа не е во можност (работа, болест, или и само замор), неретко биле и татковци (да, може само 20% од децата се само со татко, ама така е за се). И јас се зачудив дека детето не е покането ако не може мајката да го придружува. Многу ме занима што прават ако мајката е во странство, или не дај Боже почината.
     
    На zuto и DAngel им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не се до толку луѓето заостанати де. Дете без мајка во сликата сигурно така нема да остават.
    Мајките обично се канат затоа што повеќе нив ги среќаваш во градинка, училиште, игротеки, игралишта...Нека се ангажираат татковците повеќе и нека превземаат иницијатива за дружење по игротеки и игралишта па ќе се смени сликата.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Точно.

    Од луѓето што ги знам обично е така:
    Се кани детето на роденден. Нормално детето не оди само, го носи родител. Дали еден или двајцата, помалку битно.
    Обично ако се поблиски одат и двајцата, или ако се две деца, па да не трчи едниот родител и по двете... Чисто на родителот си е.
    Ако се поголеми и можат сами, се носат, се оставаат, па и не мора да седи родител. Знам случаи кај што родител не можел па баба/дедо го однела детето и го оставиле. Зошто тоа дете да биде изолирано од друштвото ако ти си заостаната...
     
    На sj *O*, candy.cane и zuto им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Кај деца од градинка, јас одам по родендени со малото, мм со големиот. А фамилијарно кога сме поканети, сите одиме, првпат слушам за тоа дека само мајките се канат. Никогаш не било наведено дека само јас со дете/деца сум поканета. Кој може, тој. Ај големиов веќе и сам ќе оди што се вели, мм ќе го остава, па ќе го зема, ама со малите мора супервизија од возрасни.
     
    На azelea, Kitten, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Pogolema glupost nemam slusnato (facepalm) :x
     
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Моите деца не одат во градинка, па немам искуство со одење на родендени кај другарчиња од градинка. Обично одиме на родендени кај деца од пријатели или роднини. Зависно од ситуацијата, или одиме двајцата или само едниот. Ама никогаш не сум размислувала дали тоа е правило или не. Досега мислев дека е избор.

    Конкретно во случајов што го спомнав погоре, уште поиронично е тоа што и двајцата родители бевме поканети, како и секоја година. Побараа да им потврдам присуство заради евиденција на бројот на гости, ни кажаа време, локација и се тоа. Знаеја дека доаѓаме од друг град двајцата, со двете деца. И кога стигнавме дури, мајката не пречека со муабетот: „Што ви текна да дојдете“ и „Овде во градов во игротеки се собираме само мајки“. Искрено, да знаев порано дека е така, сигурно поинаку ќе постапев.

    Лани беше само маж ми со децата и беше проблем оти не сум дошла и јас (ова за дома). Сега проблем оти маж во игротека.
    И пак ќе речам, не ми пречи толку што повеќето се мајки или што немало татковци, туку тоа што родителот не присуствува на роденденот на своето дете поради некакви предрасуди. Е тоа не можам никако да го разберам.
     
    Последна измена: 4 јануари 2019
    На azelea, sj *O*, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Е баш ова ме иритира и мене. Кај нас деца од градинка родителите ги носат и ги оставаат, за 2 саата идат и си ги земаат. Ама некои мајки собираат пријателки, другарки, комшивки, а таткото не е присутен. И не е спорното тоа што еден родител дошол со детенцето ако биле поканети со родители. Лошо е што се потенцира само мајката да е. Еве не дај боже детенце со почината мајка, зар треба тоа дете никогаш никаде да не отиде на роденден?
     
    На sj *O*, ane.bella, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    не сите но го прочитав воведот -Сакам да кажам дека првпат присуствував на роденден (во игротека), каде што е срамота/забрането (не знам кој е посоодветен термин) татковци да присуствуваат на роденденот, вклучувајќи го и таткото на детето-славеник.- и мислам дека е бесмислено да е забрането татко да присуствува. Како што кажав досега на секој роденден каде што сум била присуствувале само мајките зашто пологично со дете мајка да појде. Во ретки случаи татко идел со детето а од кај славеникот се разбира дека ќе дојде и таткото па може и братму на таткото,не е спорно но да е забрането.... Шта речи. Имало случаи каде иделе и мајка и татко но многу ретко
     
  18. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    @zuto во Прилеп да не си била :D
    Сум била на неколку родендени со бебево, а мм или бил во кафана или дома со останатите мажи или чекал.
     
    На CameliaMiller и zuto им се допаѓа ова.
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Цела Македонија испадна срамота дека е таткото да оди во игротека:rofl:
    Шала на страна, на родендени сум била само кај внуците од 2 братучедки, сме биле поканети сите ние дома и другите гости биле во пар сосе деца, ова освен ако не е некој чуден адет или рурална средина ми нема логика:?:а кога идев јас по родендени само деца идевме а дома гости кој дојде дојде, искрено возрасни нема ни што да прават во игротека (освен ако децата се ептен мали) бар на мене ми е прилично досадно...
     
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Тоа и јас кажувам, дека е бесмислено. Се согласувам со тебе, освен во една работа: зошто да е пологично секогаш мајката да го придружува детето? Која е логиката овде?

    @orhideea изгледа во секој град има по некои вакви.
     
    На sj *O*, CameliaMiller, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.