Имам и јас за ваков роденден слушнато, не во Скопје туку во друг град. Бевме поканети јас и снаа ми со внуките, брат ми не беше поканет зошто бил машко но кај нив машките не оделе по игротеки исто така вклучувајќи го и таткото. Прво беше тоа за мене искуство такво, но не отидовме зошто тогаш само брат ми возеше и немаше како да отидеме, ние изненадени, од таа страна ни кажаа нека дојде и он но ќе ве почека во кола или некој кафич. Фала, Среќен нека е на детето не отидовме но повторно не не поканиа. Да се случуваше ова во минатиот век може и ќе сфатев, но во 21 век ваква дискриминација може да има само кај нас и никаде на друго место.
Иста глупост како и глупоста неканење на жена без дете во игротека на роденден. Мојот пример е сите во друштвото имаат дете само ние не. И кога се канат се канат само "мајките" со децата. Мизерно ептен! Или ќе канам со мажи ако немам пари ќе правам дома со најблиски или битно е поклоните да се соберат. Родендените станаа бизнис, што поевтино да си поминеш со поголем ќар. Да напоменам здравје кога ќе правам роденден на мое дете било каде да го чекам ќе биде без "гореспоменатите кокони", никој од нив не канам, ни мажи ни жени. Кога ти не ме третираш како личност дека немам дете не те третирам ни јас кога ќе имам. Ни канам ни па ќе одам ако ме поканат. Би чекала само со парови што ми се стварно блиски и што никогаш не ме дискриминирале ни мене ни сопругот на тој начин.
Лани на роденден кај што сме кумови бев само јас и малата поканети, мажи немало да има. Одам таму гледам таткото, дедото стрико, братучед... За почит се работи кон кумот али ај ..
Ги заболе нив за традицијата, него не треба да ранат и да појат алкохол мужи од 100 кила. Вака смоките, сокот, тортата од игротека, поклоните у џеп, и правец дома, на чисто.
Мислам дека оваа е крајно безобразно но не и неверојатно. Искрено кога сме оделе ние на роденден секогаш бил присутен само родителот на славеникот а кога подобро ќе размислам скоро секогаш тоа била мајката. Оваа може да биде од различни причини но не дека сеуште се мисли дека децата и нивното воспитување се обврска на мајката.
Мене ми е глупо што воопшто на детски роденден сем блиските на славеникот, доаѓаат другарчиња на детето од градинка со се родителите фул, а едно здраво имаат. Лигавешки. Порано се знаеше. До врата ќе те остават и у точно време доаѓаат по тебе. Во странство такоѓере. Кај внука ми не доаѓаат само странците, а децата ги носат. Е тоа е култура. И такви се на сите родендени. А при тоа одлично се дружат со родителиве, не се само на здраво и чао. Не ја гледам поентава на темава. Детските родендени станаа предмет на занесување и мерење... уштипци. Оставете ги децата аман! А ако нема шеќерна маса што се дешава?! Евентуално тепање пињата? И све тоа тематски украсено, со лепенки од истиот лик. Епа нема поглупо!
Во случај да се деца од градинка ( 3, 4 години ) одат со родител, мада јас со моиве никогаш не одам, ги оставам, си бркам работа 2 саати, ако нешто има - имаат мој број и чао пријатно.
Пази муабети да не ти излезат -ни ги остави децата ние да ги вардиме и којзнае каде фати да скита, мајка Никако не си.
Ааааа не си мајка не знаеш како е Околината има страшно влијание како на се' така и во примерот со шеќерни маси и мини свадби за роденден. Детето ќе ти отиде на една, две или три вакви прослави, ќе си помине најубаво затоа што тоа не гледа на таквите прослави на начинот на кој гледаме ние а уште помалку знае колку тоа кошта. И за него тоа ќе е роденден, шаренило, тематски украсена просторија, мики маус ги забавува и пеат на микрофон (или како и да е), родителите дотерани итн итн. Па кога ќе дојде на ред за него, ако решиш дома да прославите со неколку другарчиња, со Васина торта без фондан, скромно со неколку балони и песнички на тв...ќе биде донекаде разочарано. А и ти заради него. Јас не славам така ама тука скоро никој така не претерува па затоа ми е полесно да организирам скромен роденден по мој вкус, без да осетам на буџет и да не чувствувам дека нешто сум скратила. Во поинаква ситуација, поточно околина, може и јас ќе бев во фустан, со фризура и професионален фотографер кој ќе го платев со минусот на картица. Којзнае.
За мене игротека е место за деца, со мајки, ако се помали, мажи и парови ми се ту мач, местото е за да се изиграат деца не да си прават родителите собиранки. Алкохол по игротеки...ужас, ракии, пиво, прасиња, руски...Уште певаљка фали и да не знаеш во кафана ли си или игротека. Торта, пица, грицки и сок е сосема пристојно, како и пригодно за игротека. Кој сака свадби, со се алкохол и јадење нека слави роденден во кафана. Само кај нас како и се, па и ова губи на значење и сосема обратно од тоа што треба да биде.
Ама и вие малку ја претерувате. Не значи роденден во игротека по дифолт свадба со 100 гости, шеќерни маси и професионални фотографи. Можеби некој нема кај да слави дома, па бира опција која најмногу му одговара. Не мора ни да е најскапа игротека, ни па да има од пиле млеко на масите. Овде кај што бев последно не ни имаше нешто за родителите за јадење, што јас го оправдувам. Роденденот е за децата, да се изнаиграат и да си поминат убаво. Тие не гледаат дали имало 16 врсти сирење, или каков фил има тортата. Децата ги сакаат игротеките и тоа е факт. За надзор од родителите јас сум за, ако се работи за помали деца. Обично девојките што работат таму се зафатени со анимирање на децата и одат по некоја стандард шема/програма. Често сум била сведок на деца кои се заглавиле некаде или имале некој друг проблем, па нема кој да им помогне. Плачат ли плачат, а од музиката не може да се чуе. Јас не славам родендени по игротеки и не знам ни какви се условите, ни како оди организацијата. Фала Богу, имаме дворче, децата ми се во пролет родени и така тераме секоја година. Дали сум во „шема“ или не, не се замарам. Гости не враќам, дури и да не се поканети, а камо ли па поканети. Колку имам - толку.
Тоа веќе поголеми деца, помалите не можеш да ги оставиш. Мене ми е во ред еден родител ако треба, ама било кој, без вакви глупости со забрани. Се согласувам со @zuto, и јас немам дома место, па следна опција е игротека. Досега не сум била на роденден кај што имало пијанчење, два саати се, се пијат две пијачки, ако има нешто да замезиш и толку е. За мене е океј.
Мислам дека не е толку проблемот во дискриминација на мажите,колку што за нив е срамно да присуствуваат во игротека. Во мојот крај,одат и мажи и жени во игротека на роденден,и парови без деца.Проблемот тука е што на татковците им е срам да станат од маса и да одат во делот кај што играат децата.Цело време мајките со помали деца се на штрек и ги набљудуваат децата да не се удрат,а дотичниве МАЖИ залепени на стол не мрдаат,си уживаат.Исто ко да отишле во кафана,нема разлика.И тоа за вас е дискриминација?Они уживаат,ние трчаме. Секоја чест на исклучоците,секаде ги има,па и овде. Така беше на нашиот втор роденден.Јас неможев гости да пречекам од трчање по малиот,вработените не се замараа воопшто,а мојот ми вика срам му било,мажи не влегувале ТАМУ ГОРЕ. Да се плукнам во македонскиот заостанат менталитет,во Америка дојде време двајца мажи да имаат и да одгледуваат дете,тука неможеш маж со количка како бутка да видиш. Ова е мојата гледна точка на ситуацијава,иако верувам дека има и други причини,што како и зошто не одат мажи на детски родендени.
Оти така им дозволувате по дома. Игротекиве се само ситен дел. Јас не знаев оти е срамота маж во игротека да оди или да бутка количка, тука дознав. Низ населба и низ град постојано гледам сами татковци со колички, бебиња итн. моите другари и другарки што имаат деца не се соочуваат со вакви работи. Малку ржете, дур им дозволувате, се' ќе ви калемат.
И татко нека е де , тетка, баба, вујна, комшивка, другарка на мајка...сеедно, не ми е тоа поентата на муабетот.
Нека иде и сам татко и сам чичко или вујко, нормално кој може да го води детето, во муабетот е сосема сеедно, ама кога ке видам 20 пара како за на свадба си мезат салата и ракија...