1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детски роденден во игротека без присуство на татковци

Дискусија во 'Дете' започната од zuto, 3 јануари 2019.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Во игротека да, во кафана и дупли шток нека пијат. Тоа е и смисла на игротека кафе и торта и нешто ситно за јадење ајде, само што кај нас некој погрешно ги поставил стандардите.
    Мада фала богу идам на родендени каде што освен густо сокче, газирано и кафе од пиење друго не служеле.
     
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    29.801
    Пол:
    Женски
    Искрено, ако роденденот е за деца од 4год па нагоре, роденденот не е пд роднинска врска, мислам дека и мајката нема потреба да присуствува.
    Роденденот се прави во игротека за децата да си играат, скоро во секоја игротека има и вработено лице кое ,,се вртка,, околу децата. Никое дете не оди на роденден за да јаде пица, чајна, кашкавал, кифлички па во последно време и поховани даски.
    На родендените во мојов град, мајките одат за убаво да си се најадат, да се изнатрачарат, а славениците кој од кој повеќе и побогати маси да спреми за после да бидат фалени или за да серо тоа биде овековечено по социјалните мрежи.
    Мажи или не доаѓаат или тие што се дојдени никако не се заедно со жените. Или им се мести маса кај местото за пушачи или понастрана :)
    Муабетот ми е, денешните родендени не се да се означи роденденот на детето, да биде воодушевувачки, туку се едно помодарство, да се покажеме пред другите дека ние правиме нешто повеќе од некој друг.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Ние во Отоманското сме заглавени уште,многу тешко се искоренуваат некои размислувања.Се дур некој маж е пораснат во тешко патријархална средина,така ќе си тераш дур не ти пукнат живците еден ден :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Ова не можам да го разберам. Како тоа роденденот не е од роднинска врска? Зошто мајката (или воопшто родител, ако на тоа мислеше) не треба да присуствува на роденденот на своето дете?

    Дали по дифолт кај дете од 5 години не треба да му доаѓаат деца помали од него (оти нели, нив им треба надзор), дали не треба детето да си кани братучеди и други роднини или може, ама само ако се 5+ ама -18? :^) Еве мојот син сега за некој месец ќе полни 5 години и ако јас се решам да му славам роденден во игротека, малата (која тогаш ќе има 3) не треба да присуствува на роденденот на брат и?
    Па дете од 5 години нема ни на школо тргнато. Деца што не одат во градинка не ни имаат многу другарчиња - врсници за канење. Зар да се ограничи типот и возраста на децата-гости само заради (не)присуството на возрасните на родендениве?

    Башка што и на родителот и на детето им значи да се заедно за роденден...се додека станат повозрасни деца/тинејџери. Дотогаш сами си се одвојуваат полека. А и како растат децата не им се веќе интересни ни игротеките, им се менуваат и интересите.
     
    На gjoker4e, NarCis@ и DAngel им се допаѓа ова.
  5. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Машки
    Додека не се осамостои детето и не почне да си кани свои другарчиња, родителите му организираат роденден пред се канејќи роднини и нивни пријатели.
    Е сега мама сака игротека а тато кафанче. Најбоље и игротека и кафанче. Сепак е дете и на мама и на тато.
     
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Ако го прочита муабетот поназад од случајот што го наведувам, обратна е ситуацијата: мама сака кафанче, а на тато не му дава ни во игротека да дојде.
     
    На CameliaMiller и DAngel им се допаѓа ова.
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    29.801
    Пол:
    Женски
    @zuto не си ме разбрала.
    Поканетите деца кои можат посамостојни да бидат, а се од пријател, другарка, колешка од работа( кај нас и такви се канат) може родителот да го остави и детето да си игра само. За помалите не прокоментирав, зошто нели не можат без родител да бидат.
    Тоа ми беше поентата на муабетот.
     
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Мислеше на мајките на децата-гости? Ок, се разбравме. :D
    Па ако родителот сака да си го остави детето и е сигурен дека нема да има никакви проблеми, во ред е тогаш. Нивно право. Никој не ги задолжува родителите (на децата гости) да мора да присуствуваат на роденденот.

    Ова ме збуни многу. И да е славеникот постар од 4 години, не значи дека роденденот е за деца на истата возраст. Досега не сум видела роденден каде нема мешано деца од најразлична возраст.

    Едит: Исто она "роденденот не е од роднинска врска". Може гостите да не се во роднинска врска со славениците, вака реченицата многу чудно ми делуваше. Затоа не сме се разбрале.

    Мене се ми е прифатливо, освен оваа намерна дискриминација. Особено ако се работи за родителите домаќини.
     
    Последна измена: 8 јануари 2019
    На CameliaMiller и DAngel им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Јас не би можела да замислам да славам роденден на детето без маж ми.
    Како прво он ќе ме крене во вис. :D
    Досега каде сме биле секаде биле двајцата родители. А јас сум била и сама и со детето , и тројцата. Како не канат така одиме.
    Сосем прифатливо ми е детето да биде со едниот родител, без ограничување кој , нормално.
     
    На NarCis@, JuLleE, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    29.801
    Пол:
    Женски
    @zuto Јазичар да не си :)?
    Често пишувам сакрастично и иронично, па еве се наоѓа некој да ми ги ,, сомеле,, речениците :)
    Не,таман работа да се прави дискриминација на деца.
    И тоа со +4 год беше наменето на децата,гости.
    Се случи неколку пати за некои родендени да несумво можност дете да носам јас лично, а зошто да му скратам да не се дружи со дечиња, да поигра 1.5час?
    Мм го однесе до местото, го предал на мајката на славеникот, он беше пресреќен што беше сам на роденден. Иначе, тоа биле родендени каде славеници биле деца на мои колешки од фах. Е сега, со кои мажи да се вклопи мм во таа средина? Затоа така одлучивме.
    И за нашиот роденден има деца од сите возрасти, не се бираат години, туку битна е атмосферата која ја прават за славеникот да се чувствува главен :)
     
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Не сум јазичар, ама си го сакам јазикот ;)

    Ова што ти го кажуваш е веќе избор. Детето си било покането со родител сигурно, ама вие сте решиле да го пратите само, а и него не му сметало да оди само. Важно е дека твоето дете не било дискриминирано по ниеден основ. Погоре гледаш и други примери каде што детето не оди оти мајката не можела да го однесе, татко не примале.

    Јас на роденденов кај што бев сега, исто никој не познавав освен мајката. Ем во друг град, ем преку на маж ми пријатели. Ама си бев претежно со децата додека играа, сликав и снимав и дури и услуга им направив на домаќините оти немаа фотограф. Не ми требаше да се вклопам со никој таму. Децата се изнаиграа, брзо им поминаа саат и пол - два и си отидовме.
     
    На Lolipop23, LaDyDoLl, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Bar vo sk na rodendeni sto sme idele vo igroteki nemalo delbi. Kij roditeli se slobodni tie go nosat deteto. Majka tatko nema delba. Ako so nekoj roditeli od gradinka sme pobliski pravime cest ideme dvajcata. Sega zasto sum so Bebe mm go nosi na sekoj rodenden si sedat site na edna masa od gradinka majki tatkovci se znae se pie po edna pijacka I toa se izniznasmeav so odenjeto i delbata na roditelite. Do koga ke gi delime nestata na masko zensko ke pocnete i rodendenite ako slavi devojce da se idee samo devojcinja i obratno. Se si patime od glavata ....
     
    На Lolipop23, zuto и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.193
    За се да се мрчело.
    Кај нас кај што живеев не се канат децата од градинка, само најблиските ова година ги поканивме оти му се најдобри другарчиња. Јас би да ги поканиме и сите, ама ете кај нас немаат таква навика.
    Па си канам другарки и роднини. Претежно имаат деца, но има некои и без. Доаѓаат со мајката. Така прават кај нас, мајки и деца. Некои и канат и татковци ама ретко. Секако е поскапа варијанта и мажи. Тоа за прв роденден. Татко му освен за третиот роденден, оти дома имаше гости, на сите други присуствува и си седи со жените. Син ми не може да го замисли роденденот без тато. Дури и на 3 иот се појави и му ја донесе тортата.
    Кај поголеми деца секако дека родители не одат ама докај 4 не се за сами пуштање.
    Кај мене сите родендени се тематски, од 3 тиот син ми бира торта и тема. Две години си правеме и ние маици со татко му. Лани мали носеше иста маица со мене, а годинава си беше облечен во одело на Спајдармен. Масата и украсувањето го правам јас со сестра ми. Правам мафини, имам путер колачиња, бонбони, лижавчињс. За мезе има пица, пастрамајлија, помфрит и апки. И тоа ме кошташе 5000 ден, тортата 3000, масата и маиците уште 2000 и вкупно 10 000 ден.
    И дома да правам мора да ставам мезе, деца сакаат пици, сакаат балони ама најубаво си играат во игротеки. Син ми беше пресреќен за роденденот. И тоа е доволно за мене. Не трошам цело богатство, роденденот го плативме по пола со татко му, оделото му е подарок за роденден. Лани тортата му беше. Некогаш плаќам роденден со парите кои ќе ги собере. Прв роденден целосно го платив од тоа. Исто и втор и трет.
    Јас реков, на детево ќе славам родендени, не правам свадби, ете немам фотограф, аниматор ама се обидувам за некоја прифатлива сума да му направам убав роденден.
    Јас ептен се замарам за тоа, и сама спремам и за градинка и за дома. И тоа се од љубов, за тој да биде среќен.
     
    На An-na, kiki_riki, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.765
    Допаѓања:
    259.704
    Јуле, проблемот е во тоа што СТРИКТНО мајки се канат, татковци небитни.
    Со други зборови, утре дете мое нема да можам да пратам на роденден со татко без мене - како што и напишаа членки погоре искуства :)

    Не е исто еден родител (тоа е океј) и баш баш мајка. :)
     
    На TutiFuti и NarCis@ им се допаѓа ова.
  15. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    33.126
    Пол:
    Женски
    Кај нас пак се слави роденден на триста начини..... давачки еден куп.

    Мајки со деца во игротека дали од градинка друштво,дали од роднини дечиња се се собира. Додека тоа трае мажите дома висат по два часа. После ова тие поблиски што се од игротеката одат со мажите и децата на истиот роденден или дома кај славеникот или во кафана зависи каде ќе слави славеникот после за ,,возрасните". Хаос е досега два родендени сум славела на синко и тоа во кафана со тема со дечиња со стари се а куп соберено и така планирам да продолжам да славам бидејќи ич не ми се замара на два пати.