Дали ти нацртаа прво план и дали убаво знаат да искористат простор? И секако, со цени како се? Ако сакаш пиши ми пп
А не, јас си нацртав како сакам да биде. Дојдоа земаа мерки, ми кажаа што може што не може од желбите мои, и после следно донесоа и монтираа. Цената беше таман, просечна колку што очекував за се што барав да се направи, споредував со цена на готов производ (онлајн цени посебно за кревет, посебно за плакар итн). Вака барем точно до сантим ми беше направено. Плус плаќав за огледало дека сакав на плакарот до горе да иде целото едно парче, тоа беше така поспецифично. Мислам и ја има собата на фб страната на слика, ќе побарам па ќе едитирам ако ја најдам дека е од пред 2 години.
https://www.facebook.com/share/p/hQTrHwP19NPLueMc/?mibextid=oFDknk Се утепав од вртење по слики, ми помина времето за редактирање. Еве ја собата кога ја направија, полицата до шкафот десно не беше монтирана кога сликав само. Еве 2 години уште малце како ја користиме, не сум имала со ништо мака. Креветот е со механизам за кревање, тоа мислам ми е најискористениот дел, магацин е внатре Со минимални измени, како го замислив така ми го направија, дури и внатре шкафот дека има еден столб позади него, па малку имаше некои ц'цканици за да максимално се искористи простор.
Да, релно на тој простор не може на извлекување, ама пуста желба, хахахаха. за во иднина за секој случај си реков. вака најмногу ќе ми се искористи просторот. инаку имам опција и да го извртам креветот на другиот зид за да може да се извлекува, ама пак ќе ми се затвори скроз собата, во таква варијанта.
Дали во соба со висина 240 е прикладно да се стави кревет на спрат? Колку да биде висината од првиот до вториот, дали може доле да ставам фиока? Се мислам да не ни е ниска собата Т.е. само 40цм е столб на таа висина, инаку другите 50цм од креветот би биле на нормалната висина на собата околу 270.
Таа е некоја стандард висина. Мислам можеш. Види на икеа пример димензии за кревети на спрат, да добиеш претстава.
мислење, совет и искуство со кревет на спрат, никако не е изводливо за два кревети, веќе имам плакари и нема место, од каде имате купено, нарачано по мерка и како сте задоволни до колкава возраст може да се користат?
Sto mislite sto e podobro kupena gotova detska soba ili po merka? Iskustva? Gledam sega masko zensko se e bel mebelot posle detalite pravat razlika. Kakvi se vasite razmisluvanja i iskustva @AngelOfArh ako si arhitekt pomagaj na temava
Здраво. Едно прашање кој материјал е подобар за елементи (плакар, биро) во детска соба пластифициран медијапан или оплеменета иверка. Ви благодарам на одговорот.
Зависи од буџетот, иверката е по ефтина, мдф поскап. Медијапанот би требало да биде по цврст и издржлив. Еве лично ние ставивме сегде мебел по мерка од оплеменета сјајна иверка (дневна, детска, спална, ходник), а куњата ја направивме од медијапан.
Дсли некако е изводливо овие скали што ги имаме на креветот (страшно непрактични и стрмни) да се претворат во некакви скали како на извлекување? Значи да може за качување да ги извлечеме нанапред да има некоја косина, и после да се соберат, зашто нема простор во собата така да стојат? Висок е лреветот на околу 2м и нити можам да застанам ни постелнина да сменам ни ништо. Не е проблем и веќе постоечките да се извадат. Спојлер: Скали Спојлер: Идеа за нови
Види зборни со некој мајстор за мебел, најубаво ќе ти каже. Ако би биле накосени и со класични скалила (како од сликите што ги имаш ставено во примерите), ќе треба да имаат некаков механизам горе на спојката со креветот, за да може нели да се исправат и да се доближат паралелно со креветчињата. Не знам дали има таков механизам кај нас, не сум сретнала досега. Плус некако ептен тешко за ракување ми изгледа вака кога го замислувам. Секој ден клик-клак со скаличката за да се качи детето. Ич нема место за да ставиш вакви закосени со нормални скалила ко на сликичките од примерите? Мислам дека без проблем би можеле да се заменат со таква некоја, мајстор да ги направи по мерка.