1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско штедење

Дискусија во 'Дете' започната од rainlover, 23 јануари 2011.

  1. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Дали штедите за вашето дете (или додека се подмират сите месечни трошоци не останува за штедење :^) )?
    Дали имате отворено книшка во банка или си штедите онака дома во касичка?
    Во која банка имате отворено книшка и дали сте запознаени со условите кои ги нудат банките?
    Што мислите дали детското штедење е добра инвестиција?

    Ние после првиот роденден отворивме книшка, на која му ги ставивме парите кои ги доби кога се роди (од повојница), од крштевката и од првиот роденден и се собра добра сума. Во текот на годината како бевме во можност му стававме и ние, не многу, се надевам во иднина повеќе.
    Мислам дека детското штедење секако е добра инвестиција, подобро парите кои ги добива да ги штедиме, отколку да ги трошиме на работи кои баш и не му се потребни.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Незнам баш нешто многу на темава, ама јас да си кажам дека си собирам во новчаниче пари ама некако слабо се собираат. :lol: Мислам дека е добра идеја, на пример ако детето сака нешто да си купи а не е во моментот во можност да собере малку пари, па ако е потребно и родителите малку да му додадат и така ќе си го купи нештото. А и така кај децата се стекнува навика да штедат, за понатаму во животот, да не се расфрлаат со парите. Еве на пример јас некогаш се доведувам во искушение :D да си потрошам дел од парите или сите пари, на пример ако се 500 денари или 1000 во супермаркет на грицки, сокови и благо но веднаш ми текнува ако на тие пари се додаде или соберам уште малку можам да си купам некоја блузичка што можеби одамна ја посакувам. :) А и вие можете уште од сега да собирате пари за вашето дете и кога ќе потпорасне малку да му купите некоја навистина корисна работа што ќе му треба и ќе му се допаѓа. Еве на пример вујна ми, му ги собира на страна парите на братучед ми што ги добива со стипендијата месечно и кога тој ќе заврши средно, ќе му купат кола. :) А не вака, да ги троши на глупости. И јас се согласувам - добра инвестиција е. :)
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Паметна работа.Знам дека Тутунска имаат детско штедење,ама не сум запознаена баш.
    Во секој случај,одлично е.Најчесто им текнува на родителите за такво нешто веќе кога децата ќе им стигнат за на факултет и одеднаш можностите се ограничени,а баш напротив,тогаш е вистинскиот момент да му го дадеш тој вистински подарок.Таа играчка која сега ќе му ја купиш или нешто облека...ќе и мине времето или си купиш нешто за по дома што може да помине и со друг начин те паметна прераспределба на парите во домашниот буџет.
    Јас искрено на своето дете никогаш не би му кажала дека штедам за него,не знам зошто,веројатно за да не му ги убијам амбициите и да го направам потрудољубиво,а не да знае дека ете нешто ќе има на тацна те стварно не знам зошто,но со сигурност сите пари кои би ги добивало би му ги вложувала на таа сметка,а и би се трудела бареееем 1000 денари во текот на месецот да одвојам за таа намена,секако,убави би било и 10 000. :D
     
    На gjoker4e, Elena69221, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Доста паметна работа е детското штедење.
    А, и се согласувам со Лилит за последното.
    Би штедела за моето дете, но не би му кажала. Иако мало, детето може да си сфати здраво за готово, дека има обезбедена иднина, па воопшто да не се труди да стекне работна навика.

    Ако тргнам од себе, истово можам да го потврдам. Додека бев мала, дедо ми за секоја успешно завршена школска година, на посебна книшка(една моја и една на сестра ми) ни ставаше одредена сума пари(за секоја 5-ка, така ги сметаше) :) Се разбира јас за ова не знаев, а ниту имав пристап до таа книшка. И затоа кога завршив со средно, изборот за трошење беше мој. Дел од тие пари, сега се за моето школување, а на книшката има и повеќе од доволно за други потреби.
    Ете ви идеја, за оние сегашни и идни мамички, како може да му ја подобрите, барем материјално иднината на вашето детенце. :)
     
    На CarrieBradshow и kjukli им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Ова е навистина добра идеја, и јас планирам да го направам тоа, здравје Боже кога моето дете ќе се роди. Секако дека нема да му кажам - барем не додека не дојде време за школување (студирање). Како што живееме во несигурно општество, добро е да се знае дека ќе има нешто на страна. И не само да му отворам сметка, туку и планирам да биде со опција орочено штедење. Додуша, не се разбирам многу, ама мислам дека токму ороченото штедење е добра опција. Знам дека е на ограничено време, не знам колку, ама веројатно може да се продолжува. Како и да е, со сопругот решивме да се распрашаме за детското штедење во банките, па ќе решиме каде ќе отвориме сметка на негово име. Сите пари што ќе ги добива ќе одат на таа сметка, а секако дека и ние ќе придонесуваме таа сметка да расте.
     
  6. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363

    Лилит...Мене моите ми отворија детцко штедење во тутунска банка...искрено многу сум задоволна од услугата, а и целата ќејфој сум заради едни детски лепенки што ги ставет, а и многу поклони си добивам , де тетратка, играчка некоја, моливи, пенкала. И да убаво е да си имаш една штедна книшка.Јас на жалост не можам да располагам со тие пари, бидејќи кога ми ја правеа моите бев малолетна и немам право на тие мари се додека не поминат 3 година па да си направам друг договор. ;)
     
  7. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Со маж ми му отворивме смета на син ми кога се роди во Стопанска Банка орочени на 3 години со можност за дополнително внесување на пари.Убава работа е детското штедење бидејки еден ден тие пари и те како добро ке ти дојдат за школување на детето.
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Моите родители ми отвориле книшка кога сум се родила,како на брат ми така и на мене,на книшка се ставаа пари од родендени,крштевки а и моите родители од секоја неделна плата одвојувале по некој долар.По смртта на мајка ми,татко ми си продолжи со истото темпо.Кога се вработив и изразив желба за купување на куќа,татко ми ми ја даде книшката на која што имаше дупло повеќе од депозитот што ми требаше за да земам поволен кредит,така да јас сум им крајно благодарна за тоа штедење.Брат ми пак си ги искористи парите за студирање,да не зема студенски кредити.
    Сега и за внук ми сите му ставаме на книшка така да се надеваме и нему еден ден добро ке му дојде заштедата.
    Јас кога ке имам и свое дете тоа е една од првите работи што би ги направила зошто и сама се уверив дека со годините се собираат солидна сума на пари.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тоа ми беше првата работа што ја направив одкако се роди. Му отворив штедна книшка и секој роденден а бидејќи му е околу Новата година и собере полно парички му ги ставам на штедната книшка. Јас немам депозит за детско штедење бидејќи каматите се помали туку типичен 12/13 депозит затоа што каматата е поголема а и добиваш една екстра камата. Плус му плаќам и детско осигурување онаа што ем штедиш ем детето е осигурано од било каква повреда- мада недај боже да се нешто случи. Тоа ми е договор до негова 18 год. да утре кога појде на факултет да не му ја мислам, можеби ке немам услови да го школувам а можеби ке имам а парите можам да си ги подигнам со камата после 3 год од првата година на уплата. Добро ова е екстремен услов кој можам да си го дозволам.
    Уште е мал па му немам кажано дека има штедна книшка и тој :) а за понатаму кога ке порасне и зрело размислува би му кажала ако пројави интерес :D. А тоа за лакомост по пари, додека е под мој кров и јас го издржувам ќе игра по мои правила а кога ќе се сам осамостали тогаш ќе свати како се трошат сопствени пари.
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Многу одамна додека живеев во друга држава на првот па потоа и на второто им отворив штедни книшки за кои до ден денес незнаат двајцата . Ех да знаеа досега ќе ги немаше. :) Но кај едниот постариот сумата е двојно поголема затоа што 6 год разлика се ... и покрај моите финансиски одвојувања и мојот покоен свекор вложуваше и ја зголемуваше сумата на внукот во тоа време единец. Понекогаш си мислам да им кажам , но додека не ги срамнам двете на исто , мислам проблем ќе е :D И двајцата во моментов се во луди години и имаат големи побарувања :D
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.199
    Јас дури лани отворив една книшка на која штедам за двете деца. Претходно немав можност, или можеби така си мислев. Како и да е, и сега не е многу доцна :)

    Покрај ова, се мислам како да продолжам со штедењето. Детско штедење, орочен депозит, животно осигурување... многу модалитети што треба да се разгледаат добро. Искрено, не знам кој е најдобар.
     
  12. lelena

    lelena Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Како оди тоа со осигурувањето? Има врска со депозитот или.....
     
  13. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Дали ми имаат отворено штедна книшка моите незнамне верувам
    Јас и сестра ми сами си штедиме..
    Штедевме 2 години и си купивме 2 лаптопи и татко ми ни додаде колку што ни фалеа по 2,5 илјади
     
    На Ridis му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Кога мајка ми се вработи, си здоби навика жената секој месец да трга настрана по 20 евра за мене :^) мило ми е заради тоа што работи поприлично долго, и знам дека тие пари некој ден ќе се најдат за нешто... некогаш се нервирам затоа што сака сите пари што јас на некој начин ги добивам за да си купам нешто - за родендени, нова година, празници -.... сака и тие да ги стави во евра :geek:

    Многу штедлива мајка имам, и ако некогаш се зафркавам на нејзина сметка,... баш заради ова :lol: тие пари ќе користат некој ден :)
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас си ја добив книшката пред некоја година на која дедо ми и баба ми ми ставиле некоја марка кога сум се родила, мислам и дека на првите родендени додале уште малку.
    И пред година две си ги извадив парите, ми се најдоа за летниот одмор, не беа многу, ама баш се израдував и многу ми значеа.

    Со тоа што искрено ептен имав големи маки додека ги извадам парите.
    Зашто 10 банки поминала штедната книшка од Земјоделска до ова онаа Силекс банка до пред година дена и последната илјадарка ја земав пред некој месец од бугарска банка. Али се јавував и одев и до дирекциите на банките, зашто имаше зафрканции големи, кои јас не ги разбирав баш.
    Како и да е паричките ги земав и сега аш ги нема, а се надевам еден ден дека ќе штедам за моите деца, тие секако не мора да знаат, доволно е да знаат за џепарлакот, за штедните книшки не ;)
     
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Дали моите отвориле сметка за мене и сестра ми не знам, искрено не ни верувам. Како помала ич не штедев, од дома кога ќе ми дадеа паричка и заради тоа што веднаш трчав во продавница ме зезаа демек ќе зар`ѓеат па трчи да ги потрошиш :D . Сега штедам во касичка. Ете полна е треба да ги бројам. Ама не собирам 1,2 или 5 денари туку 10ки и 50ки. Ич не ми е мака што 50ка ќе пропуштам ако знам дека некој ден убаво ќе се наградам :)
    Дури ден денес баба ми ми дава пари за оценките, жално што само петките ги плаќа. Порано сите ми беа петки па си имав парички а сега секоја година помалку :lol: :$ :tmi:
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Животното осигурување е др. работа, си слушнала за Граве осигурување.
    Првите 3 год. неможеш да го менуваш износот на депозитот и неможеш да си ги подигнеш парите а потоа можеш ако сакаш да го менуваш износот на влогот или пак да си ги подигнеш парите. Со самото склучување на договорот имаш опција за што и како да осигураш. Значи годишното осигурување во суштина е депозит а + добиваш и животно осигурување.
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Која од нашите банки ми е најдобра за да отворам книшка на малата???
    Се мислам помеѓу Тутунска, Уни и Стопанска банка.
    Имате искуства или да одам директно таму да се распрашувам?
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Сега не се сеќавам како беа условите, ама пред скоро 2 години ние се одлучивме за Комерцијална. Земи ја и неа во предвид, сигурно има причина зошто сме ја одбрале, иако сега не знам да ти ја кажам :D
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ^ Од економска гледна точка - поголема камата е на денари отколку на евра, помала камата е на ,,детско штедење,, отколку обичен орочен депозит. Како и да е пак родителот е носител на сметката зашто детето е малолетно и тоа што ќе гласи на негово име зависи за кој како е битен детал.
    Слатки се оние 12/13 депозити што сака да каже дека по една година од доспевање имаш 1 + камата т.е 13-та камата.
    Инаку до 10000евра во секоја банка камата е 4% годишно, некој ќе даде и 4,5 или 4,75% макс и е реткост ако има некоја акција и тоа се начекува инаку кај сите банки е исто. СДК исто во различно пакување ;) .
    Некои ,,лажат,, ако си нивен клиент имаш онаква поволност дрн,дрн...само да те намамат...
    Па ќе те распаметат ако земаш месечно камата или на крај на година |( ....
    Не форсирам ниедна банка, али која и да решиш гледај каматата да не биде испод 4% на евра или 8% на денари
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.