Ние имаме детски книшки преку Комерцијална банка. Читав дека и Тутунска имаат добри понуди. Парите се орочени. Кога ќе наполнат 18 години ќе може да располагаат со нив.
Да, ми беше понудено, како истовремено и штедење и осигурување, нз колку е добра инвестиција ниту од кој ризици е осигурувањето.
Исто ти е се. Камати ужас. Гледај тебе како ти одговара со банка - близина на банка, ти да имаш сметка и слично
Го имам јас сигурно е, мене ми е шодобро од штедење во банка зошто знаеш дрка ќе ги тргнеш парите...има и некои плус поволности ако е детето со одличен успех следува 2,5% надомест...јас имам иста таква полиса за мене која вклучува за секое новородено дете исто надомест одма ми исплатија
Колку е голема? Вреди да штедиш или само е поголема од другите? Јас му отворив во стб ама не ги орочив зашто стварно е смешна каматата туку баш да му заштедам пари до 18год. За овие осигурителните компании ме интересира каква безбедност нудат? Како да бидам сигурна дека фирмата нема да пропадне за 5 години? Може лупетам ама стварно не ми е јасно.
Само е поголрма од останатите банки иначе е незначителна на мали суми... Осигурителните компании постојат повеќе од сто години, функционираат на тој начин што средствата ги вложуваат во инфраструктура, компании како кока кола, епл... и можноста да пропаднат е скоро 0, а и има луѓе кои што им поминале годините на полисата си ги подигнуваат парите и тоа е тоа се е како што е ветено... и не ветуваат дека со влог од 200 евра ќе добиеш 200.000 како што е лајонес и разни преварантски компании
Дали можеш да ми кажеш нешто поконкретно, кои ризици ги опфаќа? И колку е минималната годишна премија?
"Коко - Детско штедно осигурување на Кроациа осигурување - живот - Pari.com.mk" https://pari.com.mk/коко-детско-штедно-осигурување-на-кро/ Највеќе ми се допаѓа што доколку е полисата да речеме 20 години и ми се случи на мене нешто, т.е починам полисата не престанува туку тие ќе му ја исплатат до крај на детето
Па таман работа да не исплатат, за детето штедиш. Ќе разгледам и јас мада ептен сум скептик за овие осигурителните, како печурки никнуваат.
Не сум тука да убедувам нити го работам тоа од лично искуство зборам имам јас веќе 9 години полиса за мене, има сопругот и детето од раѓање... доволно истражував претходно и е многу подобро од банка
Ние имаме животно осигурување во Кроација. И станот ни е осигуран кај нив. Детско штедење до сега, само во Комерцијална.