Дали некој има отворено животна полиса за дете, во која осигурителна и зошто баш таму паднала одлуката? Сакам да почнам да штедам, ама не знам од каде да почнам. Имало некои фондови или осигурителниве кои имаат полиса пример да покриваат приватно школување ама во странство? @Pacient srna сега видов баш си пишувала за штедењево тоа што ми беше идеја за школување . Направивте негде полиса? Истражуваше нешто да ми кажеш предности мани или не.
Затоа што каматите им се за нигде, многу мала заштеда има. Јас сакам практично да инвестирам, не очекувам којзнае колкава добивка ама сепак да не е 1-2% како по банките. Ќе ги проверам и нив секако, ама се ми се чини дека не се за ваков тип на штедење како што барам.
Пак види си што како, ама после ова што се случи со Граве, Лајонес и слични на нив, веќе не им верувам на животните полиси. Предноста во банкарското штедење ја гледам во тоа што во овој момент можам да ги подигнам сите пари. Ако е поголема сума, ги добивам најмногу за 2 часа.
Јас не би играла на карта животни полиси, кога се работи за пари на ќерка ми. Не ми се сигурни и не ми е веродостојно дека за 20 години уште се така ќе фунционира. Јас и имам обична трансакциска отворено во банка и така и ги чувам парите и и убацувам секој месец ситно. Нема камата ама па боље така и кога ќе ми текне да и ги извадам него да се врзувам со фондови што може нема да постојат за 20 години.
Јас се распрашував, една од опциите ми беа граве или кроација. Тие се најактуелни на пазарот. Ми испратија понуди и од едната и другата компанија и искрено не сум задоволна. Детско штедење или животно осигурување на дете (исто е) е тотална глупост. Зошто го мислам ова: пример 1000 евра годишно уплаќам и кога ке направи 18 години, јас ке имам уплатено 18 000 евра. Е сега они ке ти исплатат 19 000, за 18 години што ќе им бидат парите на располагање тоа е мн мал процент на исплата. Плус дополнително кажуваат има по 3% ако помине одлична во средно, па осигурување од несреќен случај (се доплаќа) е тука кога ке ги видиш цените (5евра по ден) е реално смешно. Може ова во светов функционира супер но кај нас не.
Не се испочитивани договорите, направени се со дупки за да можат да се заобиколуваат. Прогуглај ќе видиш искуства во Србија, Босна.
Пред некое време и јас прашував за ова и се двоумев и уште се мислам. Овие животните осигурања некако на долг рок кај нас не знам што би се случувало. А факт е дека детско штедење во банка е само проформа, обична сметка. Но сепак подобро во банка ќе ги уплаќам секој месец отколку дома, на располагање ми се цело време, а не сакам да трошам од нив. Ако најдеш нешто соодветно баш сподели ми.
Ќе побарам и јас понуди да видам што нудат и придобивки, ако е математиаква ко што вика @Doktor F е смешно. Реално штедење во банка не е тоа што барам, тоа е место да ги чувам во фиока да ми стојат во банка. Барам инвестициско штедење ама да не е тоа огромна сум , можда оние инвестициски фондови се правилен избор за ова, ама па нема здравствено осигурување, не покрива лекување и слично, а очекував тоа да го има по осигурителниве и тоа ако земеме да плаќаме плус може ќе испадне сегде исто.
Првпат слушам за ова, може повеќе да споделиш? Инаку, обично детско штедење месечно што си "зема" од мојата сметка и префрла на штедење кај децата, за мене е идеално. Ниска камата, точно, ама па и сумите се ниски.
Јас мислам дека е обично злато, во принцип златото на берза нон стоп расте. Ама тоа е сега да земеш 100 гр злато ако имаш толку кеш и да чекаш 20 години да го продадеш да заработиш.
Купување на 24 каратно злато со чистота 999.9 кое не подлежи на ДДВ. Кај нас во МК се продава од стана на Invest Metal кои работат преку Бугарија, Golden Masters, преку Србија и Уни Банка која би ја заобиколила во однос на инвестициско злато, ај што немаат откупна цена туку и маржата им е до плафон. Имаш турско и швајцарско, цената за малку се разликува едно од друго. Генерално ако не ти требаат парите во најмалку следните 5 год е идеална инвестиција. Злато во 2009 било 20 евра грам, сега е 60. Тоа се плочки од 1 грам до 1 кг зависи колку имаш. Еве линк од фирмиве https://www.investmetal.mk/mk/ https://investiciskozlato-gm.mk/
Кога на почетокот на март би купила 100 грама злато, денес би имала 500 евра заработка. Не е баш така дека е обично злато, тоа е муабетот инвестициско злато, нешто на што не планираш да заработиш на краток рок (не дека не е можно како што пишав) туку да остане за децата, планирање на долг рок, тоа е и муабетот на темава. За 20 год можно е цената да е 4 пати повисока, во најлош случај иста, пониска скоро невозможно.
Во која смисла си задоволна? Имаш поврат на средствата или…? Прашувам зошто ме интересира, баш бев заинтересирана и за животно осигурување и детско и се разочарав. Животното па да не зборам..
Кога би имала пари за да купам 100гр 24 каратно злато ич немаше да се размислувам како да штедам . Златото се качи сега прво со пандемијата, после и со војната. И можда во моментов не е најпаметно да се купува. Сепак варира и на краток период е голем ризик да заработуваш со злато. Долгорочно да, ама работата е што треба од еднаш многу да вложиш, а немам толку вишок.
Не мораш со 100 грама, можеш со 5 грама, па по 6 месеци 10 грама, никој не вели со 100 дека треба, богами и тие се луѓе се ретки барем јас така мислам. Мене ми се на пример овие инвестициски фондови и осигурителни компании проблем, од аспект на тоа дека 10 год најмалку имам обврски секој месец , доволно ми се кредити, а ја тоа не го сакам, згора на тоа која математика да ја направам не ми изгледа примамливо ни по истек на тие 10 год.