На бебушот веднаш штом се роди му отворивме штедна во НЛБ, со траен налог од двајцата родители, секој месец да му пристигнува по некој денар. Се распрашав во WVP, таму имаат еден Јуниор Инвест клуб, т.е на име на детето да се инвестира во еден од фондовите, освен "очекуваниот принос" детето после 7год. може да учествува на нивни предавања за финансиска писменост преку игри и сл, што е според мене многу добро. Исто се мислиме некое осигурување, дали класично (живот и повреда) или Коко од Кроација (комбинираното) Ги контактирав на Кроација, им побарав обична понуда, тие веднаш почнаа да ми продаваат, бараа контакт телефон... Некои совети, мислења да споделите, конкретно за осигурувањето. Некој искуство со Триглав дали има, за деца некои пакети?
Има некој извадено Халки (детско штедење)? Не знам дали е подобра таа опција или да извадам на мое име (а да штедам за детето)?
Генерално парите ги "јаде" инфлацијата. 1000е сега и 1000 е после 10г не вредат исто. Ние одлучивме да му ги инвестираме во злато, како еден подобар начин на чување на вредноста на парите.
Јас имам за двајцата сметки во Халк, кога прашував кога ги отворав, ми рекоа подобро отвори им трансакциска него Халки. На нивно име се сметките, јас сум овластена до 18 год.
Купувам инвестициско злато, 24 каратно. Монети се да, ама злато со степен на чистота 99.999% Разликата меѓу цената по која се продава и цената по која се откупува е минимална, не е како накитот кој ако сакаш са го продадеш добиваш 70% од моменталната цена за грам. Од Инвест Метал купувам.
Од таа што е најефтина во моментот на купување. Мала е разликата, еве за споредба 60 денари е разликата, 3д по грам, што е незначително.
Најубаво ти е директно. Јас бидејќи не сум од Скопје, а до износ од 60 000 ден ти го носат со карго и е 350ден доставата, коа нарачувам до тој износ со достава нарачувам што до некаде по ми се исплати него да одам во Скопје. Над тој износ го носат од некоја фирма за обезбедување и лично ти го предаваат тебе или на тој што ќе го назначиш за примател, но така доставата е 2000ден и ми се исплати повеќе да одам лично да го земам јас или близок ако оди да дадам негови податоци за подигнување. Инаку безбедно е, без лична карта никој не може да го подигне.