Јатрва ми (сеуште не оффицијална нели), многу паметно постапи, само што и се родија дечињата им отвори книшки, и сите нивни пари добиени од нивното раѓање, повојници,родендени,крштевки....и било кои други поводи им ги става нанивните книшки. И вели: "се додека можам да им ги собирам додека не почнат да разбираат и да се бунат ќе собирам, и еден ден...пример 18ти роденден или понатаму во животот ќе им ги дадам. Ќе ми бидат благодарни"
Која банка денес дава камата над 8%? Во сите банки каматите се движат максимум до 7% или 7.25% и тоа на рок од 60 месеци.
Кај мене дома на видно место стојат две касички (прасенца ). Како влагаме дома се што имаме железни парички ги ставаме. Се собираат обично по 1000 - 1500 денари месечно. Сега со 10-киве и 50-киве железни побогати ни се касичките. Селектирањето во посебни кесички на 1,2,5,10,50 и тоа се по 10 монети во купче, не ми е проблем, ама кога ќе отидам во банка и ќе почне дотичната зад шалтерот да превртува очи , ми иде од кожа да излезам. Ретко во која банка имаат бројач на монети. И ставаме на книшка од родендени, нова година ... ама никако да фатам некое темпо па да ставам месечно по некој утврден износ. Имаме книшки во стопанска, Комерцијалан и Тутунска ... јас не гледам некоја разлика од банка до банка. Размислувам да ги извадам сите пари и да и ги ставам како орочен депозит, мислам дека така е поголема каматата.
Malava ima nekoj para,dal ovoj dal onoj i se sobra dosta a mama i go cuva si i stavame so mm sekoj mesec po nekoj denar. E sega sakav da prasam kako se % od bankive,kolku godisno ima i koja banka ja preporacuvate? Sakam da i otvoram kniska vo mak,tuka ne sum za!.
Ние имаме отворено во стопанска банка. Некако најисплатливо и најсигурно ни се виде. И тоа во денари. Е сега ние ја отворивме пред неколку месеци И треба да видам за да ти ги кажам условите ама мислам дека можеш да провериш на интернет.
И ние ставивме во Стопанска банка на Пчелка, ги разгледував условите на нет од посигурниве банки, и сепак најголема каматна стапка имаше тука. Но сепак на крај се одлучивме да ги орочиме во девизи, а така каматата е дупло помала, но помирна сум за парите зашто не ми се во план да ги вадам во догледно време.
Не е страшно да се штеди и во денари, мирен ни е курсот- фиксен а и до 20.000-25.000 еур не знам точно се осигурани депозитите.
Имам прашање кое не е за детско штедење но сепак е повразно. Пример орочувам 1000 на 12 месеци и камата е да речеме 2%. Оваа камата се однесува месечно или на крајот од 12те месеци?
И јас во денари и ги орочив. Во Ти-Би на Тутунска, договор на 5 години, постепено штедење. Овде каматата се внесува годишно и е на целата сума.
дали во другите банки е исто како во стопанска дека треба да бидат истовремено присутни родителите со изводот на детето? Арно ама кај да го најдам мм работиме двајцата цел ден едвај јас можам да искачам до банка во 4 и 15 пред да затворат а тој излегува во 6 од работа?дали во другите банки е доволно само едниот родител да биде присутен? Поздрав,
Јас во Комерцијална му извадив сама, со извод негов и моја лична карта, додуше како застапник само мене ме ставија. Натаму може и таткото да се стави за полномошник или застапник.
Јас имам во стопанска банка кога се роди малата и за жал ме измалтретираа и бебенце требало да го носеш во банка а и мајката и таткото и извот мислам дрка не сум баш задоволен ..Сакав и на другото дете да му отварам сметка ама од помислата на малтретирање сеуште не сум направил ..Дали има некоја деуга банка кај што може само еден родител да е тука и да отвори сметка со извод ..
И внук ми има во тутунска штедна книшка кога се роди Татко ми му стави 500 евра ,и од тогаш навака година и нешто секој месец носат на сметка ,односно додаваат по 1000 денари,така ќе прават 3 год е договорот,од банката им рекоја ќе даваат секоја година поклонче некое,и кога измина 1 год му дадоа на бебушко една никаква мала касичка,јакиот поклон ама нејсе...убаво е ова штедење за секој кој што е во можност
Сум била ЗА ...и се велев дека ќе му направам детско штедење. Но ете ради др.околности не успеав. Ама затоа се што он добил сум му збирала и за него сум купувала.
Медо штедо на Шпаркасе банка... Кога можам колку можеме ставаме, а остаток како што кажа и Сноу му купувам што ме е потребно. Негови за мои потреби не сум потрошила