Повеќето се потрошени,грото отидоа за крштевката но здравје ваљда ќе надохнадиме. Однапред неможам да кажам за пто ќе бидат,животот ќе покаже. Јас исто не дека имам којзнае каква доверба во банките ама се одлучив за банка. Не ради каматите колку ради сигурност дека нема да ги потрошиме. Злато не би купила. Старото злато има скоро на пола вредност. Така би биле во загуба бајаги.
Јас во златоне би му штедела. Кога ќе го продаваш пониска му е вредноста. И ризикот од пропаѓање на банката стои. Но и ризикот од пљачкање на домот исто така. Конкретно на сестра ми станот го ограбија и земале исклучиво пари и злато. Ние за банка се одлучивме. Каматите се многу мали за разлика од пред 7-8 години кога беа за девизи 6 за денари 10 посто годишно. Сега ич не рачунам камата. Сите пари од раѓање на син ми што ги собра, буквално сите ги ставив во банка со стандарден орочен депозит. Орочени на 5 години каматата 2,2 годишно мислам беше. се собра убава сума пари од 1600 евра па ја поделивме на три договори. Она детско штедење кога ќе се вратам на работа планирам да му почнам. Ме нервира што ме врзуваат секој месец мора да се стави. Јас кога имам му ставам повеќе кога е кнап месец не ставам.
Јас баш детското штедење го гледав бидејќи можеш со мала сума да штедиш. Плус имаш обврска редовно да штедиш што дома не би го направила.
Јас му отворив таква книшка,баш од таа причина. @irena.1 де упатине за какво штедење е она со 1600 еврИ.
Ништо посебно Галапче. Ако во даден момент имаш одредена сума пари правиш договор со банката колку пари, колку години, колку е каматата. Па затоа што е за бебе стои и кои може по истекот на времето да располага со парите. Стандарден орочен депозит. Па стопанска банка се жива смешка, освен родителите бараат и присуство на бебето.
Како бе присуство на бебето? Ние имаме штедна во стопанска банка па никогаш не побарале детето да е присутно. Ниту пак нѐ обврзуваат да се става секој месец. П.С: Се извинувам ако не сум разбрала нешто како што треба.
I nie stedime vo Pcelka stopanska za golemata.jas kolku znam treba da se prisutni dvajcata roditeli ma za deteto prv pat slusam Za malovo uste ne sme otvorile ama kaj i da e ke bide Inaku doma nikako, pred mesec dena ne ograbija, sto imav pari zlato otide, srekja ne ja nasle kasickata na decava pa ne gi nasle, ziva ke se izedev.taka da bolje u banka pa kamata kolku tolku otkolku nekoj drug da mi gi zeme
Која банка тоа? Јас имам детско од Комерцијална и можам кога сакам да ставам, не сум врзна со месец или било што слично.
Стопанска и турунска сигурно. Фала на инфо. за комерцијална. Со крокодилче нешто беше штедењето така? Само таму немам сметка па ќе треба да отварам.
Го бараа и бебето не лажам жими мајка. Кога ја отваравме сметката негова. Лето беше,жешко што да ти кажам ние со се количка во банката. И плус двајца родители. Маж ми на работа до пет, па бегаше од работа сметка да отвориме.
При отворање сметка треба да се присутни родителите, а за понатаму прашуваат кој може да надополнува и вади. Така што и јас и мм можеме во било кое време самостојно да се појавиме за било што (таа опција ја избравме).
И ние ја имаме Пчелка на Стопанска банка и не мора секој месец да ставаш пари туку кога сакаш. Услов е минималниот почетен влог да е 3.000 ден., потоа ставаш кога сакаш и колку сакаш. Ние имаме направено траен налог по наша желба и секој месец префрлаат на нејзината сметка одредена сума. И нас не ни бараа детето да биде присутно, тоа е апсурдно и сигурно не е политика на банката туку дело на некој неинформиран вработен.
Да да, ние ставивме може да става кој сака. Да не одиме двајцата пак, проблем ни е. Ама ова за бебето и јас се смеев претходно кога ми кажуваа, ама ете. Мм им вика абе два месеци бебе е, кај ќе го пикаме во гужва. Е таква им била кај нив политиката по ново. (Во стопанска во н.лисиче) . И капак на се госпожата што се занесуваше таму дека треба и бебето заборавила да го пополни делот кој да располага со парите кога ќе истече договорот. Она праша,ама не пишала. И ми се јави другиот ден на моб. Пак да одиме. Викам јас нема проблем дома сум, мм е на работа. Па отидов ми ги даде документите дома он да потпише, па третиот ден и ги вратив.
Очигледно типката (вработената) врска немала со работа. Ееее Иренче требаше прво нас тука да не прашаш пред да го влечете и бебето
Хаха, а јас претходно читав низ интернетов дека и бебето им го барале и си реков ма нема шанси, којзнае што разбрале луѓево. Се дур мене не ме задеси. Викаме со мм да одиме во друга филијала бетер комплицирано, треба со кола, па количката ај тука. Битно завршена работа. Па уште утре дента кога се јави дека заборавила леле мм вика проблем ќе правел. Јас му викам ќути ти сега јас ќе завршам. Е арно бидна и од тогаш со госпожата работава сад смо на ти кога и да имам работа во банка кај неа (она од страна седи не на благајна) па како сте што правите, ај со бебе сте да не чекате и така, циркузи.
И двајцата имаат штедни книшки. Сите пари што ги добиваат им ги ставаме на книшка. И дома имаме касички - прасенца. Во Комерцијална банка сама бев да ги отворам книшките. Однесов само извод.
Moze nekoj da mi objasni kade momentalno ima najdobri uslovi za decko stedenje?i kolku e pocetna suma koja mora da se stavi?