Ние отворивме во Комерцијална, ставивме 100 евра, незнам колку е почетна сума, па доставаме кога имаме вишок, од роденденот пари таму, имаме направено до 18год да не се вадат.. им расте камата, малку ама расте
Jas momentalno imam samo 50evra koi ne sakam zaludno da bi bidat potroseni dali e dozvoleno za pocetok taa suma na pari da se stavi za stedenje,fala
Јави се во комерцијална, сме заборавиле точно што треба, еден родител, лична карта, извод на детето, мислам дека ќе ви отворат за 50евра, мм не е сигурен но вика дека може минимална сума 1 денар, како и да е сметката ке ви ја отворат, а ти може да ставиш колку сакаш.. ке ви дадат детска книшка од таму, сите суми ке ти бидат таму напишани
Можеш со 50 еур, колку што гледам на сајтот минимален износ е 15 евра. И јас за малиот таму имам отворено.
Јас пред 3 години кога споредував најдобри услови имаа Стопанска банка и така се одлучивме за Пчелка. Минимален влог е 3000 ден.
Ние имаме отворено во Тутунска банка. Секој месец ставаме на сметката ама незнам колку беше минималниот износ мислам 50 евра.
Јас му имам отворено на малото во Тутунска. За почеток направив до две години но да можат да се вадат. Не ми се сигурни банкиве на ова променливо време за поинаку. Минимално за секој месец е 1000 ден.
Неможе голема банка туку така да пропадне. Јас штедам во Стопанска. А Тутунска мораш секој месец по 1000ден да ставаш? Ние можеме кога сакаме колку сакаме, не не' обврзуваат да мора секој месец да ставаме.
Има повеќе начини јас го избрав тој. А за пропаѓањето.. Море ите како може цела држава да пропадне а не банка.
Еве може сум грешка во однос на горна граница,распрашај се,но до одредена сума гарантира НБРМ Ако имаш над неа(дај Боже)префрли во др банка,во трета и то
И јас му извадив книшка со можност за вадење на парите. Од инфлација се штитам со тоа што ги орочив како евра.
јас така во оние големите метални за кафе што носат по кафичите и ја залемив и на малечката дома сите кој имаа железни и ставаме за скоро пола година ја наполниме и оп 100€ на пчелката сега пак така си штедиме и си ставаме и добра камата има на 36 месеци се пресметува.. со капатализација ... А на Мој План на СТБ на една година има камата 1,90% а и можеш кога сакаш да ставиш и да извадиш без капатилизација
Ние штедевме во Шпаркасе, Медо Штедо, не изнервираа максимално кога на два пати извадивме и не одраа 50 ЕУР, па си ги уплативме како Детско Животно Осигурување КОКО во Кроација, еве веќе трета година, супер ни иде (1000 мкд месечно), доспева кога детето ќе наполни 21 година и ние решаваме како ќе му бидат распоредени, дали како џепарац месечен или одеднаш цела сума како роденденски подарок.
Ние сме на ТИБИ постепено штедење, минимално 1000 секој месец, само првата година не може да се извадат парите. Има основна каматна стапка + фиксен додаток доколку редовно се вршат месечните уплати. Многу не разгледував за опциите, оваа ми се виде како ок, мада и тоа погоре што го прочитав КОКО во Кроација е супер, ама ете не ми текна за таму.