Можеш да ги орочиш и плус да ставаш нови на детско штедење. Обично во сите банки е така. НАјчесто се губи каматата од тековната година ако вадиш пред истекот на рокот за камата за ставање не е проблем. Те молам немој да ги урочуваш
Им штедите ли одредена сума пари на дечињата? Редовно секој месец или повремено? Им ги чувате/штедите парите што ги добиваат за подарок (повојница/роденден) или ги трошите? Јас отворив штедна книшка на девојчето. Секој денар кој и е даден до сега и го ставив на книшка. Планирам и секој месец да и ставам фиксен износ. Ко ќе порасне се надевам да има "сериозна" сума и да си ја искористи за нешто "паметно" Вие како правите?
Сеуште не , од немарност не сме пошле да отвориме. Мислевме да отвориме штедна во стопанска. Планираме максимално колку можеме секој месец да уплаќаме и рачунавме до 18 години да има колку за една гарсоњера па ако сака повеќе нека си доплати или мама и тато ќе доплатат Само здравје Парите од повојница што му даваат не се некоја сума во несвест па повеќето ги потрошивме ама за него
Ние имаме книшка и девизна и денарска за него. Таму му ставаме само пари што ги добива за него. Не му уплаќаме редовно секој месец. Не знам баш дали се ислати да се ставаат така пари во банка сега со нискиве камати па затоа ставаме само тоа што му дале други луѓе нему. Има и некои понуди за детско осигурување каде наводно добивката е поголема од банкарска камата, ама уште не сме одлучиле што и како.
Pogolema suma na pari od dobienite za povojnica e zacuvana, nesto sitno sme potrosile sekako za nego. Pari vo banka nikako cuvanje ovde, kade sto sekoja smetka ti se pregleduva za se mozno i sekoj cent se smeta za bogatstvo. Ednostavno ne ti odi vo prilog da imas pari na smetka bilo kakva. Taka da stedna kniska ne doaga vo predvid. Planiram da pocnam so stedenje za nego koga ke pocnam da rabotam, do togas kasica prasica kje priceka
Набрзо од кога се роди синко му отворивме штедна книшка и си направивме налог од нашите сметки секој месец да се префрла одредена сум на пари. Плус дел од парите што ги собравме од повојница и од роденденот му ги уплативме на сметката. Тие пари ми се замислени за кога ќе сака да си се осамостои да му дадеме ветар во грб малку. Натака, ако сме во состојба да плаќаме би сакала да му отворам животно осигурување.
Парите кои други луѓе и ги дале неа ќе ги ставам на книшка секако. Не сум сигурна дека би ставала месечно некоја фиксна сума да сме здрави и живи, ќе видиме.
Немам уште деца ама кога би имала дефинитивно би им отворила штедна книшка. Братучедка ми така прави за внукичката, сите пари од како е родена, од крштевка родендени и ги става на книшката, вика утре повеќе ќе и се најдат, отколку сега да и купувам глупости. Јас сум немала штедна книшка, моите во тоа време не штеделе, а реално и немале од што. Ама една моја другарка до нејзиниот 12/13 роденден пред да стане тинејџерка нејзините родители секој месец тргале определен износ на сметка, исто и парите од родендените, за празници собрани и ги ставале на таа книшка. После 18 роденден од тие пари и даваа за одмор и секако и го плаќаа факултетот. Вистински избор, алишта ќе се износат, играчки ќе му помине меракот ама пари на страна дефинитивно ќе се најдат.
Да, земаме плата од иста банка, ама мислам дека на која било сметка можеш да си направиш траен налог, не мора да е од иста банка. Искрено не ги ни сетиш парите кога ти ги повлечат, а вака да ги тргнеш настрана малку потешко, на крај на месецот секогаш притребуваат и ништо од заштедата
Мислам неможат од друга сметка во друга банка да повлечат средства, ама ќе се распрашам. Маж ми и сметката на ќерка ми се во истата банка, само јас во друга.
Да, секое денарче што го добиле им е заштедено, 100 денари некој да им оставил им се заштедени. За двајцат исто. Кога се родија им отворивме сметки, имаат пчелка штедење каде ги ставаме денарите што им ги даваат( повојница, роденден, нова година, баба и дедо) евра што се собрале им се орочени на посебен договор на неколку години. Да се чудиш ( јас се чудам) што убава сума се собрала. А од нас мм им отвори инвестициски фонд во КД фондови. Направени се договори на долг пат, на 15 год.
Книшка немаме, имаме касичка дома што не се отвара и таму му ги ставам, имам точно запишано колку и што му е дадено, за роденденот, за повојници, за празници, па ако нешто во мегувреме не сме ставиле во касата а ни требало и сме потрошиле за него , да ги доставиме таму. Е сега тука не ги рачунам оние секојдневни давања од бабите по 100 денари со нив одиме си купуваме нешто за ручкање
Откако е роден дечко мој сите парички кои му ги даваат ги чуваме во касичка (розево дебело прасенце ), и подоцна одат на книшка во банка. Наводно тие пари да му бидат за школување Сакавме да го осигураме, но не можат лица под 18год да бидат осигурени на тоа осигурување кое сакавме да го зедеме, па мм отвори на негово име, па од тоа ,,штедење,, некогаш да му купиме куќичка/станче Имаме и касичка со железни пари од баба која му ја даде, собирала откако сме и кажале дека ќе има внуче. Веќе е полна, па ќе ја испразнам и паричките на книшка, а мама ќе купи нова па ќе ја полниме
За поголемото дете имам веќе скоро 7 и пол години во Тутунска и си има една добра сума на пари. Планирам до кај 18 здравје ако можеме. Му ставаме по 1000 ден секој месец, нешто од плата, нешто што му дале, еве сега од коледе му ставив. И на малото му отворив пред некој ден и исто планирам, му ставив нешто од роденденот нешто од коледе. По 1000 ден не сетивме многу кога му се собраа. А мислам дека ќе вреди повече кога ќе му ги дадам тие пари здравје Боже отколку да му купувам секој месец глупости.
Парите што ги добиваат за родендени им ги ставаме на книшка. Планираме да им ставаме пари додека да наполнат 18 години.