1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско штедење

Дискусија во 'Дете' започната од rainlover, 23 јануари 2011.

  1. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Парите ми се дома..И кога треба нешто за нив купувам од тие пари..Еве сега роденденот на керка ми е нареден месец па од тие пари ке и купам облека..Гледам колку можам да не земам од тие пари но кога се дома тоа е..Но планирам да отворам книшка и парите таму
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.697
    Допаѓања:
    72.592
    Пол:
    Женски
    Јас имам таму... :) Книшка ко книшка, нас ни се орочени до 18год да не се вадат... ставаме чат пат ако собереме, ставаме од родендени таму... :)
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.373
    Мм отиде пред некој ден да и отвори и носел извод копија,ама не сакале му барале оригинал.Не ми се верува еј оригинал извод ,па сега треба да трчкам по шалтери за извод (facepalm)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Мене ми е апсолутно смешно штедењево по македонскиве банки, со каматните стапки жива смешка. А кога ќе ми текне дека ми се чини дека два часа дремевме во банка со маж ми за да и ја отвориме книшката на малата - папирологија еден куп. На крај и купив акции на берза, дивидендата ми е далеку по исплатлива освен тоа кога и да ми затреба можам да ги продадам и нема изгубена камата.
     
    На eliesaab, kikin, ^angel^ и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Штедиме и ние за синко.
    Е сега, не знам колку е паметно да имаме отворено две посебни сметки за него?
    Кога се роди, парите од повојница, крштевка, од баби и дедовци ги оставивме на сметка во МК.
    Сметката е на наше име (моја и мм) дека др. пари таму и немаме па за секој случај.
    Секоја годишен одмор ја надополнуваме по малку.
    Пред нова година мм бил во банка по друга работа и му текнало отворил посебна сметка на синко и овде со некоја мала сума како за почеток.
    Рече дека ке направи договор барем детските што ги земаме секој месец да се префрлаат на неговата сметка.

    Задоволна сум до сега, се надевам кога ќе порасне ќе знае да го цени тоа и да ги искористи за убави работи.
     
    На azelea, zuto, didisi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Се слагам со @mamita83 . Штедењево во македонскиве банки е во суштина тргање пари на страна (да не можеш да ги чепнеш ако паднеш во искушение) :) зошто камативе се жални. Баш ради тоа наместо во банка ги дадовме во Кроациа осигурување. Земавме пакет штедење со осигурување. Не дека кој знае колку ќе се збогатиме од каматава 3, нешто% (не ми текнува точно колку беше) ама секако е подобро од 1%. Сопругот инсистираше и на осигурување зошто тогаш не одеше во градинка, а и не знам дали во секоја градинка ги осигуруваат. Планот е направен на 18 год. да си ги земе парите а ние вршиме уплата еднаш годишно (опција има и на месечно, тримесечно итн.) Иако и ова со акцииве ми изгледаше доста примамливо, се одлучивме за оваа варијанта само заради можноста ако "не дај боже" ни притребаат итно парите да ги подигнеш па вратиш без да го прекинуваш договорот или да ти намалат од добивката.
     
    Последна измена: 13 март 2018
    На kikin и azelea им се допаѓа ова.
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.373
    Лорена ,кажи ми од Кроација тоа коко детско штедење го имате?
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.735
    Пол:
    Женски
    Мене ми нудеа од Коко оцигурувањето на Кроација, ама некако не се решивме за тоа.
    Вака со книпкава ги тргаш на страна па што биде нека биде. Ако решам да ги инвестирам во недвиќност на пример полесно ќе ги ивадам мислам а и можам да уплаќам колку сакам. Вака Коко мора одредена сума.
     
  9. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Да, детско штедно осигурување. Сега проверив, само тоа е.
    @JoyJoy затоа се одлучивме за годишна уплата, како и да е знаеш дека на пр. месец Март треба да извршиш уплата па ќе калкулираш на време. Исто така одбраме сума за која знаеме дека нема да ни е проблем ни за 2 ни за 10 год. Тоа е од мене и од сопругот. За некоја сума што би му била потребна за понатамошно школување или пак ќе ја чува за потоа- сеедно.
    Се што добил на подарок пак на штедна се става од причина што таму не ги гледам и не ги чепкам.
    Иако сакам и тие кога ќе се направат некоја поубава сума да ги префрлам во Кроација со еднократна уплата.
    Здравје па ќе биде и тоа. Во секој случај мислам дека доколку се има можност било каква сума да се штеди за детето е одлично, без разлика каде и како. Темава е секако за искуства да споделиме.
     
    На didisi и azelea им се допаѓа ова.
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Колку е каматата низ банкиве..Планирам деновиве и на двајцата да им отворам но не сакам да ги урочам..Секаде е истата камата..? И која банка нуди најдобри услови..Мислења
     
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Секако не ги урочуваш, ги орочуваш :) Каматите на неорочени пари се малтене непостоечки, секако повеќе се исплати да се орочат на некој период. Ако ти затребаат можеш кога сакаш да ги подигнеш, ако не е поминат рокот секако ќе си добиеш камата како неорочени. Барем во Комерцијална каде што е на синко книшката е така - јас му ги ставив на рок од година дена.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ние ич не ги сакаме осигурањата, ни јас, ни мм, ни моите. Многу лошо искуство имаме. Моите имаа некое за повреди( не знам точно како гласеше) татко ми имаше тешка повреда на раб.место со удар во глава, скршеница на вилица, безсознание, три недели во болница, ( влегуваше во осигурањето тој тип на повреда) . абе сто пати го одбиваа и вракаа и немаш ова, фали тоа. Уште толку пати, се заинати, носеше се што треба, и на крај признаа 20 000, пак се жалеше, па ај 30 000.
    Мајка ми имаше во кроација некој тип, ама што ти се заштедуваат парите. Имаше повреда, скршено ребро, лани имаше и операција од карцином. Ништо не признаа.
    За нашите банки се сложувам, каматите мали, посебно на книшка ако стојат. Нијанса се поголеми ко се орочени, ама и тие се мали. Имаше период пред 7-8 год кога баш беа добри каматите на орочени пари пример за денари на година дена стигаа и до 10%, е тогаш се земаше убава камата. А сега тоа што ти остануваат заштедену, односно не ги профуцкуваш е бенифитот.
    Ние им ги собираме на книшка, па кога ке се соберат им ги орочуваме.
    Мм им купува уделе во фондови. Искрено не ги разбирам баш, прво искуство ми е со нив. Мм тврди дека е поисплатливо од штедење во банка.
     
    На eliesaab и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  13. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Во банка или осигурителна компанија ( и која најдобро) да и отворам штедна на малава?
     
  14. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Знам дека темава е цела за тоа ама ако не ви пречи да ми одговорите зошто вистина немам време да читам а ми требаат информации. Ме интересира дали е подобра опција да се земе штедење со животно осигурување или да се отвори штедна книшка во банка? Која банка би била најсоодветна со најголема камата и која осигурителна компанија? Слушнав за Граве Осигурување дека се стабилна фирма и имаат добри понуди дали некоја од вас има искуство со нив?
     
  15. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Каматите се секаде многу ниски, а сега по ново и ќе бидат оданочени каматите 15%, така да не се надевај дека ќе порасне нешто сумата, ако се работи за поголеми пари и ако реално не мислите да ги потрошите долги години, тогаш подобро купувај злато, или ако се работи за ептен големи пари тогаш се вложува исклучиво во цигла :) , пари во банка секако губат вредност, ако денес можеш да купиш на пример стан од 50мкв за 20 години со тие пари ќе можеш да купиш стан од 30мкв, ова онака како пример.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Златото по дифолт губи вредност, само што ќе го купиш.
    За пола од вредноста се откупува златото.

    Во банки не губат вредност.
    Инфлацијата е секогаш покриена со каматите.
     
  17. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Камитете во нашите банки апсолутно не покриваат, таман работа кога банките би работеле за добробит на луѓето. А златото да, точно дека има помала вредност од неговата реална вредност кога го купуваш, но за подолг рок е поисплатливо, посебно во вакви несигурни држави како нашата.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не е точно.
    12 години штедиме во иста банка и никогаш не сме изгубиле од вредноста на валутата.

    А Злато, ќе го купиш за 1000ден, ќе го продадеш за 500.
    Не е никаква инвестиција.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.735
    Пол:
    Женски
    Ако купиш 24 каратно злато тоа не губи вредност. Тоа се златни плочки.
    Златен накит не се купува секако тој губи вредност.
    Злато за инвестиција се знае какво се купува. Златни плочки (ливчиња ако имап помалку пари). Само кај нас нема опција сеуште да се купи вакво злато кое се тргува на берза. Има опција во Бугарија тоа да се прави.
    Кај нас евентуално златни парички се купуваат. И тие не губат вредност туку цената се движи како што се движи цената на златото на берза.
     
    На didisi, cresa-jagoda, RedRevolution и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Е за тоа нека му ја мислат тие што имаат многу пари.
    За ситни пари ко мене, злато е поинтлес.
     
    На didisi и Independiente им се допаѓа ова.