Во која банка штедите и како оди тоа со орочување на колку години е минумумот и дали во денари? Ме интересира и општо која банка би била постабилен избор. Инаку се работи за мали пари
Во Комерцијална. Можеш на повеќе различни периоди да ги орочиш. Нам ни се на година, и година-за година, на ново ги орочуваме. Девизна е книшката.
На девизните влогови сега каматите се ептен ниски. http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2260&lang=1&uc=1 Поисплатливо ти е во денари да се штеди http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2243&lang=1&uc=1
Ние му отвориме во стопанска банка и зажаливме орочени се на две години и камата ќе има 100 евра за две години нека поминат две година ќе ги извадам и ќе му направам полиса осигурителна најмногу се исплати има и добри услови
Ова со полисите за осигурување е најнов тренд кој во светот го практикуваат одамна. И мене ми се допаѓа идеава. Досега штедиме , ама не во банка. Едноставно си оставаме на страна точно одредена сума и ја забораваме дека постои.
Мене ова со детсково штедење некако ич не ми е да правам профит. Чисто ми е да му зачувам парите што му ги давале луѓе за кога ќе стане полнолетен да си има свои пари. Затоа ставам во банка колку да се ставени на страна неговите пари. За полиса се мислам плус да му уплаќам ама никако да се решиме.
Јас имам за мм сега и за мене ќе направам а ми се свиѓа најмногу што не дај боже скрши рака осигурувањето исплаќа или од тешки болести се покриват за лекување внуката ја пукна ногата и исплатија оштета
Секој месец се трга ( рата си ја викаме ) Ако не успееме, следен повеќе. Секој денар што го добил е на сметка. Нема тој- количката е од дедо, седиштето од баба , оти се што ни го дале за него да му купиме -сме го стаиле на сметка. Се сами купуваме. исто и за роденден,Н.Г ,именден се се ложи на книшка.
имам една штедна девизна книшка орочена на 3 или на 6 месеци не се сеќавам. Отворен штеден влог. Имав земено оштета и сегс скоро празна е. Па се мислам место да отварам нови сметки на истата да си штедам со тоа што секој негов денар што му е од роденден нова год и шта год тука да си го ставам. Досега се трошев на него,играчки облека јадење... Ама редно е да заштедувам барем додека сум во работен однос.
Да ти кажам искрено, мм е многу упатен со банки, камати, осигурувања блабла и такви работи и за малатс прогугла и излезе дека доколку и направиме штедење во банка многу мала е каматата која ја добиваме. Имаат мм и свеки во кроација животно осигурување, но за малата за мене и мм сега напрсвивме во Граве.. Имаа опција здравствено осигурување од 20 тешки болести, краен корисник ќерка ни. И други работи што ни објасни женската ни се видеа подобри од кроација.
Има добра понуда за штедење + животно осигурување на Уника. За мали деца или Футура или Јунит Линк. Доколку сакате вие како родители да сте осигуреници тогаш Комфорт, со неа и детето е осигуреник а и корисник на истата. Каматите се горе-долу како да штедиш во банка, само што со полисата имаш осигурување.
Минимална премија е 200 евра годишно. Со ова полиса вклучено е осигурување за најчестите болести, а ако осигуреникое е родител автоматски покриени се и неговите деца. Еве подетално. За најдетално тука сум јас
Фала, ме интересираше оти јас сакам за мене да си направам полиса за животно осигурување, за големиот син имаме, па ако може малото да го вклучам во мојата. Ама, дали имам некаква гаранција за полисата ако не дај Боже фирмата пропадне? Пошто во Македонија живееме. Нејќам да ме сфатиш погрешно, сите вака ги прашувам.
Јасно, потполно те разбирам. Сепак, баш туку така да пропадне компанија не е нешто што преку ноќ се случува, конкретно за Уника, позади неа стои Автрија, НБРМ, сите осигурителни компании имаат реосигурување а парите кои ги вложувате се во постојан обрт и се вложуваат во акции во најголемите компании на светско ниво. Еве конкретно примерот со Кјуби, кога пропадна Кјуби како Кјуби, клиентите и полисите си ги превзедоја останатите осигурителни компании. Може да дојде до ребрендирање на компанија ако некој друг ја купи, ама да ти пропаднат парите, само во случај да дојде до светска војна и колапс на светската економија. Инаку, во секој случај е убава работа, недај Боже за болест, а дај Боже за после 10-15 години да си повлечеш пари за школување деца наместо кредит да подигнеш.
Доколку е некој заинтересиран поопширно во врска со полисите за животно осигурување слободно може да ми се обрати во приватна порака.