Детство

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 7 јуни 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.766
    Допаѓања:
    34.163
    Ееех се би дала да се врати... Да ги немам овие грижи. Искрено да си кажам си го имав најпрекрасното детство. Шетање, акање по маало со сендвичот во рака :lol: Играње жмурки, брканици, дружење... Навистина не можам да се пожалам и секогаш со насмевка се сеќавам на тој период.
    Какво беше вашето детство? На што најрадо се присетувате?
    И што мислите за денешниве деца и како тие си го поминуваат детството?
     
    На Gentleman..D му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.346

    Da ti kazam isto mi bese se bi dala da s evratam vo toa vreme i nikogas da ne porasnam zmurki lastici granici sto ti ne igravme a sega zivotot na site im s evrti okolu facebook .... ednostavno bljak ...
    i jas sekogas so nasmeavka se sekavam na spomenite od detstvoto na smeenjeto i drustvoto ...igranje na ulica do koj znae koklku saat bez strav ahhhh ...... :D mi fali toa
     
  3. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    65
    Најпрво браво за темава :clap:
    Детство... Најубавиот период од мојот живот дефинитивно. Исполнето со среќа, радост... Без никакви грижи и нервози. По цели денови играње граница, ластик, жмурка... Со душа да чекаш да дојде 20 до 7 за на МРТВ1 да го даваат Мечето ушко. Да не мислиш што носи наредниот ден и како ќе биде. Аххххх се би дала да можам да ги вратам тие времиња. Ми фалат Во светот на бајките, Опстанок, Македонски народни приказни (оние со Ѓорѓи Колозов)... Веселите Грашковци, Вили КваКва, Том и Џери... дури и оној страшниот кловн Бозо :lol: Море се ми фали, а не сегашниве деца растат со Покемон, Дигимон, Телетабиси, чуда... По цели денови дремат пред компјутер... Абе немаше такви работи кога ние бевме мали, по цели денови се играше надвор, влечи од дома тенџерчиња и кукли... Ееее колку брзо помина се тоа. Додека да се свестиш поминало се како на сон :( Ми фали, дефинитивно многу ми фали.
    Поздрав Реинбоу уште еднаш за темава, ме наврати на нешто убаво, за момент се присетив на убави работи :clap:
     
    На skenco му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.766
    Допаѓања:
    34.163
    Да ти кажам право се изнервирав од децава што на 13/14години кукаат како се несреќни и не можат дечко да фатат. Како им е здосаден животот. А не гледаат да си поуживаат додека можат, да се радуваат и да си бидат среќни. Па тек понатаму ќе видат што се проблеми.
     
  5. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    65
    Тоа е, ќе ги бараат еден ден тие години ама... оде воз у кукуруз, нема назад :lol:
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    3.871
    детство .......... нешто најубаво слободно, разиграно е сеа не ми беше без грижи ама имав убаво детство. сме играле ластик, па народна, брканица, и милион други игри беше фантастично време, време кое никогаш нема да се врати.
    ме нервира тоа што денешниве деца немаат детство. детството го поминуваат пред компјутер, со проблеми од типот ме сака не ме сака ќе се убијам. леле мене ко дете не ми текнувало на дечко ама се во свое време само баш ми е жал кога ги гледам денешниве деца како растат, а јас палчам за моето детство ;)
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    :clap: виножике за темаваааа :clap:
    уфф, со самиопт наслов се разбудија спомените во мене :( колку само ми беше убаво...
    имав убаво детство...сум се утепувала од играње, брканици, криенкииии, си игравме тетки :lol: штикли големи ќе облечиме :rofl: ѓердани, ташни... абе доринди :D и во двор ќе си направиме дневни соби така со дипличка масичка... абе сее , и ептен се соживувавме со улогите, и баш онака си се обраќавме со ,,тетке,, :D
    правевме сендвичари, продававме сендвичи, тостови, правевме торти од кал, песок... организиравме маалски фестивал, па манекенки бевме... па се прскавме со вода и цели мокри, па дома ќе ти се расцркат малку ... ама нема врска :D
    ....................................
    лелеее незз што уште да кажам :wasntme: преубаво ми беше.
    ако се сетам на уште нешто пак ќе се навратам да дополнам :lol:
     
  8. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    434
    ептен ептен истоооо, а да не сме си играле во исто маало??? :D сакам паааккк...
     
  9. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    Што би дала за пак да сум дете - да играм ластик пред зграда, на секој 5 минути под балкон да барам да ми фрлат 10 денари, да правам торти од земја и да ги украсувам со цвеќа :) да играм фудбал со машките кои тешко прифаќаја женско во игра али вредев ко за 2 машки - машкуданка :D Ми недостигаат и викенд посетите на баба ми која живееше на село па така сите братучеди собрани трчавме по ливадите... Ахх кога ќе се сетам дека тогаш сакав да пораснам... кај ми бил паметот :^) Ме разнежни темава :)
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    кажи ја улицата и местото, одма ќе ти кажам дали сме играле заедно :D бтв сакам и јас пааааак :doh:
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Детство... Се ти е полно, се ти е рамно... Единствената грижа ти е како да ги облечеш куклите, да собираш детски пошти, или шарени салфетки :) Од утро до вечер си игравме во маалото, игравме секакви игри... па оранизиравме дури мис во маалото и да се пофалам го добив првото место :) :emo: Никогаш не ми е било здодевно. Ех, да можам да го вратам времето :music:
    П.С и една убава мисла во согласност со темата : „ Понекогаш посакувам да сум мало девојче, зашто повреденото колено боли многу помалку од повреденото срце “ :)
     
  12. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    eeee so bese ubavo koa si igravme domakinki i si praevme mandzi od listovi i zemja :D pa posle toa bunkeri si praevme pa demek vojna si igravme kamaj kamaj so maskite i koj e bolje ee ubavo bese togas sea sestrami doj od skolo frli tasnata i odma na kompjuter nemoze coek od nejze na red da doe :(
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Среќа имав семејство на солидни столбови за да ги претрпи сите дисторзии кои се случија не по наша вина,па детството ми беше на моменти и горчливо,ми донесе некои стравови кои сеуште ме мачат,но нејсе тука сме за фини работи.
    Го памтам по многу планинарења со татко ми,ме викаше дива козичка,зошто секогаш сакав прва да се пентарам и секогаш највисоко да се искачам,а бога ми бурекот со печурки изеден на врвот како награда!Секогаш ми е најпреубаво кога ќе се присетам.Ливади со висока трева,а ветерот правеше бранови низ нив,па се занесував дека пливам,мирис на диви јагодчиња и магарешки трнови,колку грд цвет,а јас го сакав.Ехееее има добри 8-9 години откако не сум го почувствувала ова.
    Го памтам по полење на мраморот кај баба ми во двор,камен мрамор,голем,полн со грч ладна вода,јас и братучедите напикани во него,скришно.Баба ми цел ден ќе не пази,10 мин ќе ја снема,ама ние за тоа време ќе ја средиме работата да се оладиме на жешкото.А и тој специфичен мирис на водата што стои врз каменот никогаш нема да го заборавам и не знам како да ви го опишам најпреубаво.
    Памтам и по цртањето со мајка ми,рикав и урлав како не знам да цртам,а мама,нејзината рака врз мојата и ме учи...иии што убаво ми беше,кејфови.Или пак кога правевме заедно демек колачи,јас лево сметало,ама нема везе,полењето за еклерите ќе и го изедев,па ајде од почеток.
    Киндер јајца,ама не купени од било кого,туку од чичко ми....ииииих,мазимица,прв ден од месецот,плата и јас чекам 10 киндер јајца!
    Правење торти од кал,а и по првата симпатија заради која секогаш одев дома да облечам мини суќња хахаха...па и го бацив во образ дури,вајлд воман уште тогаш сум била! :D
    Го памтам и по долгите топли лета и лудориите по терасите по комшии со сите комшиски деца.Си правевме замислен луна парк,со она магаре што го викаат ѕидарите и талпа врз него,ет е клацкалка.Кинески паркови,каква креативност вие немате поим,минијатура од кинески парк,бел песок обоен во вода со темпера,син,дрвца,камчиња...Па правење на претстави,па едно чудо животинки,мачиња,кучиња,зајчиња,пиленца,ма се бре брате.Токму овој период од годината со овој уникатен микс од мириси ме враќа во тоа време.
    Па летно време,во најжешкото,дома со братучедите,на тв едо во 2 долгометражен цртан филм!Милина,па уште и сладолед кога ќе ни донесеше баба ми...ииии...мљац,мљац!Играње на нинтендо,што ќотеци се јадеа,кој попрво да игра,леле,леле....
    Па возење со велосипеди низ цела населба...еееех...iжмурка,џамлии,џамија,народна и мирис на маслинки!Иииих!
    Се беше шарено,безгрижно и се што ми беше важно...па не ми беше ништо важно...мама и тато да се дома кога ќе се приберам од целодневно глупирање.
     
    На wolf4e и 2468 им се допаѓа ова.
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.340
    Пол:
    Женски
    Лил долг пост, ама вредеше да се прочита, и го читав со задоволство и си правев слики во глава :)
    Во врска со темава
    Па јас сеуште сум дете бе! Иако пред 5 години викав сакам да пораснам ,демек да видам како е да си голем, сега НЕ САКАМ, сакам или да се вратам во време коа бев безгиржна и кога не се замарав за ништо или да останам олкава колку што сум.Моето детство беше еден многу убав период кој никогаш нема да го заборавам, а знам дека и не постои некој кој може да го заборави.
    Играњето надвор пред зграда ,со комшиите игравме фудбал, мижаница, брканица, ластик, шарка, правевме нокти од цвеќиња со плуканици :lol: , торти од песок, манџи од камчиња и листови :) , игравме учителки, мајки, продавачки :D се возевме со тротинети и велосипеди, тогаш не знаевме ни дека постои интернет,па со братучедите игравме нинтендо , се утепував од играње Супер Марио и една игра со коли :D, па кога одев на поседок в село кај баба и дедо, додуша до лани одев, 5 дена 5 доста се,па кога се стемнуваше и нај смрт ми беше кога ќе излезеа на тераса и ме викаа за дома, секогаш се инаетев, уште 10 минути и ќе останам уште пола саат :D
     
  15. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    А тогаш брзав да пораснам...Ахх...Ги читам така вашите постови и си се присеќав на моето детство. :toivo: Што не правевме...Дефинитивно најубав период во мојот живот.Крадевме сливи и си мислевме дека сме мнгоу опасни крадци дека никој не не гледа.Хахах.. :drunk: Комшиите цело време не гледале ама деца па ни давале да земеме неколку сливчиња.Првавевме и бункер ама за жал на погрешно место па таман го напраивме бетонот (кал) ни рекоа да си собереме,да исчистиме и да бегаме ..На деца бе ! Ни истурија вода ...Страм ги било ..хахаха..ама ако.Важно најубаво ми беше како дете.Сакам пак :| :?:
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.183
    Допаѓања:
    69.462
    Пол:
    Женски
    Што ни беше убаво... а сите брзавме да пораснеме, мислевме дека е убаво да си голем, возрасен, важен...
    Ама не е така... ех, што сакам барем малку да се вратам назад, во времето кога за ништо не се секирав, освен за тоа што ќе играме тој ден, со кого, каде, кога сме на школо...
    Ми фалат безгрижните летни денови поминати на бавчата во маало, кај што игравме фудбал, одбојка, народна, серва, ластик, криенка, долга магарица, џамлии... најубава беше високата трева за криење (ко за чудо немаше змии)... паметам секое лето во дворот се растуравме од играње тенис со братучетките, брат ми (иако поголем 5 години), комшичињата - замислувавме дека сме некои големи ѕвезди на Ролан Гарос... собиравме сликички за албуми, за Животинско Царство, за Светски и Европски фудбалски првенства, се тапкавме, си ги разменувавме... за плажа да не правам муабет, а бе од вода не сме излегувале со саати и пак ни беше малку...
    Навечер седевме со постарите (ова повеќе во летно време), ни кажуваа анегдоти, приказни, бајки, вицови... после самите си ги прераскажувавме. Крадевме од овошките на комшиите (јагоди, сливи, праски, кајсии, цреши),возевме велосипеди, ние девојчињата си ги оговаравме симпатиите, но се остануваше само на по некој срамежлив поглед и таинствена насмевка за која само јас и тој некој таму знаевме што значи... а најмногу се навраќам на фактот што сите бевме различни, мешани - имаше и Македонци, и Турци, и Албанци и Цигани... и никој никого не осудуваше, никој никого не отфрлаше, едноставно бевме деца без предрасуди и се прифаќавме едни со други. Имаше и тепачки, тоа да, ама никогаш на верска и национална основа... сите бевме само деца.
     
  17. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    11
    Detstvoto toa e najubaviot i najbezgrizniot periot od mojot zivot,megutoa ne sme svesni za toa dodeka sme decinja pa brzame da porasneme .
    Moeto detstvo posebno go pametam po letnite ludorii so drugarite kaj mojata baba.Denot ni bese kompletno ispolnet .Doma se pribiravme samo vo najzeskotoi stom dojde 18 pak site na ulica. Igravme lastik,pravevme mandzi,narodna,dzamija,servis,tenis,plocka,brkanica,zmurki do docna vo nokta koi mi bea najomileni bidejki se krievme po dvorovite na komsiite vo ulicata na baba mi :lol: i ponekogas ostanuvavme i posle 1 po polnok.
    Koga ke se prisetam na toj period vo mene se budat samo ubavi spomeni i ponekogas sakam pak da sum bezgrizno dete.
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Ех колку ми фалат тие денови, особено во лето, кога по цеееел ден бевме надвор се до доцна навечер, игравме карти, ластик, делфин, нека бие, штркот бара боја боја :lol: , криш-миш, бриши-план, куцана, земја....
    Кога игравме се и свашта со топка и топките ни паѓаа во дворовите на комшиите (којзнае колку тениски топчиња имаме оставено по лозници).
    И кога се збиравме по гаражи, игравме цели серии, глумевме пејачки, измислувавме песни, цртавме, кажувавме страшни приказни.....
    Ах... ми фали :inlove:
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.183
    Допаѓања:
    69.462
    Пол:
    Женски
    А уште и паметам дека никогаш не ме носеле на школо моите, освен првиот ден... безбедно беше да се оди по улица за разлика од сега. И тоа ми фали... таа безбедност, што не се плашев да излезам сама или со барем уште една другарка...
     
  20. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    22
    Насловов одма ми пробуди емоции :)Ех да се врати тој безгрижен период.По цел ден бев на улица.Игравме крижи-мижи,челик,горенка,џамлија...На крижи-мижи им правев финти :P Они ќе ме бараат а јас дома да си намачкам еден крешник :lol: Собиравме салфетки,детска пошта,игравме покер на сликичиња од сакази.Кога ќе ни се здосадеше им се придружувавме на машките и игравме фудбал со нив.Па си правевме бункери во некоја запуштена гаража.А кога игравме куклиџок си стававме чорапи на градите за да ни бидат големи :lol::lol: Нели мајки сме де :D Цело детство си го памтам како бел ден.Ништо се нема избришано од моето сеќавање.Како вчера да беше се а сепак е толку далеку :(
    Среќна сум што имав детство за разлика од денешниве деца.Освен комјутери и мобилни ништо друго не знаат.Уште на 10 години се разочарани од животот и љубовта а поим немаат што во суштина значат.Уште сега излегуваат во чаршија и наќинѓурени.За жал немаат никакво детство.Детсвото им е досадно.Брзаат да пораснат.