1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детство

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 7 јуни 2010.

  1. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Хеј дали се сеќавате на детска пошта??????????? :lol: ех тоа време....
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ехеее детска пошта, па сафлетки, па што-ти-ја-знам. Свашта имаше тогаш :)
    Тогаш тоа се чинеше најважната работа на светот :rofl:
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Детска пошта до сега брзо се расфрлаше низ книгиве мои :lol: ми беше грев да ја фрлам, се потсетував на детските глупости :lol:
    НАјубавиот, најбезгрижниот период, кога ништо не ни требаше освен две три другарчиња, лебче намачкано со еурокрем или ајвар, ластик и топка и слободна улица за трчање до ноќ. После во кревет ко бајче :D еххх, да можам и сега би си играла, најубаво детство си имав за разлика од сегашниве деца.
     
  4. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Читајќи ги вашите постови очите ми се насолзија од желбата за повторно детство.Јас не дека имав толку безгрижно детство,уште како мала се соочив со некој губитоци,но општо земено ми беше добро.Ми недостига да си играм со децата на улица кој патем беа од повеќе националности и вери,а сепак толку невино се сметавме за браќа и сестри.Ми недостига да играм со нив ракомет,фудбал,мижаница,народна,џамлии,ластик.Сакам пак да си играме во мојот двор тетки,мајки,манекенки.Да си правиме продавници,сендвичари и да правиме специјалитети од кал,трева и понекое цвеќе од градината на дедо.Ми недостига да викам по мајка ми на цел глас да ми фрли 10 денари за сладолед.Да се будам со мирисот на колачите и питите кои речиси секое утро баба ми ги приготвуваше.Да се возам со бициклето по улица брзо,брзо за да почувствувам како ветерот ја враќа мојата коса наназад.Сакам пак со трчање да одам до дома само за да ги прегрнам мама и тато кои тогаш се вратиле од на работа и обавезно ми донеле нешто.Ми фали периодот кога одев со баба и дедо в село и секој ден да одам по вода дури до планина-не дека немаа вода,ама ете да ссе прошетам и да се изнатрчам по зеленилото прошарано со бели цветови....Ахх тоа детство се почесто го молам да се врати.Не знам што се случува со овие деца кои уште на 10 години имаат љубовни проблеми и размислуваат заради тоа да извршат самоубиство.Или пак цел ден се пред компјутер.Се знаеше кај нас-на нинтендо се игра или навечер кога ќе завршиш со играње или за време на зимски распуст. :) :)
     
  5. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Детството е најубав период од животот (па барем ја така мислам :))
    Тоа е тој период кога ни е најважно да имеме убави играчки и да играме убави игри ..
    Да би можела да го вратам времето кога бев дете тоа би го направила одма без размислување ..
    Не бикам дека детството ми беше совршено колку сто солзи лиев толку и се смеев колку што бев срекна толку бев и тажна
    имав моменти кои би сакала да ги избришам а пак други кои сакам вечно да ги памтам. :)
    Тогаш мислев дека е многу поубаво да бидеш голема сама да заработуваш за животот да имаш свој дом да не мораш секој ден да ги слушаш "дрдорењата" на мојте родители .. да не ги слушам глупавите прашања и збориви на брат ми ..
    Да не ги слушам све едни истите приказни на баба ми ..

    Но сега, сега е поинаку свакам колку е поубаво да бидеш мало мамино и татино девојче колку е поубаво да живееш заедно со својте родители макар и секој ден да ми висат над глава и да ми кажуваат што да правам .. да не ги кршам играчките да не се карам со брат ми да јадам што морам а не што сакам .. Све би дала пак да ги слушам глупавите прашања и зборови на брат ми .. колку би сакала да ги слушам приказните на мојата баба макар и секој ден една иста приказна .. Колку би сакала пак да си играм со мојте омилени играчки колку би сакала да ги гледам мојте омилени цртани да пијам млеко од цуцла :D :D .. да не се секирам за ништо освен за мојте играчки и ред други детски ствари :D :D

    Едноставнио сакам да го вратам времето во кое бев мало и безгиржно девојче :$
     
  6. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ех да можам пак да се вратам во детството, многу сакам пак да бидам дете. Секогаш се потсеќам на тоа и колку само ми е убаво на душава тогаш ама и носталгија ме фаќа. Супер беше. Се собиравме и игравме разни игри: криш-миш, брканица, народна, па после кошарка, фудбал. Правевме ручеци, манџи и торти од кал и песок, се занесувавме дека сме пејачки, ,, организиравме" Мис на Македонија :D. Ко потпораснавме малце, по 11-12 години, одевме на плажа по цели деној, па навечер се собиравме и игравме, се возевме со велосипеди, крадевме сливи или цреши, кажувавме страшни работи и после умиравме од страв кога требаше да си одиме дома... А на зима, се санкавме, правевме чоечиња во снегот, правевме снешковци, скокавме од еден мост в река (немаше вода во неа,а на зима беше полна со снег), се лизгавме на мраз. Нинтендо - обавезно! Навечер ко ќе се вратевме дома, па дури да заспиеме. К :D ога врнеше и не одевме никаде нинтендото беше спасот :D . Кога ќе дојдеа брачедите на поседок кај нас ред чекавме за играње. Цело време ни беше исполнето и забавно, што и да правевме. Секако, имаше и неубави моменти, но секогаш се сеќавам на убавите, колку само беше се тооолку едноставно и безгрижно...I miss it :(
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Имав прекрасно детство исполнето со игра на улица, а не на компјутер. Многу сум им благодарна на моите родители кои ни пружија доста внимание на мене и сестра ми, ама не не разгалија. Имавме многу играчки, многу игри со децата од маало, многу спомени, први симпатии... Би сакала да ми се врати пак детството и дефинтивно би го искористила повеќе.
     
  8. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Не дека сега многу голема сум пораснала :lol: сепак навистина ми фали. Тогаш кога игравме мижитатара, скокавме на јаже, натпревари во фртење хулахоп. Ми фали, навистина :( и би сакала да се вратам бар на една недела во минатото :)
     
  9. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Ауу најубав период, не дека сеа нешто сум пораснала, ама сепак..
    Пооо цееллиии денови жмурка, брканица, фудбал, кошарка, одбојка, делфин, карти, бриши план, конзули, па колачи од кал, торти, прскање со вода, бањање во базентот на соседот :lol:
    Да ви кажам за мама секогаш ке си бидам нејзиното малечко. Само фудбал и одбојка сеуште си играм :D
    А денешниве дремат на фб и мсн. :^) И какви спомени ќе имаат они од детството, ништо :)
     
  10. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Многу ми недостига играњето тетки!!! Жалам што моите деца ќе играат на компјутер уште мали.. жалам што нема да видат како е да трчаш и да играш мижи татара па да мењаш капа или тренерка за да извикаш на глас ГРНЕТО ПРЕГОРЕ МЛЕКОТО ИСТЕЧЕ ТОА НЕ БЕВ ЈАС !!! :angel: Го сакам моето детство
     
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Имав преубаво детство и сум премногу благодарна на моите родители кои беа до некаде заслужни за тоа. Иако во моето маало немаше многу деца на моја возраст, повеќето беа поголеми од нас или пак помали. Но сепак се дружевме сите заедно. Игравме жмурка, брканица, народна, штркот бара боја, граница и многу се лутев кога некој се криеше на истото место како мене, затоа што јас секогаш наоѓав некои скришни места. Често знаевме да отидеме во градинката одспротива и во лето да се прскаме со вода, па трчавме дома да се пресоблечеме и пак да излеземе надвор. Игравме и фудбал и јас секогаш бев во напад иако знаев и да бранам, ама немав баш добри искуства со бранењето затоа што мораше секој пат кога бранам да ме удрат со топка по фаца, и градевме куќи од дрво лисја и што уште не, а најубава куќа што ја направивме еден дедо дојде и ни ја растури, а ние мали дечишта се силевме дека ќе му викнеме полиција за нарушување на мирот :lol:. Секогаш поголемите не закачаа, а јас бев вљубена во комшијата кој беше сигурно 9-10 години поголем од мене, ама сепак јас премногу го сакав :inlove:. Па секој ден во лето трчавме пред зграда и од доле викав : „Мамооо фрли ми пари за сладолед!“ и мајка ми секогаш ми фрлаше со штипка ќе ги закачеше, а јас трчам да ја оставам штипката во сандаче и одам да си купам сладолед, а кусурот исто во сандаче го оставав. А знаевме во пролет/есен сончоглед и семки да си купиме од трафика и тоа грицкавме, додека се одмаравме. Во зима секогаш правевме огромни снешковци, правевме ангелчиња во снегот, трчавме, се мававме со топки. Па кога треебаше да се пали оган ние помагавме за дрва да донесеме на купче, милина. Па имавме и едно железо, на тоа се бесевме и се натпреварувавме кој попрво ќе се качи до врвот. А со другарка ми која живее над мене секогаш игравме кај мене или кај на дома со барбики, јас имам ептен убави барбики и секогаш со моите игравме, па сами им правевме домови, облека, ги средувавме, и секоја си имаше „свои“ две барбики со одредени имиња. Моите се викаа Меланија и Камелија :$. И собирав детска пошта и салфетки, а најмногу ми беше жал кога на една другарка и ги дадов сите салфетки на мајка ми, а беа преубави, престари, а мајка ми после тоа ме караше |(, а другарка ми за замена ми даде некои глупави и обични салфетки, ама мала, наивна, што да се прави. Инаку уште ги чувам салфетките во три кутии од кондури и ги имам над 250, последен пат пред три години ги броев, а од тогаш имам уште додавано:). А детска пошта и тоа собирав и со тоа се менувавме, па се натпреварувавме кој има најмногу детска пошта и најмногу салфетки. Па исто како деца во лето беревме зелени сливи, а јас бев главниот „мајмун“ кој се бесеше по дрва за да собира сливи :angel:, затоа што јас бев најслаба, најмала, најфлексибилна и сите можеа да ме кренат во раце без никаков проблем и затоа јас секогаш се качував за да наберам, а тука беше и дрвото со јаболки, па и од таму беревме и после тоа кога доаѓавме дома, остануваш по пола саат во веце и пак излегуваш. И секој ден од 10 наутро до 15 попладне си надвор и мака ни беше да си одиме дома на ручек и секогаш им викавме на нашите „еве уше пет минути, еве уште пет минути“. И после тоа нашите не тераа да се одмараме, а ние едвај чекаме надвор да одиме со децата да си играме и не можевме ни до 17 саат да издржиме и сите пак надвор до 11 саат навечер сме седеле, накај девет доаѓаа нашите и седеа позади зграда, пиеа кафе и муабетеа (мајките тоа). И тоа, дел од детството ви раскажав, а ако почнувам цело, нема крај. :)
     
    На glammur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Јас уште си го живеам детството :D
    Тоа што помина пред некои години не се заборава никогаш.Колку само ластик сум играла,жмурка,брканица,па карање со комшиите,па останување до навечер,јадење сладоледи па кој колку сладоледи има изедено од кога почнала пролетта,карање,смирување,родендени,желби,подароци,смеи,плачки,викање,зборење,барбики,сликање,правење глупости,играње фризерки,сендичари,со сендичите во раце трчање,пу лижи лижи :lol: , кога легнувавме рано со брат ми за нова година за дедо мраз подароци да ни остави под елка па и прозорот му го остававме отворен.. на се се сеќавам ко вчера да беше ..
    Ајдее нека се врати тоа временцее..уште сега ми недостасува времево и кога ќе ги видам маливе од дома не излегуваат на компјутер ќе седат .. и да не заборавам да си напишам кога игравме манекенки колку народ ни се собираше и тоа во подрум доле се соблекувавме со една клупа и една завеса зелена :D
    Во есен паднатите лисја ќе земеме ќе ги собираме сите деца на едно купче и после скокавме врз нив .. ех што уште не и можам сега да кажам дали 1 дете остана од таа цела дружина .. ми недостигаат и луѓето и времето и се .. :worried:
     
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Изгледа јас ке бидам единствена што не сакам да го вратам детството :^) Не ми беше убаво, не сакам да се врати сега се чуствувам баш добро и не ми недостига ништо од тој период, дури тогаш имав повеќе грижи и нервози :( Имам по некој убаво спомен ама сепак порадо не би се сеќавала на ништо :tmi:
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Леле се би дала само да ми се врати овој период. Безгрижен, интересен, луд, опкружена со најдобрите личности околу себе.. секогаш сигурна дека сум заштитена и за ништо не водам грижа. Жмурка до касно, трчање, скокање а ластикккк како луди сме го играле.. нека бие, охридска.. уште што ли не. Само да не сме дома по цели денови низ маало. Колку само ми недостига периодов и колку очајно сакам да се врати. Сега како ги гледам помалите.. па тие ништо не знаат за ова.. само пред компјутери и по цели денови дома гледаат цртани кои јас и не можам да ги наречам баш така.. како криминалистички филмови се.. сега не ни имаат детство .. се раѓаат со компјутер, телевизор и мобилни.. да знаат само што испуштаат.. е сега единствено што ми недостига се личностите со кои пораснав.. постари беа и сега веќе заминуваат на факултет остануваат два тројца само.. но како и да е никогаш не се заборава поминатото со нив. секогаш ќе имаат посебно место во мене :)
     
  15. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    детството период кој сакам да ми се врати период на безгрижност и убави спомени.
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Саншајн93... да те прашам. Ова охридска игра е некоја? :)
     
  17. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Сакам да играм мижи татарааааааааааааа
     
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Како мали сакавме да пораснеме,сега сакаме времето да се врати назад.Време на безгрижност...Сакам пак да си играм мижанка,ластика и што ли не...фудбал,газози со машките ахххх
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Најверојатно во поголем дел само ќе се повторувам со секоја од вас, ама навистина сум најблагодарна за онакво детство какво што ми овозможија моите....мислам, дека нема нешто негативно што ми останало во сеќавање.
    Поготово сега во овој период сум најносталгична и се потсеќам на тие убави времиња поминати пред зграда.

    Жмурки, брканици, џамија, народна, серва, збирам фото (аииии недај боже да не те погоди некој со симпатијата) , ластици (тука обавезно се пукавме кој знае повисоко да рипне), паѓања, модрици, плачки, смешки, прскање со водни пиштоли, партизани и германци (секогаш се тепав со другарка ми која од нас две да биде медицинска сестра), камај камај, маратоооони во играње карти (кент обавезно нели, дури се сеќавам знаевме до касно да седиме и играме и да влечеме од по дома продолжени гајтани да можеме сијалица да упалиме :lol: ), нека бие, кошарка (па тука чекаш да видиш кој ќе даде кош за тебе да откриеш на кој му се свиѓаш), долга магарица, торти од кал, сарми - од кал и лисја, возење точаци низ цело маало, па мајка ти ти се дере да се прибереш одма дома пошто си „жива вода напраена“ а ти стално „чекај мамо уше маааалку!“ :D, пеење на песни од типот „Шиц миц мици ма мама хоче да ме да....“, први бакнежи, симпатии, љубови...уф колку смешно ми звучи денес реченицата „сакаш да се фатиш со мене?“ :D
    Ех, бескраен пост би имала на оваа тема, затоа што не знам што попрво би напишала во врска со детството. Во филмот Сенки има една прекрасна реченица „Мирисот на липата и печените пиперки, двата најубави мириси што постојат“.....колку е само точно, и колку многу овие мириси ме потсеќаат на детството! ;(
     
    На sesilija и glammur им се допаѓа ова.
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Кога ќе се сетам на детството секогаш ми поминува една мисла - ЧОВЕК НИКОГАШ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ГОДИНИТЕ!!! Кога имав 10 години сакав да имам 18,а сега е обратно сакам да имам 5-6, кога ке имам 40 ќе сакам да имам 18... :lol: