1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детство

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 7 јуни 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.394
    Многу ми е жал што моите деца не можат да имаат детство како моето. Слободата што ја имавме ние, денешниве деца никогаш нема да ја имаат.
    Јас излегував надвор сама откако памтам за себе, а мојата 6-годишна ќерка сама нема од врата излезено.
    Порано надвор скитавме со саати - го памтам крадењето зелени сливи од комшиските дворови. Имавме и ние, ама туѓото е послатко :D . Претходно сите од дома по една рака сол, зошто зелените сливи со сол се јадат :D Скитање низ цела населба по цели денови, без никакви грижи. Ги памтам и долгите топли лета на мојот пуст остров, кога родителите градеа, а ние децата сами одевме на плажа од 5-6 години.
    Сега се затворени дома, играат само со деца на пријатели кои и ги нема многу зошто пријателите не раѓаа на 24 :D , и тие што ги има се мали. Се е тотално сменето, и не можам да ви опишам колку ми е жал што е така.
     
  2. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    стварно би сакала да се вратам во детството, ама денешницата баш и не гледа мн. детство во вистинска смисла на зборот бидејќи нон-стоп се пред пц, не излегват, не се дружат, живеат некој т.н. модерен живот за жал :|
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Имав прекрасно детство. Мајка ми се погрижи да не ни недостига ништо со сестра ми. Секоја сабота шетавме низ чаршија, а потоа не водеше во парк, ручек низ град , па дома. На улица бевме 20 деца со многу мала разлика во годините. Секоја вечер игравме некоја игра. Околу 9 сите родители не викаа да пиеме млеко, па пак игра. Добар дел од детството го поминав во село. Тој период ми беше најубав. Ах, кога ќе се потсетам дека тогаш се облакав во алишта од мајка ми, облакав штикли, а сега сакам да се вратам во детството, да си играм пак со барбики, да играм на улица.
     
  4. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Убаво,преубаво...Искрено,да требаше да го поминам во оној дел каде што јас живеам,ќе бев повеќе осамено детенце,кое ѕирка низ решетките од балконот,бидејќи немаше дечиња на моја возраст,повеќето беа поголеми,а знаете поголемите се обично фраери пред помалите,па така ти не смееш да претнеш :D
    Ама бидејќи моите беа повеќе на работа отколку дома,јас пораснав кај баба ми,каде што улицата вриеше од деца.Беше прекрасно да се види како децата уживаат во своето детство,во секаква игра која што постоеше,од криенка па до ластик,гладни,запотени,никој жив не можеше дома да не прибере.До ден денешен минувам по таа улица,и таа веќе воопшто не е иста,сега децата имаат многу ''попаметни''работи отколку да трчаат на улица.Па нели треба да се брка дечко/девојка,па нели треба да се провери фејсбукот,и слични работи за кои ние на нивна возраст не ни сонувавме...
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    А знаеш ли зошто е тоа така?
    Родителите се за тоа криви. За да се ослободат од „теретот“ да поминуваат време со своите деца, тие ќ ги упатат на компјутер како најлесна замамувачка опција. Со тек на време тоа станува навика.
    А на улица децата не смеат да излегуваат (под ова подразбирам: пред зграда, во маало) затоа што денес мајките се премногу загрижени за своите деца, се плашат да не им се случи нешто (како порано нашите мајки да не биле МАЈКИ што ние сме биле од јутра со сутра надвор со другарчињата) па децата единствено што знаат е да штракаат на компјутер, да играат кантер, да гледаат програми со агресивна содржина. Тие се десоцијализираат и не се дружат, па кога ќе појдат на училиште и ќе се измешаат едни се други се како мутанти некои сите. Којзнае какви ќе бидат НИВНИТЕ деца.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Ме нервира тоа што мислите дека сите деца се само пред пц и незнаат ништо друго. И ние си играме, кога дојде летото почесто излегуваме или зима на снегот. Секоја година помалку, и детските игри прераснуваат во разговори на кои и нема крај.
    Може се почесто отфрламе некои игри да ги играме како : брканица, жмурка, ластик и сл. но затоа пак играме тенис, карти..
    Ама до 6 оделение по цел ден бев на улица, бев слаба ученичка иако се трудев, затоа што немав време. Повеќето од времето јас си играв на улица. Заедно со околу 3 деца поголеми, околу 4 на моја возраст, а сите останати помали.
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Е мене баш ми е интересно да играм криенка ама да имав уште со кој. :D и монопол и не лути се човече ми се омилени игри, ама и тие со кој да играм. точно сеа е свет на технологијата и сите деца висат пред компјутер али немора да значи, еве ја коа иам за учење а богами иам и тоа мн. по цел ден учам и не ми е доволно да доучам а на пц седнувам само коа иам време, океј некад седнуем и коа неам ама нешо коа ептен ми е битно тоа се мора, да прашам нешто што ми треба. тоа е плус на интернетот, на пример на гугл можеш да најдеш се што ти треба на фејсбук да прашаш некоја другарка нешо ако немаш кредит на моб. и така. и интернетот до некоја мера е корисен али колку шо е корисен толку и е штетен. али сепак не дремеме цел ден на пц, некои искачаат па цели ноќи дома не се враќаат ( ете и тоа не е добро. ) ама колку да знаете, си искачаме, играме друштвени игри, криенка и такви ствари коа ке ни дојде можност коа ке се заиграме со некое детенцее. :inlove: :lol:
     
    На bekky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    а ја па мислев вас не ве пуштале, пошо кај мене викаат ние не сме скитале ние примерни деца сме биле сме учеле незнам шо, тебе паметот ти е само у шетање. едно шетање више се изнашетав на 13 год до 9 ипол на распустот. а за ќерка ти како мислиш нема од врата излезено? онака сама, или со тебе да се прошета? стварно е штета ако уште сега се зафатила со компјутерот бе уште е мала, да беше малце поголема. сеа ги глеам деца од 3 одд бегале од часови и уште ми викаат шо ме буљаш ма, ме пцујат, викаат имаш фејзбук а а ? и зборат мување, неам поима. ја првпат мување дознав шо е у 5то или 6то одд.. шо да праиш напредни сме, ама ко што доаѓаат уште поновиве генерации некако се понапредни и понапредни се.. :D
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас право да ви кажам уште си го живеам детството и ми е прекрасно.Тука кај мене нема со кој да си играм зашто сите се во некој филм дека пораснале :sweat: Ама затоа кога идам кај тетка ми на гости е ЛУУДО :D Таму сите си играме жмурки,брканици,штркот бара боја па ќе ни искочат едни баба и смешки колку сакаш. Па ќе идеме да крадеме сливи,кајсии,цреши (поретко :lol: ) . Па да ви кажам една случка од не одамна во септември беше. Игравме жмурка и ја и уште 2 дугарки се скривме у дворот на тетка ми и наместо да искочиме од врата ние толкави крави :lol: ќе сме се прекачувале преку жица. И се прекачивме што се прекачивме кога да видиме жицата цела искривена :o Па ја исправавме пола саат одвај ја исправивме и тоа не цела и ја на нрај краева си скинав фармерки :$ И уште една случка да ви кажам таа беше на 31 октомври и е Haloween и се собравме 20-тина деца од 4 до 15 години и земавме купивме свеќи ( оние гробарскине што се по 3 денари) и украдовме тиква и ја обликувавме све тоа и ставивме свеќи внатре и сите со свеќи во раце и одевме по пат и плашевме луѓе :D . Исто така памтам и кај баба ми кога одев со братучедите што не ти игравме: праевме бункери игравме крадци-полицајци (камај-камај) од кал праевме секакви торти и баници и што ли уште не па од едно цвеќе што имаше како црни топчиња и тие ги собиравме и ги бушевме со игла, ги боевме со темперни и ги нижевме на онец и правевме алки од нив, и што ти уште не. Е тоа е детсво а не како сегашниве деца само дома пред телевизиор или компјутер. И овие што се мои врсници само дечковци/девојки фаќаат,пијат редат кецови и не сфаќаат дека треба додека можат да го живеат детството затоа што то е најубавиот период во животот и неможе да се врати.
     
  10. S-A-N-D-R-A

    S-A-N-D-R-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Прво едно најголемо :clap: за темава. Можам цел ден да зборувам за ова :lol:.
    Ех кога би можело да се вратит.
    По цел ден мижаница, брканица, газана, штркот бара боја итн. На лето во најтоплиот период ќе седиме по дворови, па ќе играме тетки, мајки, фризерки, со барбики, па ќе правиме квизови. Па со брат ми ќе викаме под тераса по мама да ни фрли по десет денари за сладолед. После некаде крај 17 саат ко ќе заладит ајде пак на улица истото. Исто така ќе играме и фудбал, ракомет, па ќе излезат комшиите и ќе викаат по нас да не викаме многу бебињата им спиеле или да сме варделе топката во цвеќињата да не пошла. Па ко за малер ќе појдит во некој двор и некој паметен ќе се најдит ќе ни ја земит топката, а ние ќе се караме дека ќе го пријавиме во полиција :lol:.
    На зима ко ќе паднеше снег, ајде сите наоблечени, цел ден ќе се санкаме, ќе пливаме в снег, ќе прајме ангели и снешко. Па дома ко ќе појдиме цели водени и набрзина ќе се преоблечиме и одма на НИНТЕНДО.

    Ете тоа беше моето детство накратко :), за кое како што реков можам цел ден да зборувам хехе. А не овие денешниве не можам стварно да ги разберам, за кое детство ќе зборуваат тие еден ден. По цел ден на Фејсбук. Уште од десет години се во ''сериозни врски'', а мене ко ќе ми спомнеа такво нешто јас зацрвенував на лице одма :$ :$ :$
     
  11. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    ЕЕЕ моите детски деноти исполнети со многу глупости :) од палење на шума,кршење на прозори,доста повреди од петарди,одење на флипери и безброј глупости.Просто се чудам како несум настрадал воопшто :D .ЕЕЕЕ се е убаво кога си мал :) .Денешниве деца детството го минуваат во играње игри на компјутери,не е добро но барем е безбедно ги гледаат родителите пред нивните очи :)
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MadameButterfly

    MadameButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Аххх... детството како и кај сите е најубавиот период од мојот живот. Ми фали играњето по цели денови, ластик, куку, народна, лепчиња, штркот бара боја, да бие да бие топката... а најинтересна игра ни беше имитирањето на родителите или на учителките, па кога ќе ги облечевме штиклите на нашите мајки, карминчето обавезно, како некој теткици бевме :D и секој месец, без исклучок, си правевме фестивал и модна ревија, нормално со прогласување прво, втори трето место и доделување на награди :lol:
    Жално е шо овие деца немаат ништо од тоа, фб им е главна преокупација :(
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Се мислев во која тема да пишувам за ова што сакам да го кажам, ама сепак се решив тоа да биде тука. Не сакам да дискриминирам, да делам и да навредувам, само сакам нешто се надевам поучно да кажам...Многу ми е жал за денешниве деца, по цел ден седат на комјутер, се занимаваат со ФБ, а еве сега гледам и со Фемина...Имено прееска видов дека во една категорија каде се кажуваат наши коментари (не кажувам намерно која) едно 13 год. девојче има постирано свои фотографии. Некако се изненадив кога видов дека има само 13 год. и виси тука на форумов...Не се навредувајте помалечки девојчиња кои сте членки на форумов, ама зошто толку брзате да пораснете...да не звучам како некоја теткица ама навистина сум тажна кога гледам дека не уживате во детството...дали сте слушнале за карти, монопол, ризик и многу др. да ги наречам вистински игри...наместо да трчате на прекрасново време, да возите точаци, ролери, да играте ластик, народна...вие си седите пред комјутер, се искривувате и се здрвувате, се замарате со вашиот изглед уште од 12-13 год, со дечковци, па дури и секс :x ....навистина ми е жал, немам зборови, не сакам повеќе да пишувам за да не ве навредам, само не заборавајте детството нема да ви се врати.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    детството е нешто свето,најчисто нешто во животниот век на човекот.Имав прекрасно детство,пред се исполнето со љубов и хармонија во домот.За детските игри и да не зборувам,од утро до мрак се играше надвор пред нашите домови,од жмурка,ластик,народна,штркот бара боја :lol: си се потсетив на најубавите времиња :lol: Кога малку пораснавме имавме лексикони,споменари,собиравме ливчиња детска пошта,па колекционери на салфетки,возевме велосипед,скирол,ролери...Игрвме карти,монопол,ризик...уффф уште колку само можам да набројувам.Денешнава младина не го ценат детството,немаат почит кон него,немаат апсолутно никаква култура(се надевам дека нема некој да ми се налути,чест на исклучоците ;) )Пример,кај мене во маало момчињата се затвораат дома,седнуваат пред компјутер и по цел ден играат кантер или ГТА што и да е тоа :lol: (од внуците знам што сум ги чула)додека девојчињата се преокупирани со сопствениот изглед,немаат симпатија одма дечко,меѓусебно се нарекуваат со погрдни имиња,се тепаат за дечко(кој иако сеуште незнае носот да си го избрише),се шминкаат уште од основно училиште...Не ја обвинувам младината што е таква каква што е,виновни се родителите кои што од брзото темпо на живот,сиромаштијата,трката за подобар социјален статус,заборавија на своите деца.Многу жално пред се но тоа е суровата реалност!!!Се надевам на подобри времиња и враќање на работите во нормалата,бидејќи денес се е излезено од колосек !!!
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Ја сум си уште дете и најубаво ми е :D
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Моето детство е испреплетено со милион спомени од драги луѓе, од кои некои веќе не се меѓу живите, мирисот на бабиниот колач во кујната, трепетот на расцветаниот јоргован во дворот, црешата и кајсијата по која обожававме да се качуваме и да им ги крадеме нивните први плодови.
    Се сеќавам на свеќичките на тортата, маалските другарчиња соберени околу неа, со восхит ги гледаа фигурките направени од локум и едвај чекаа да го добијат секој своето парче.
    Се сеќавам на дедо ми.....како чорбаџија одеше напред, скоцкан во одело, со панталона препеглана по рабовите, чекори нога пред нога, а зад него еден Ром, на велосипед туркаше гајби со јагоди и малини за слатко.
    Калдрмисаното сокаче во центарот на градот го асфалтираа, но тоа остана да ги чува нашите игри, први љубови, детскиот џагор, Велигденските јајца, нашите гласови испреплетени со возбуда, кога го вежбавме говорот за заветот на претпоследната генерација Титови пионерчиња.
    Мојот прв технички молив...каква радост беше кога ми го купија, а пак кутивчето на магнет што се отвараше на дугмиња? Ги бркавме комшиските мачки низ дворовите, израснавме со сендвич во рака надвор, да не ни се прекине играта, цртавме сонциња со креда кога ќе ни заврне дожд, убедени дека Господ ќе не послуша и нема да не прибере по дома.
    Новите години, дочекувани во кругот на семејството...ни велеа дека ако сме мирни и ги изнесеме чизмичките надвор, ќе дошла новогодишната вила и ќе ни оставила парки.А ние цело време седиме во исчекување,несвесни кој ни ги полни надвор чевличињата и можете ли да ги замислите нашите фацички, озарени, кога секој трча накај својот пар чевли, а од нив ѕиркаат бомбони, лижавчиња и ситни железни парички.
    Слики ми се редат една по една и којзнае колку време ќе ми треба да ви раскажувам за се што ме правеше среќна.Само едно би и посакала на мојата ќерка, доволно би било да има една четвртина од детството што јас го имав-мислам дека би била најсреќното дете на светов!!!
     
    На ph.orhideja и Theodora им се допаѓа ова.
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Имам милиони драги спомени поврзани со детството иако признавам не бев во редот на мирните деца, напротив секогаш бев полна со налудничави замисли, како едно лето кога немаше никој возрасен да не носи на плажа бидејќи тогаш сите беа вработени, а сами имавме забрана за одење која ја почитувавме и јас добив „генијална„ замисла да ја наполниме една поголема дупка со вода од црево и да си создадеме наше мало езеро во двор. Резултатот беше многу кал и огромна забава и сите бевме како на оние рекламине за скапи детергенти цели извалкани од глава до пети. Па забранети испитувања во една куќа-карабина која се градеше и кога цела табла лим падна врз мене и ме нокаутира. Па новите кломпи со Штрумфови ми ги изгриза лошото куче од соседите бидејќи сакав со клоца по муцка да го замолчам да лае, а всушност ме иритираше како не ме познава и упорно лае по мене, а секојдневно ме гледа :^) ?!

    Па бесконечни игри џамлии охридски се викаат били, џамија, криенка, круг (секогаш победував не само од што бев ултра слабо туку и како гумирано ни коска ни р‘скавица чиниш туку некоја пивтиеста свитлива сврзна материја), ластик, фудбал и ред други сигурно ќе испуштам некоја.

    Јас не одев во градинка ме чуваше баба ми т.е. кутрата жена се обидуваше да ме чува бидејќи неколку пати и доаѓав со дупната аркада и скоро секојпат со одрани колена, а бев и доста успешен тепач :$ во цело маало само еден ме совладуваше неколку години поголем од мене, ама храбро станував кога ќе ме нокаутираше и возвраќав до крај :punch: :muscle: !!!

    Детството го паметам и по шлапање со кармините на мајка ми и лакирање по цели раце не само на нокти и секако по облекувањето на нејзините штикли и падот по скали кога од втори се најдов на први спрат и тоа два реда со скали „поминав„ и за чудо освен колената кои ги одрав бев сосема во ред, а убава турбуленција изведов, :tmi: !

    Тоа е она што вака ми падна на памет во моментов инаку радо се сеќавам на моето детство, ама посакувам моите идни деца да имаат помирно детство од моето, меѓутоа исто толку дури и посреќно, :) .
     
    На Trendafilka, Gea и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Детство-прекрасен и безгрижен период, со задоволство и насмевка на лицето се сеќавам на него. Се сеќавам на игрите на улица по цел ден, моите неможеа дома да ме приберат. :D Секакви игри игравме-ластик, криенка, штркот бара боја. Собиравме ливчиња, салфетки и детска пошта.
    Преубав период, исполнет со безгрижност и хармонија. :)
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Се би дала да сум пак малата Аве, по која сите трчаат и се тресат, која безгрижно си игра со Алфи, ја моли Хани ја клекне за да и се качи на грб, од чии раце голабите на дедо и јадат... Девојчето кое беше најмало во својата улица и со кое сите други децат обожаваа да си играат. Девојчето кое сите го обожаваа и кое немаше ниеден проблем ни грижа.
    Да, се би дала да се врати тоа време кога многу од оние кои ги сакав беа живи, времето на моето детство... Детство кое секое дете би го посакало!

    А за детството кое го имаат денешните дечиња немам зборови. Се е на компјутер, се игра кантер, гетеа и не знам кои други наместо брканица, жмурка или некоја друга игра од порано. Се гледаат криминални филмови, додека ние растевме со Здраво генијалци, Дајте музика и Во светот на бајките. Разговорите се главно на фејсбук и емесен, а старото збирање на игралиште или на ќошето од улицата нигде го нема...
     
  20. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Неубави спомени...не го сакам :(