1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детство

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 7 јуни 2010.

  1. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Ми недостига се од детството. Ми недостига седењето на улица со сите деца од малото, ми недостига топката за одбојка и фудбал, вртењето на холахопот, ваганчињата полнети со песок демек се со јадење, ми недостига играта јанино :) ми недостига времето кое ми беше важно само да ја напишам домашната која траеше само 30мин., а сега таа домашна трае по 4-5h. ми недостига првото детско заљубување кое е единствено што не создава болка
     
  2. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Ме обзема неописливо чувство кога ќе го чујам зборот детство! Детето и неговото детство се нешто најубаво..ако почнам да пишувам што се сум доживеала како мала,и какви спомени носам во себе ќе нема овде место,сериозно!! :) кога би можела со некој флешбек бар малце да се вратам да се присетам како беше би била најсреќна..таа безгрижност,таа слобода на движење,таа убавина нешто што нема веќе да се доживее..колку е убаво кога не си свесен за проблемите околу тебе,најважното нешто ти е куклата дали е нахранета,калта надвор,ластикот,жмурката,граница па некој да не те фати жив,сакате ли војна..најголемиот проблем,коа ќе ти наредат да се вратиш дома а сите се уште се надвор и си играат!! :) до ден денес со брат ми ги препричаваме случките и остануваме до касно да збориме за тоа,кога ќе почнеме на приказните и спомените им нема крај! Самото тоа докажува за убавината на тоа што сме го доживеале,спомените од детсвото мислам дека ќе ме хранат вечно со љубов и позитивна енергија! понекогаш ми доаѓаат и солзи,но солзи помешани со среќа и тага-среќа затоа што сум изживеала прекрасен период а тага што нема назад!
     
    На Blabla16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Како дете многу мислев за тоа каква ќе бидам кога ќе пораснам. И си мислев-само да бидам голема, ќе им покажам на сите. ]:)
    Не слушав детски песни, и не гледав детски емисии, иако сум присуствувала неколку пати. :lol: (со класот, се разбира). Многу гледав цртани филмови, па и уште сега гледам. :tmi:
    Ги слушав Backstreet Boys, Britney Spears, Michael Jackson, NANA, ABBA (знам, чудна сум била. |( ), и оттогаш ме интересираше англискиот, и многу ме зафркаваа децата од маало за тоа, не сакаа да се дружат со мене. |( Ама секогаш им требаа некоја висока за играње со ластик, па мораа да ме прифатат во друштвото. :wasntme: Тепачки колку сакаш. Малата сестра и сега е многу немирна, непослушна, и од мала се пцуеше, па јас требаше да ја бранам. -.- Во школо се борев да бидам најдобра, па затоа ни таму не бев прифатена од друштвото, сум била малку осамена, ама барем не сум имала проблеми. Едвај чекав да дојде лето, цел ден надвор си играв, се натпреварувавме маало со маало, секакви игри игравме. Good times... :)
     
    На Blabla16 и duffi им се допаѓа ова.
  4. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Детството... Ех, тоа е времето во кое мечтаам да се вратам! Време во кое играта и смеата беа секојдневни, бев толку задоволна... Се беше толку розово, преполно со сни и копнеж бар за миг да ѕирнам во светот на возрасните. Тој изгледаше толку привлечен и возбудлив, просто авантура за која вреди да се ризикува. Кога јас бев мала немаше Фејсбук, мобилни телефони, лаптопи и сите модерни изуми на технологијата кои се чини дека го уништуваат детството. Сепак, постоеја многу поинтересни игри кои со мерак сме си ги играле. Ова се неколку на кои се сетив во моментов: "Штркот бара боја" , "Сакате ли војна?Од когоооо?", "Плочка и ластик" , "Вистина или предизвик" , "Жмурка" , "Сол макарон сол фередон" .... :?:
     
  5. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Се би дала да сум повторно мала.Кога игравме ластик,дај ми царе војска,монопол,карти,кошарка на улица.Кога им правевме сопки на луѓето од нашата улица,па дури и на учителите :$ . Кога на ноќ на вештерките украсувавме тикви и ги плашевме соседите.Кога фрливме врапче во куќата на соседот,кога игравме так так (мислам така се викаше :lol: ),кога ѕвонеме на ѕвончињата од соседот :lol: , кога ке се соберевме сите деца во една куќа и гледавме Касандра и Златно Славејче,кога игравме криенка,па играта со џамлии,и кога собиравме салфетки и детска пошта....... :lol:
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    ми фалат тие денови и се би направила само да се вратат тие денови сега фејсбуков како да упропасти се :@
    откако им ставија интернет на компјутерите тие одма се приврзаа за фејсбукот и сега не се ни поздравуваме кога ке се видиме се би дала само да не биде така :( :@ ;( :| :worried:
     
  7. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Детство бравос за темата.
    Се вратив во минатото.Одамна многу одамна беше.
    Детството го поминав во она време кога беше социјализмот,кога се беше мирно,спокојно и сите бевме еднакви.Тоа беа времиња.
    Памтам кога таткоми ме носеше секое сабајле на градинка,на шетање зимно време на санкање.
    Првиот училишен ден првите другарчиња кога се запознававме.
    Од прво до осмо одд чинам ми беше најубаво.
    Бев второ одд кога отидов прв пат на летовање со деца Титови пионери.Од тогаш па се до осмо одд одев во јули со деца на одмор.Некаде во петто се здруживме со три,четири другарки кој заедно секое лето и зимо одевме на летовање и зимовање со воспитувачи на одмор.Какво дружење беше приредби,маскенбали,секакви активности деца од цела Македонија последната вечер разменување на адреси и солзи колку сакаш.Немаше компјутери,интернет,мобилни,се одеше по пат на допишување и писма.Памтам една година се допишував со девет другарки од цела Југославија.
    Во август секоја година одев за Грција со родителите какви другарства имав и од таму возрасните ке се запознаат на плажа а ние децата покрај нив по цел ден ке игравме.Најдобри другарки две сестри имав од Житороџа-Србија години родителите ни се договараа за одмор и се заедно одевме.
    Останатиот дел од распустот одев во Пехчево,какви ноки во маало имам поминати со игри од миждупка па до ластик.Со другарките од десет години сеуште другарувам и си останавме блиски.
    Битола-најубавиот сладолед од тета милата таа го криеше од мене во длабокото бидејки по цел ден јадев само од него...Другарки имав многу од комшилукот на тетками години се допишував и со нив носам убави спомени од убавата Битола.
    Коцељево-Србија секо лето одев на гости кај вујко ми со мајками најмногу што памтам е патувањето секоја година со различни превозни средства авион,воз купе,спавача, автобус времиња убави.Во Коцељево се научив да играм биљард тоа време беше многу популарно и ми беше интересно. Прошетките по Белград убавини.
    Струмица излегување и шетање до касно со другарками седевме една вечер во кафич а дома лажевме дека сме биле во слаткара пусто моми сакавме да бидеме.
    Радовиш-плоштадот ,глазер друштва седенки до бесвест.
    Скопје-рекорд од таму имам секавања добри во најжешкото со градски од другарка до другарка а да не ја промашам постојката се си ги броев во себе.
    Со многу другарки од детството од различни градови до ден денес останав да се слушам и поретко се гледаме.Со одделението од прво до осмо останавме сложни и оваа година славевме 24год од завршувањето.
    Имав убаво и срекно детство немам брат и сестра но затоа имам другарки кој ми се како сестри од детството кој до ден денес сме заедно.
     
  8. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    Како ми недостасуваат детските деновии немав никакви грижи ни нервозии низ улици си игравне жмурки и други такви игри..секогаш со другарките се потсетуваме на детството и со насмевка кажуваме се што сне правеле..а сега денешниве деца ништо друго незнаат освен фејсбук и такви други глупости не ги интересира ништо друго. :D
     
  9. Seahorse

    Seahorse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Се би дала да се врати. Во принцип бев доста хиперактивно и немирно дете за што говорат многуте лузни по телото. Секоја лузна-своја приказна. Бев прилично гласна и јас бев таа што најмногу се слушаше и сите ги строеше. Ми фалат тие времиња кога игравме разно разни игри и така уморни кога ќе се приберевме паѓавме како крушки за спиење.И после толку години знаеме да се собереме во маало и да евоцираме спомени. :)
     
  10. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Детството е најубавиот, најбезгрижниот дел од животот. На денешните деца и посакувам да имат барем пола од она детство што го имав јас. По цел ден си игравме во мало, со душа чекавме да дојде зимски распуст па се лизгавме на улицата со најлони по снегот, гледавме зимска рекреативна програма, летниот распуст игравме игри , правевме водени лудории, крадевме по дворовите :) , (а истото овошје сите го имавме во дворовите, ама мораше да биде крадено, нели послатко е ). Најбезгрижно и најубаво детство ФАЛА мамо и тато
     
  11. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Детство :inlove:
    Најубаво нешто во животот да си дете , Ми фалат деновите кога по цел ден бевме на улица трчевме,игравме секакви игри па кога ќе си дојдеме дома со црни нози тоа ќе ми остане во сеќавање.
    Па ајде ние некако поминавме едно убаво детство, но како ќе им биде на помаливе, по цел ден се на компјутер, улиците веќе се половина празни..
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате ли: Лично јас сум подзаборавила некои.

    1. Падна бомба од небото, па удари баба меца, тече гној, тече крв, кој искочи тој е прв! Ќе те кажам на чуварот, да те фрли од балконот, ти ќе леташ како мачка, автобусот ќе те смачка....мачката се тргна попот прдна



    2. Шири,шири,
    весели пешкири,
    боса ја, боса ти,
    окрени се сега ти!

    3. Компанија, месо боранија.
    Стара Југославија,
    нова Македонија.
    Славејчето пее
    Тито да живее,
    кукавица кука
    Хитлер да испука.

    4. Топчето ми падна,
    Калина го грабна.
    Дај ми го Калино,
    не ти го давам,
    ќе го продадам
    за два гроша,
    Калина е лоша.

    5. Апче бапче,
    печено ќебапче.
    Риба штука,
    мани се ти од тука.

    6. Том и Џери,
    Пинк Пантери.
    То сам ја, ја, ја,
    то си ти, ти ти,
    то сам ја, то си ти,
    заједно сме ја и ти.

    7. Ринге, ринге, раја
    дошол чичко Паја,
    па понео јаја.
    Едно јајце муч,
    сите деца чуч.

    8. Ени, мени, сени,
    сени чоколада,
    бур, бур лимонада,
    ако нејќеш лимонада
    ќе ти дадам чоколада,
    ако нејќеш чоколада
    ќе ти дадам лимонада ...

    9. Балонот се надууува,
    пазете се децаа,
    балонот да не пукне.....
    Пауу!!!

    10. Еци пеци, пец
    ти си мали зец,
    а ја мала верверица,
    еци пеци, пец ...

    Баш ни беше фино. На 6 години јас не ги знаев сите странски пејачи, а Куку Леле ми беа идоли. И на 13-14 години не размислував за секс. Тогаш во план ми беше прв бакнеж, па дали ќе се излигавам, а не размислував дали ако имам анален сеуште сум невина
     
    На srcekrsacka, Monna.Monna, dancing.queen и 3 други им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Носталгија ме фати сега ;( Секогаш ќе не фаќа носталгија за нашето прекрасно детство.Пред се зборувам за родените во 80тите :lol:
    Си игравме до заспивање.Ластик,жмурка,плочка,организиравме детски фетивали,пеевме,смислувавме кореографии,игравме супер марио на нинтендо :lol: ..Грижа за ништо.Пред спиење чаша млекце и цртан.Милина :inlove: А не хамбургер.
    Денес детството како да го нема-компјутери,мобилни,нападни серии.Да не продолжувам се е јасно.Катастрофа.
     
  14. bojana26

    bojana26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    При крај сум на детството но сеуште го живеам. Ми фалат сите тие игри ,цел ден надвор,намачкани со кал од правење торти,прскање,горе наведените песнички ги знам на памет и се тоа..едноставно прекрасно.Многу ми е жал што денешниве деца не се собираат на улици да играат,туку битен е фејбукот -.- ..Мали девојчиња ставаат провокативни слики..мислам алоо. Но што да им правиш..
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Имав прекрасно детство и уште попрекрасни родители кои се главните „виновници“ што имам толку убави спомени. Кога бев малечка сакав да пораснам, а сега ми фали сета таа безгрижност, сите тие детските игри и искреното другарство. Детските спомени веќе одамна се обележани на моите колена :lol: Ама така растевме, така созревавме и полека сфаќавме дека светот не е толку совршен.
    Жал ми е што денешните деца немаат ни мал дел од детството кое го имавме ние. Сакаат побрзо да пораснат и некако се изобличија природните фази низ кои треба да помине секое дете. :worried:
     
  16. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Немав iPhone, немав лаптоп, немав ни Xbox. Играв криенка,ластик и џамлии.... дома se враќав кога се стемнуваше. Мојата мајка не ме викаше на мобилен, тaa извикувааше АЈДЕ ДОМАААААААА! Наместо Facebook игравме со пријателите. Немаше антибактериски гел, игравме со кал и сo земја. Секое утро гледавме Том и Џери, Ушко Долгоушко,слушавме Златно Славејче , СИ-ДО ,Калинка итн. Колку среќно детство! Тогаш пиевме вода од цревo, а сепак преживеавме!........... :D
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Сакам пакккк :( . Кога ќе ми текне по цели денови сме седеле надвор. Па во маалото бевме многу деца и секој ден игравме по нешто,само во периоди. Еден период игравме жмурка,па ракомет,кошарка, па имавме едно така запуштено место па цел ден игравме невести,па медицински сестри со докторки, па ''тетки- тетки'', :lol: :lol: :lol: ЕЕе колку пати заради тоа играње сум заборавила да одам на курс,па после викање дома. Па возење велосипед цело лето, еднаш со другарка ми ке добиевме сончаница од возење во најголемата жештина. Нормално дека немаше мобилни во никој случај, па мајка ми викаше на сиот глас за да дојдеме дома со сестра ми,а пак ние кога ни требаа мајките,за да не се помешаме ги викавме по име. :lol: :lol: ,не Мамооо. Затоа сакам да се вратам пак во деството,а една другарка вика Некој,пак ќе треба да поминуваш низ истото.
     
  18. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Зар постојат зборови да се опише нашето детство?
    Може да се каже дека кога сум била дете, многу ретко ќе ме виделе дома, а уште помалку пред телевизор и компјутер.
    Уште рано наутро, ќе доручкував и веднаш одев да ги викнам сите од маало да играме нешто.
    Брканица, штркот бара боја, ластик и она со креда што се црташе, мислам дека Плочка се викаше. :^)
    А потоа штом падне мрак е времето за криенка или маалски кажано жмурка. 8)
    Постојано си ги шетавме куклите, се возевме со точаци... :wasntme:
    Исто така и со другарките си основавме една група, се викаше "Детско небо" :$ .
    Смислувавме песни и правевме концерти низ маало. :rofl:

    Жално ми е тоа што кога ќе поминам сега од таму не гледам повеќе деца, туку празна улица.
    Сите прибрани дома и единствено нешто што знаат е фејсбук и оние онлајн игрине.
    Штета што денешниве деца не го имаат детството кое ние го имавме!
     
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Половина од детството го поминав гледајќи како татко ми ја малтертира мајка ми :( многупати бев сведок на дерењето, на пијанството на татко ми, kога во 2-3 по полноќ ќе дојде пијан дома и кршеше, викаше, пцуеше без причина.... :(
    Другата половина ја поминував чекајќи ред за преглед низ болниците, па операцијата ;)
    Имаше и такви моменти кога играв со децата од улица али тоа беше ретко, игравме ластика, криенка, брканица
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ех детство!

    И покрај сите негативности, покрај целата тага која ја преживеав, постои еден малечок скриен и убав спомен на детството. Тој спомен беше до пред мојата 8 ма година, а потоа се прекина.
    Се сеќавам како игравме. Како си помагавме едни со други, колку се почитувавме, колку се секавме меѓусебно. Тие спомени ми се едни од најчистите и најубавите.
    Безгрижната игра до доцна, седењето на скалите и по оградите на дворовите, правењето на колиби (беревме гранки од багреми и правевме колиби, деца :wasntme: ), простата и највкусна храна (леб со маргарин и вегета...), игрите: ластик, брканица, кошарка, одбојка (а врска немавме од тоа :D ), дами и кавалери ...
    Сеуште постојат во мене, тие мигови. Постојат некои чувства, кои сеуште будат убавина.
    Се присетувам најмногу како решевавме проблеми. Малечки деца, седнати и разговаравме како возрасни. Се советувавме како да направиме нешто, како да помогнеме некому... Ех!

    Ова нажалост денес го нема. Разочарана сум што немам сретнато дете да игра на улица. Изгубено е детството на малечките. Навистина е тажно, ова нивно секојдневие. Постојано се оптоварени со компјутерски игри, со учење кое на еден начин е наметнато (јазици, балети, пливање, музичко, гимнастика..) Навистина е се убаво ова да се знае, но малечки се. Времето никој нема да им го врати да си играат и да бидат слободни. Ако имаат талент, во ред. И кога ќе пораснат, ќе го откријат и пак ќе бидат успешни во тоа, зашто ќе го прават од љубов.
    Нажалост тие денес не знаат што значи улица, не знаат што значи детска и наива игра, не знаат што значи да паднеш, да почувствуваш малку болка од таа игра, малку смеа... Навистина е жално. Но времето е такво, бурно и динамино, што тие се првите кои влегуваат во тој лавиринт.

    Ајде можеби некогаш ќе се врати малку од малку, се тоа. Малку оптимистички да погледнеме на иднината :) .