1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детство

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 7 јуни 2010.

  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Иако сум 13 години, во нашето маало сите се колку мене, а има и поголеми 14-15 ние сеуште живееме во нашето детство :D. На некој му се смешно, некој мислат гледај а онаа како малите деца земала жмурка играе. Ма шо сакат нека мислат :wasntme: ние си играме (кога сме слободни секако) фудбал, кошарка, тениспа жмурка, чии што е ова,ластика па што уште не :lol:. Интересно ни е. Целото одделение/маало ќе се собереме и фубал 4 саати играме :D. А тие што велат дека некои деца немаат детство, вистина е. Мојата "другарка" од одделението пуше цигари :smoke: , секоја вечер во ******. За тоа немам збор, и кога ќе се врате мириса на цигари :|. Со ова што го напишав сакав да кажам дека не се сите деца исти. Некои имаат детство некои не. :)
     
  2. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Детството.. Ги читам вашите постови и се присекам на своето детство.

    Ми фали играњето со топки, играњето брканица низ цело мало, криењето на дрва за криенка, играњето со пиштолчиња и камај камај, играњето џамлии, фаќањето пеперуги и гуштери во најтоплото во лето, трчањето низ ливади и правејки се со "шнолички", правењето куќички во песок. :lol:

    Не постојат зборови со кои што ке го опишам моето детство.

    Тоа е времето за кое што мечтаам да се вратам, ми недостига целото детство... секое мало делче од него. време во кое играта и смеата беа секојдневни, бев толку задоволна... се беше толку розово, преполно со сни и копнеж бар за миг да ѕирнам во светот на возрасните. :$

    Тој изгледаше премногу привлечен, интелигентен, имаше преубава насмевка. влегов во тие води, води кои ми го разбранија целиот живот потпомогнати од ветерот „љубов“. Да како цел свет да беше придвижен од таа сила, кој на почетокот беше розовиот блесок кој ми помогна да преминам од детските сни во светот во кој соништата се само соништа.
    Можеби доцна сватив дека местото и времето во кои се најдов беа само лош прототип на она каде што сакав да бидам. Кога ги видов одблизу сите банални работи кои се случуваа посакав да ги склопам очите и овој кошмар да заврши. Каде исчезна тој розов свет, каде исчезнаа сите надежи и очекувања? Се прашувам дали ги зеде со себе?

    Љубовта ми ги отвори вратите кој возрасните, а ми ги затвори засекогаш во детството. Можеби сум возрасна, а можеби и не. :!:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Детството ми беше најубав период во мојот живот. Жмурки и брканици... Па кога неко ѓе кажеше ПУ ПАРТИЈА, наместо ПУ ПУ ПАРТИЈА, па ќе ги спасеше сите од тој што жмури.. Прекрасни мигови, фонтаната ни беше место кадешто се чекавме, пред играње. Море баш си седевме до полноќ надвор, дека лето беше. Немаше врска колку години имаме, јас прво одделение, Мелпомени беше второ, Филип беше второ, Вивијан беше шетврто, Алексан беше во градинка, Ико беше четврто и Филип Големи беше трето. Прекрасни времиња. Се дружевме за 4 години, сега јас живеам во ГЛУПАВАТА ХОЛАНДИЈА, па ги пропуштив последните прекрасни, маалски мигови.

    Имавме периоди кога врлавме апостолки на кровот на градинката :D па после некој ќе се качеше на кровот и сите му се смеевме!!

    Што не правевме, ѕвонење на врати па после бегање. Најсмешно беше кога одевме позади непознати луѓе во редица, и си игравме на нашето пеење, кога човекот дозна дека цела редица е позади него, ќе се свртеше и сите ние не мрдаме, како скаменети. Дури правевме торти кај мене дома, па ги викавме сите други да ни го пробаат специјалитет, ахах 8)

    Сепак јас ќе си се вратам оваа година во Скопјенцето мое, во Аеродромот мој!! Ќе си доживеам уште неколку преубави, интересни години со некој од нашата ГРУПА, се ќе биде ПРЕКРАСНО! Одвај чекам!

    Еве има уште 101 дена до СКОПЈЕ !!! Си бројам денови!

    (извинете малку офф топик тргнав)
     

    Прикачени фајлови:

    • children (1).png
      children (1).png
      Големина на фајлот:
      356,8 KB
      Прегледи:
      627
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Моето детство чукна на порти со преселбата во малото градче.
    Имав достоен пречек од децата од улицата, со тоа што бев крајно мрзлива да скокам јаже или ластик, па секогаш бев онаа што го држи ластикот или го врти јажето. :lol:
    Нормално никој не се бунеше, ќе се потепаа кој да скока.
    Мислев идилата ќе трае вечно, ама очигледно еден ден сум кажала сочна пцовка на девојка 5 години постара од мене :D , отиде и ме накодоши на мама, па бев казнета од играње.
    После ме фати инат и не сакав да излегувам на улица.
    Сериозно се посветив на гледање долгометражни цртани по цел ден - Пинокио, Пепелашка, Глувците спасувачи.
    Во знак на револт, одвоив сирење и салама само за мене, ги завиткав во хартија (оние сообраќајните тестови ми се најдоа по дома) и си имав свое посебно место во фрижидерот.
    Така се бунтував против родителите едно ден и пол, со "моја сопствена храна", место да јадам од нивната. :D

    Кога одев на запад, во родниот град, децата ја прашуваа баба ми - зошто зборам бугарски? :^)
    Да, источњачкиот акцент има таква тенденција во призвукот, очигледно. :D

    А децата си беа деца секаде - и на исток, и на запад, и на одмор.
    Дајте ни само сладолед Снежец, и се' беше убаво. :)

    Си-До, песнарки, детска пошта, салфети, миризливи гумички и пенкала, родендени - во истата слаткарница, по две слатки и лимонада или боровница, по избор.
    Во еден месец доживеавме 7 такви слатки средби. :D
    Патронати, хорче, симпатии...

    Детство.
    Колку тоа убаво звучи.
    ^_^
     
    На srcekrsacka, AngelOfArh и cveke123 им се допаѓа ова.
  5. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Хахахах пред некој ден ја прашував мајка ми дали сум била досадна кога и викав : “Маааамооооо фрли ми 10 денарииииии!!!“ :D ц.ц.ц.
    Се сеќавам дека ќе излезеше на балкон и ке ме прашаше “зошто ти се?“
    јас: за сончоглеееед!
    И на крај ќе излезе и со штипка ќе ми фрли. И да ја чувам штипката, или во поштенското сандаче да ја оставам. хахахаха
    Со другарчињата од маало фаќавме мајски бумбари и ги стававме во обична пластична кеса. Ама мнооогу. Ко масажер беа. На лето обавезно се прскавме на фонтана. Огранизиравме мис избор. лелеееее која од која :sun: хахахах Денот не поминуваше без жмурка, џамија или ластик или сакате-ли-војна, куков план, грабнување на стапче едно. На зима обавезно правевме лизгалици. И Нова година заедно славевме во едно собче на крајот во самата зграда што беше наменето за мало дуќанче-трафиче ама никој не го користеше. Па некои ќе донесат кифлички, некои благо, некои салатичка, некој ќе се нафатеше касетофон (или такво нешто ко системче) да донесе, ќе испозалепевме балони и во тоа собче 2х2 метра сум си ги поминала наааајубавите вечери за Нова година. Детска пошта сеуште чувам. Неможам да ја фрлам. Во една кутија ми е под кревет. :wasntme:
    Чувавме мачиња и кучиња и одговорност на сите беше да им се донесе по некое саламче млекце сиренце од дома. Татко ми еднаш најде еден еж и го истурка во картонска кутија, па во 23 часот го донесе пред маало и им звонеше кај сите мои другарчиња да им покаже еженце. И ајдеее...на полноќ сите во пижами пред зграда има мало еженцееее.. хахахах лелеее :D
    јас до крајот на 8мо одделение се дружев во маало. После некако средно откако почнавме различни училишта и смени и се оддалечивме.
    Но затоа детството ми беше исполнето со играње и бркање и смеење па и теткинско-инаетење-пазарање со некои девојчиња од зградите....и се тоа беше најубаво на свет, а никогаш нема да се врати :worried:

    Навистина денешниве деца многу пропуштаат од маалските игри со дремењето на компјутер. :x
     
  6. Bailey

    Bailey Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    да T.e.d.d.y е во прво и јас сум колку неа и навистина имам другарки кои се понашаат како возрасни или некои уште од моја возраст другарки сто се имаат дечковци или пушат цигари многу ама многу ме нервираат кога ќе ме прашаат зошто уште излегувам во маало или играм такви игри понекогаш жмурка или граница :swear: или машкиве пуштиле :emo: и женскиве им се палат на тоа :puke:
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    голем дел од моето детство беше катастрофа
    причинители за тоа беа татко ми(зависник од алкохол, дедо ми-неговиот татко, и мајка ми која уште од тогаш имаше проблеми со нервите(кога ке ми текне колку котек имам јадено за глупости од неа :x)
    како на пр. еднаш кога отидовме со една другарка од класот, и на татко и му текна да не однесе да спортуваме, а беше воено лице, кога дојдов дома тешко мене-следуваше котек со каиш(исфрустрирана од се , па удри на децата :swear: а вториот момент кога кажав дека не сакам да јадам џигер, и ја скрши чинијата, а парче од тоа ми ја повреди ногата, и ден денес имам лузни од тоа :swear: секојдневните караници, навреди, препукувања по дома беа неиздржливи, и најверојатно како последица на сето тоа беше проблемот кој се појави(нокното мокрење) и ниту еден доктор не можеше да ми помогне да го снема :worried: инаку да, и јас како и другите деца собирав салветки-кој и ден денес ги чувам :!: детска пошта, пишувавме споменари, менувавме сликички, се качувавме на гаражите беревме црешни, чувавме и храневме мачиња
    а има и неколку работи по кои и ке го паметам детството-повредениот прст на раката,останав без нокт од удар со камен од една соученичка што беше исфрустрирана до максимум а јас така мирна и повлечена како што си бев, и бодев во очи, а таа другарка и само некои навреди ми измислуваше и не свакам што толку и пречев, па кога се видовме лани , глумеше мила и фина, леле леле, мисли дека сум заборавила :devil: но тука беа глумењето и пресоблекувањето во фустаните на баба ми :lol: спектакли беа тоа, сечењето на ружите од соседите па делење мегусебно
    а беше личноста која ги ублажуваше сите работи-мојата омилена бабичка, мајка на татко ми, бидејки и бевме единствени внучиња-син единец нели, разгалени :$ не шеташе, ни купуваше се што сакаме-дури и ден денес кога го посетувам гратскиот парк , мечето и некои други работи ме потсекаат на неа ;(
    беа тоа времиња кои никогаш веке нема да се вратат назад, и проблеми кои се уште останале :)
     
  8. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Многу интересна тема,па незнам како не сум коментирала! :D :)

    Моето детство беше прекрасно,постојано бев надвор и игравме жмурка,со ластик,се бркавме,се љуљавме на љуљашки,игравме граница,војска и мн други игри!Колку сакам да си го вратам детството,и сега би играла ама не им долекува на моиве 18 год! :D Сега би играла за да ѓи заборавам моите проблеми што ги имам најпрво со татко ми и останатите од блиските роднини,после снаоѓањето на место за живеење!! :(
    И мајка ми ке дојдеше да не собере мене и сестра ми од надвор,а не како сега само со телефони!
    Детството е најубавиот период,период без грижи,без проблеми и составен само од дружење и играње!! :)
     
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    И јас сум дете. Еве како поминувам ДЕЛ од моето слободно време и не жалам за тоа, затоа што си имам време и за учење, забавување, а форумов е како катче полно со идеи, критики, мислења, пофалби... и ќе кажам дека сум среќна што постои овој форум, со `негова` помош ќе се изградам како личност, ќе се поправам каде грешам и ќе дознаам за многу работи. :)
    Како што кажавте се би дале да си го вратите и дека треба да се ужива и да не се брза за да се порасне. Да, јас уживам во моето детство и имам време за играње имам за се, ама што да правам сега технологијата е замината далеку, а кога имам слободно време зошто да не го потрошам поправилно од седење на фејсбук. :) На форумов можам да помогнам и да ми дадат помош, што сум многу среќна.
    Не брзам за да пораснам, убаво ми е да бидам дете, а колку и да пораснам јас секогаш во душава ќе си бидам дете, иако не го покажувам тоа. :)
    Ќе си речите па како оваа со дремење на форуми има детство? Секое дете има детство. Дали има лошо или добро детство, само тоа знае, а сепак има и ќе го памети по нешто.
    Секое дете бира како ќе го преживее тој период, дали корисно, паметно или забавно. Искрено кога ќе пораснам, а (не се брзам и не ни сакам) ќе го паметам по вас, по моите виртуелни пријателки, што ни воопшто не значи дека моето детство е само дремење на форумот... ;)
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Јас смешно ама вистинито уште си се третирам како дете.Имам скоро 16 години,али се чуствувам како да сум детенце.Ми недостасуваа периодот кога бев дете,и кога по цел ден стојв надвор пред зграда и си играв мижаница,ѓаоли,план,шарка,џамија.Јас и несакам да пораснам,сакам да сум детенце.Убаво ми беше детството,уствари не ми беше толку убаво оти немав доволно другарки,сите беа поголеми од мене,па тие што беа генерација со мене беа сите машки.И така и јас си се однесував ко машко. :) хахаха повеќе играв со момчињата отколку со девојчињата.Многу сакав да играм руковис со машките.Сега се смеаам кога ќе ми текне на времето,хахаха кога ќе игравме мижаница бидејќи сите беа поголеми од мене ме местеа јас да мижам и јас плачев :) :rofl: :rofl: Хахаха :rofl: После еден од најинтересните моменти беше кога и викав од под тераса на мама : МАМОООО ФРЛИ МИ 10 ДЕНАРИИИИИ!!!!!! :D И ете ги,ги гледаш сите комшии излезени на тераса :) хахаха :D Мислам дека детството е еден од најубавите периоди во животот,кој никогаш нема да ги заборавиш :) :D
     
    На JustSimple му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Низ слики да ве навратам во детството... ех..... :)
     
    На Lux, Alegriaa и Annath им се допаѓа ова.
  12. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Моето детство, една од најубата епоха во мојот живот. Имав прекрасно детство, секогаш ке се сеќавам на него, со осмех на лице, Од - До.
    Единствено ми е жал кога ке се присетам на моето детство и кога ке помислам дека и моите деца во иднина нема да имаат детство како моето. Слободата што ја имавме во тоа време, денешните деца ни на Сон нема да ја имаат!.

    Еднаш се раѓаме, еднаш умираме и само еднаш сме деца! Најубавиот, највеселиот и најбезгрижниот живот е животот на детето.
    Спомените од детството остануваат длабоко врежани во срцата на секој и траат се додека чука срцето.
    Детскиот свет бргу ми помина, детскиот свет ми беше свет на приказни, игри, дружења, родителска грижа- љубов, и безброј дни исполнети со радост.Кога раскажувам за моето детство морам да признаам дека тоа го правам со длабоки чуства и без здив се среќавам на најубавата епоха од мојот живот.
    Секогаш , баш секогап им порачувам на децата да го живеам среќно и весело детскиот живот да не брзаат во светот на возрасните.


    Во маало бевме многу дечиња, кои 5-6 години поголеми, кои помали. Одлично се сложувавме, си игравме. За тоа беа родителите заслужни, не учеа на вистинските вредности на животот уште од мали нозе. ( како викаат старите, теле се учи, не крава. Се извинувам :$ )
    Имено имавме омилено дрво и сите тамо се собиравме,си игравме до доцните часеви. Безгрижно. Родителите околу 21 не викаа само да пиеме млекце и повторно назад на играње. Бевме и ние среќни и нашите родители.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Дрвото од моето детство, тука ја трошевме детската енергија. Незаборавните, убави спомени.
    Нашите родители, заеднички ни направија и кучарка веднаш до дрвото, па знаевме и тука често да си седиме и да си раскажуваме приказни.
    Беше слично на ова
    [​IMG]
    Таратур муабетчилница :devil:

    Во мое време немаше мобилни но секогаш знаевме каде ни се другарчињата.
    Во мое време немавме интернет па па ги пишувавме домашните, се снаоѓавме некако.
    Сегаа имаат интернет, се може да дознаат, со 2 клика се може да најдат и пак се бара на готово.
    Порано ... ке го бараме тоа време!
     
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Aхх детство има ли поубав период во животот од детството :) Се сеќавате ли на овие работи ? :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ахх детство :inlove: .... Само со помислата на него имам некое посебно чувство кое што ме исполнува со внатрешен мир. Мирисот на колачите од кал што ги правевме,детските феестивали,играта со кукли.Седењето надвор од утро до мрак додека родителите не викнеа некое од децата и ајде сите по него со ред дома. Најубавиот период од мојот живот во кој што немав никакви грижи и мисли.Се ми беше розово и совршено.Некогаш сеуште се чувствувам како дете и не сакам да си замини детето од мене,сакам вечно да живее во мене и да се сеќава на сите тие убави работи од детството.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Хахаха бесник си бија ти :P
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Детство...време кое би сакала да можам да го вратам.
    Кога немаш никакви проблеми,кога не ти е гајле дали носиш ваква блузичка,дали плетенчето ми се растурило...и слично.
    Ухх кога само ќе ми текне, трчавме девојчињава со кутии во раце со детска пошта.Па ако имавме од тие поубавите мазните, го дававме ама за 2/3 обични.
    Собиравме салфетки и тањирчиња.
    Едвај чекавме тревата да ја косат за да ја собираме и да правиме ровчиња.За да играме камај камај.
    Крадци полицајци со точаци.Кој имаше светкава сијаличка на точакот тој беше полицаец.
    Па играње пат околу светот.
    Па монопол на трева.Па љутки кој ќе биде банкарот.
    Фудбал машки-женски,граница,ластик колку имам скокано-едноставно ми идеше.Чување и ранење маченца....играње со барбики надвор,правење ручоци од билки.....тоа беа игри.
    Грабни стапче и многу други.....на снегот сме се радувале и играле....а денес преку facebook дознаваат дека заврнало снег.
    Ееее,денешниве деца не знаат што пропуштаат.
    Дефинитивно моето детство беше исполнето,полно со радост смеа и игра. :)
     
  18. frose19992

    frose19992 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    И јас сум дете и несакам да бидам по цел ден на компјутер многу е поубаво да идеш на улица и да трчаш по ливади да играш ластик,жмурка,граница,со топки и многу други игри но некој деца сакаат да бидат по цел ден на фејзбук и кога ке ги викнеме ке седат 10 минути и послем јас отидов на компјутер ! ... виновни се тие сто ги направија компјутерите.
     
  19. frose19992

    frose19992 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    a vie ne ste momentalno pred pc i vie ste,,, nemate deca sto krivite drugi roditeli glejte si gi svoite ne drugite!
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.910
    Допаѓања:
    32.513
    Пол:
    Женски
    Јас имав среќно детство. За жал, тоа заврши кога почина мајка ми. Тогаш имав 12 години. Не дека не бев среќна после тоа, ама многу ми беше тешко да израснам без мајка. Со другарките од маало игравме криенка, ластик, народна (играта со топка), брканица, не лути се човече, монопол, и др. Жалосно е што во денешно време децата се окупирани со компјутерите, наместо да си играат надвор.