1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детство

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 7 јуни 2010.

  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Прекрасни мигови, цел ден надвор и да врне и вее и сонце да има обавезно надвор ...јадење надвор сок или вода со шишенце ако не од цревето за вода ќе се напиев....зимите ми беа најубави имаше премногу снег ..а зимата ја дочекував според еден орев кога ќе му паднат сите лисја тогаш утре ќе вее снег и зимата е веќе дојдена.
    На телевизија имаше што да се гледа тогаш така да навечер обавезно си гледав емисја цртани и слично и рано во кревет.
     
  2. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Уффф колку само беше убаво.
    Тоа е тоа дете без грижи....
    Во моето маало бевме многу деца, а башка и другари/ки и школски на децата од нашето маало доаѓаа тука да си играме. Па не имаше можеби и по 30, 40, понекогаш 3-4 ама секогаш имаше деца надвор.
    Во пораното детство- колачиња од кал, сендвичи од листови од орев со црвен пипер од згмечена тула, или шеќер во прав од песок... :D . Салфетки послабо збиравме ама детска пошта и ливчиња....многу.
    Ластик, јаже..хахахах, колку играчки и плачки имаше. Немој да си нагодуваш- ќе и кажевме на некоја на која штотуку и купиле нови чевлички лаковани со малку шпиц нанапред, па и беше лесно да си нагоди шпицот помеѓу ластикот. :D
    Жмурки, брканици,јанина јанина, фудбал, крадење цреши, зелени сливи, смокви по дворовите на комшии,тентарење по дрва и железа, порти, па пладнување во комшиски недоправени куќи, па страшни приказни за самовили и сенки (после кои беше задолжително машките да ги испратат девојчињата до врата)...Колективно возење со велосипеди чиниш слет за 25 мај правиме, или сме го ослободиле градот....
    Детство мое убаво....и чинам дека само тогаш во животот имав вистинско другарство, искрено, чисто, без задкулисни игри, не изгнасено, ферско....безгрижно.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Детство.. хм .. мислам дека го немав она детсво кое сте го имале вие,на улицата каде живеам јас немаше многу деца, кога имав 6 години моите купија компјутер и по цели денови бев на него седната, мислам дека пораснав пребрзо и дека кога требаше да бидам надвор јас бев на компјутер,исто е и сега по цели денови сум на фејсбук заразена сум од него, без него денот не ми минува :)
     
  4. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Ех да можеше да се врати моето детство не беше баш совршено,напротив беше катастрофално.Имав само 2 другарки,а најлошото од моето детство што го памтам беше дека додека бевме на екскурзија во петто додека спиев ми ја ишишаа косата до врат(а имав коса до половината) :envy: :envy: :envy: :envy:
     
  5. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Детството ми беше убаво само на улица. Дома и на училиште беше.. психичка тортура.
    понекогаш и физичка
    И после се чудат зошто сум ваква каква што сум..
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Баш со мама дискутиравме на прашањето „Чие детство е/било поубаво: моето или на децата кои се сега да речеме во основно училиште?“ Го претпоставувате одговорот, така?

    Другарка ми има помала сестра која е седмо одделение. Ја гледавме групната слика за крај на година и што ќе видам: сите девојчиња (со исклучок на две-три) се со гради, задници, нозе ала манекенки, колкови, бутови... Јас кога бев седмо одделение таквите беа исклучок.
    Ни кажува девојчево таму за некоја другарка нејзина, имала дечко, оделе една недела, ама го изневерила со некој од другиот клас зашто тој ја зграбил за задник нејзината школска.... Аууу стој! Јас на тринаесет години уште играв ластик и делфин на улица и ми беше тро срам да кажам дека симпатија имам.

    Ееее... за десет години којзнае што ќе се случува? Да му е страв на човек дете да роди.
     
    На MilaP и Dog-lover им се допаѓа ова.
  7. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    ее да истото ко че се присетам смеа ме фајча :lol:
     
  8. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Моето детство :rofl:
    Тоа време немав грижи :$ Једино што ме интересираше беше Покемон :D и сите други цртани абе од дома неможеа да ме истераат :D . Искрено мразев што сум мала бидејки сите ме третираа како - ај иди у соба ова деца не треба да слушаат и ред други работи.Сега ми е ок не давам објаснување на никого,на пат сум да го остварам мојот сон.Свесна сум дека тоа што го имам сега кај мама и тато нема да го имам на друго место.Додека да се нормализирам ке помине некое долго време ама ке издржам и мојте некад трпеле за да дојдат до овој степен и никому не се жалеле па така и јас.Да се врати назад времето не сакам бидејки не сакам да поминам низ истото повторно средно на пример :doh: ,мислам дека кога ке напунам 30 тогаш ке ми биде најубаво. :angel:
     
  9. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Среќна сум си, се случува да заиграм жмурка, ластик..со другарките :D сега дека распуст секоја вечер кај нас на улица си играме фудбал,одбојка....кога бев помала обожавав да гледам Покемон и драгонбол( на драгонбол не се сеќавам многу дека мала сум била 3 годинки) ама се заинаетив и сега на цеде ги имам сите епизоди од Драгонбол (на едно цеде по 3 епизоди) лани цел летен распуст ги гледав, се случува по некое сабајле дур јадам да си пуштам драгонбол :D :inlove: (така беше сабајлево :lol: ) и Том и Џери си гледам уште баш вчера вечер го начекав :D кога имав 5-6 години баба ми ми соши костум како на сонџоку :D
    :ninja: :D
     

    Прикачени фајлови:

    • images (6).jpg
      images (6).jpg
      Големина на фајлот:
      11,4 KB
      Прегледи:
      203
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Колку само би сакала повторно да сум дете. А кога бев дете сакав да пораснам. Едвај чекав да пораснам. Мислев дека ако пораснам ќе немам никакви грижи, дека се ќе ми оди како подмачкано... Ееее да сум знаела.... Си мислев тогаш јас имам гоооолеми нервози. Мајка ми не ме пушта да излезам на улица додека не јадам и додека не напишам домашно, покрај тоа што ме болеа колената од „малкуте“ утепувања, болеше и ќотекот од мајка ми. Ееее грижи и нервози големи сум имала... Ах детство, детство само да ми се вратиш, спремна сум да одам со крвави коленца....
    Не за џабе кажано - Мал човек, мали проблеми. Голем човек, уште поголеми проблеми!
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
     
    На Presrekna и Pcelka94 им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Моето детство беше убаво, играв игри преку кои развивав креативност, одев на село, пишував сценарија инспирирана од шпанските серии, собирав сликички, салфетки, најлончиња. Врв на технологија беше нинтендото, плејстејшнот, чипичанот, тетрисот... Се сеќавам дека имавме стар телефон со оној бројчаникот, па какво достигнување беше кога купивме телефон со типки, па уште и идентификатор да има... На тв имаше преубави цртани филмови, емисии, филмови за деца, серии, квизови. Во недела, традиционално, после бањањето гледав Мечето Ушко, Мразулко или Були и заспивав. Доктор Глобил го памети некој? :) Колку пати заспав на креветот во дневна а се разбудив во креветот во мојата соба. Чував мачки, ги шминкав барбиките, им ги сечев косите, им правев фризури... убави спомени. :)
     
    На alana, ZAHRA, Pcelka94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Имав убаво детство... Од мала возраст спортував и преку одење на натпревари во странство се дружевме со многу дечиња од надвор.. Капмови, одмори, зимовања, припреми.. Нон стоп со луѓе, надвор.. а ми беа овозможени од секогаш и нитенда, компјутер... (првиот беше со големи дискети.. Пред флопи да излезат :) ).. Собирав детска пошта, пликови, салфетки.. Моиве од пред зграда не можеа да не соберат.. Игри со топки, летни фестивали.. Се си имавме некоја занимација... Преку летото скоро месец дена братучедите се собиравме на село... Уживавме...
    Денес кога ќе видам 3годишни (па и помали) со таблет во рака наместо да трчка и да игра ги жалам што не го вкусуваат детството како нас.. Мм ќе го остави да поигра синко или дс гледа цртан и ми вели не саксм и јас ама ќе го згази времето.. Ако му браниме, дсли понатаму стварно ќе му биде потешко со врсниците да се вклопи? Дали сме дојдени во таква трка со времето што ги децата наши ретко ќе можат да доживеат такви безгрижни моменти како ние порано?
     
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.948
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Не сум имала некое којзнае какво детство, но не беше лошо, игравме криенка по цел ден мајките доаѓаа не прибираа дома, низ цел град се криевме, правевме колачи торти од кал :D еднаш бев за село и зедов стари чинии вилушки, па си игравме со нив, си правев дома кафана, тапи од шишиња ми беа чаши, а во шишињата пунев вода и водата ми беше пијалок :D со игла и конец им шиев облека на куклите, собирав салфетки, книшки од чоколади, игравме ластик, јаже. Од листови од трендафил правев сок :D од шпанскиве серии запишував зборови во тетратка, запишував кои филмови сум гледала, запишував и имиња :D уште што не е било :D
     
  15. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Тоа што е технологијата напредната, за тоа е крив тој што ја напреднал. Ние децата сме најмалку криви за тоа. И вие постарите генерации да имавте компјутери, телефони, фејзбуци мејзбуци... и вие кога ќе немавте работа ќе ви минуваше времето на нив... Еве јас кога имам работа нормално не гледам во телефон или компјутер. Сега ем сакате да биди технологијата што понапредна, ем сакате децата да имаат детство... Епа или едното или другото, две лубеници под една мишка не се носат. Јас би одбрала децата да имаат детство. Јас немам ништо против напредната технологија туку сум против компјутерите и телефоните или сѐ во едно кажано, интернет. Цел ден ни минува на нив и ништо не приметуваме. Нека ги снема сите паметни телефони (на овие што се на лизгање мислам) и сите компјутери, лаптопи, таблети и сите други електронски уреди, но телевизорот нека остане. Се ке си биде убаво и децата ќе си имаат детство и на возрасните ќе им биде убаво. Минатата година кога бев на одмор во Ница, имаше една жена со две девојчиња (95% сум сигурна дека и беа ќерки). Жената зазјапала во телефонот и одеднаш го снемува девојчето, значи цела плажа се крена на нозе да го бара девојчето... И некои луѓе ја нашле на некое пристаниште, не ми е јасно како успеала да отиде до таму... Полицијата дојде и и поставија прашања да девојчето дали ја лажеше некој, таа ништо не рече... И замислете жената цело време му зборуваше на девојчето зошто ми избега па зошто ми избега... Па таа зјапаше во телефонот цело време и не си го пазеше детето... Е се е од овие ѓубриња (електронските уреди)! Мајките почнаа децата да не си ги пазат. Ама ако ја изгореа после по 5.000 евра казна. Е да видите после како си ги пазеше, очи не тргна од нив... ДАЈ БОЖЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА РАБОТАТ СИТЕ АМА СИТЕ ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ, КОМПЈУТЕРИ, ЛАПТОПИ, ТАБЛЕТИ, ДОВОЛНО Е ТИЕ ДА ИСЧЕЗНАТ!!!!!:@:@:@:@:@:@:@:@:@:@
     
    На _N_Girl_ му/ѝ се допаѓа ова.