1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дефектологија на Филозофски

Дискусија во 'Образование' започната од i-v-i, 17 август 2010.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Не, не, над 75 биле примени во државна.
    Ова ми влева малку надеж дека можеби ќе ме примат на државна, ама што знам. Сите ми викат ќе те примат, ќе те примат, мене ми е страв секако. Многу малку примат во државна, ама јас сепак се надевам дека со моите 80 и кусур ќе ме примат.
     
  2. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Моја грешка сакав да пишам дека под 75 ќе бидат во приватна сум ја утнала работата :rofl:
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Не мора да значи дека и оваа година така ќе биде. Зависи од пријавените, можеби ќе примаат со над 80 овој пат, можеби и со под 70, значи се зависи од бројот на пријавени и нивните бодови.
     
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Мене ми ова прекрасна струка, пред се многу хумана. Но не може секој да ја работи оваа работа. Размислував и за можноста да се запишам овде, но не, јас не би можела да работам со такви дечиња. На тие деца не им треба сожалување, туку помош и потик за да постигнат нешто.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Има некој што е на дефектологија или пак ќе оди оваа година за д ами пише нешто по опширно за студирањето што како?? :?:
     
  6. Bubamara93

    Bubamara93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    ^ Не го сфаќам ова баш. Дали тоа значи дека на дефектологија се полага усно? И зошто само дел од предметите се наброjани дека се полагаат на колоквиуми? И овие условите за запишување ептен не ги разбрав. Ц цц ц повеќе се разбркав ова кога го видов :x Ако знае некој нешто нека помага, немам многу време за одлучување :D

    http://fzf.ukim.edu.mk/index.php?option ... lang=mk-MK
    A oвде пак има други предмети, и колку што успеав да разберам овде си бираш дали ќе продолжиш како општ дефектолог или како логопед. А едно девојче ми рече дека тоа било стара програма од пред 3-4 години, но не верувам толку време да не им е сменето на сајтот.

    Цела сум збркана сега :D
    Најмногу ми треба некој да ми каже дали се полага усно или писмено и дали завршен испит?
     
  8. Bubamara93

    Bubamara93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    За усно сто посто има полагање усно..а за завршен испит незнам .. :/
     
  9. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Како бе 100%? Една студентка на дефектологија и кажала на другарка ми дека се полага писмено :^)
    Колку предмети се полагаат усно, многу ли се?
     
  10. me12

    me12 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А некој да има завршено од тука дефектологија и да сподели искуство што потоа... 
    Работи нешто државно или држи приватни часови...
    Јас работев во невладина со деца со пречки во развојот, но сега сакам да почнам нешто сама,
     па сакам ваше искуство. Поздрав!
     
  11. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Многу сакам да продолжам да студирам дефектологија, ама немам живци :D
    Стварно за оваа професија треба да си стрплив, ама јас тоа го неможам :D
     
  12. dipsy

    dipsy Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    и јас сакам да се запишам оваа година дефектологија, сигурно има меѓу вас некој кој завршиле или уште студираад дефектологија, па би ве замолила за мислење. Ви благодарам однапред
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Според мене на овој факултет прво треба трпение, живци и силна желба, а како второ многу значи кое средно училиште го имаш завршено.

    На дефектологија барем во прва година имаш предмети кои ти се поврзани со медицината. Јас имам завршено правен смер во средно и во прва година бев како изгубена на предавања. Сите мои колеги имаа завршено или медицина или хемиско. Професорот кога ќе поставеше некое обично општо прашање кое се учи во средно медицина сите знаеја да одговорат, иако било обично прашање за мене беше шпанско село. Исто како да прашал што е устав, јас знам, завршив правен смер ама оди некој од медицина нека ти даде точна дефиниција.

    Реално не е смер за потценување, не секогаш ама сепак си има обилен материјал кој си бара посветување. Овој смер ми важи сеуште за смер за кој професорите си бараат знаење. Неможеш туку така да го поминеш. Уште си важат некои правила од порано. Пример на економски ми е распашана команда (нека не се навредат тие што се на економски ама тоа е реалноста). Имам другарка таму и во прва година беа може 200 души на предавањата, не се знае ни кој од каде е, ни на кој смер, ни што се учи, ни кој предава, ни се запишува присутни, буквално може секој од надвор да влезе и да си седи на предавање. Додека на Дефектологија нема така. Се знае кој, што, како, зошто, каде, си има правила.

    Професорите си се ок, нема некој ептен лоши, нормални си се ама си бараат знаење. Е сега може Владо Трајковски да малце ти е проблем ама он само бара знаење, значи не е некој катил човек, туку си е многу принципиелен, нема мрдање кај него и ако седнеш и научиш ќе имаш јака оценка. И на колоквиуми можеби од прв семестар не ама веќе од вториот прашањата се на пишување. Нема еци пеци пец, се си е на раскажување.

    Во глобала ок смер, несекојдневен, материјалот не е досаден, секогаш има нешто ново да научиш. И си бара посветување.
     
    На dipsy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dipsy

    dipsy Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Значи и мене ке ми биде тешко прва година. Јас завршив гимназија-природно математички. И искрено ми оди математиката, но сакам да учам дефектологија. Сите мои блиски се против тоа, сметаат дека подобро ќе биде да одам на некои од техничките факултети, дека ќе ми биде полесно бидејки имам основа а и многу полесно можам да најдам работа За разлика од дефектологија каде ќе ми биде многу потешко, а и потешко се наоѓа работа. Но јас сепак сум повеке за дефектологија. Дали според тебе дефектокогија е добар избор, дали си се покајала што го избра тоа?
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Dipsy искрена да бидам, да, се покајав и затоа од Септември одам на друг факултет. Едноставно желбата е едно ама кога ќе почнеш да учиш е сосема друго размислување. И не се откажав заради понатамошната работа, баш напротив сакав да го работам тоа и мислам дека совршено би ми одговарала таа професија ама материјалот и воопшто факултетот ми направија одбивност и едноставно сфатив дека не сум јас за тоа. Е сега немора да значи дека и кај тебе ќе биде тоа случај ама сепак мој совет размисли си. Штом велиш дека математика супер ти оди тогаш оди на тоа што можеш да го постигнеш, а не нешто што и да се мачиш и да се трудиш да неможеш да сфатиш. Зашто и тебе сигурно ќе ти биде тешко на почеток како и на мене. Немаш ама баш никаква основа. Е сега може со тек на време ќе се вклопиш, ама може и не, како кај мене што е случајот, неможеш да знаеш. Како и да е биди спремна дека ризикуваш. Да имаше некој мене вака да ми каже кога се запишував ќе бев пресреќна и многу ќе ми помогнеше во одлуката. Ама знаеш како е, сите ти велат абе ајде лесно е, никој реално не ти кажува. :)
     
  16. dipsy

    dipsy Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Сега малку ме подзамисли, јас навистина сакам да се запишам дефектологија, свесна сум дека ќе треба многу ама баш многу да посветувам внимаие на учењето, но би сакала барем тој труд да се исплати, и да успеам да се вработам Бидејќи ми имаат кажано дека и тешко можеш да се вработиш. Сепак имам уште неполн месец за размислување. Ти блаводарам мноогу за одвоеното време
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Несакам да излезе дека те преубедувам или нешто. Ти кажав и погоре дека Факултетот си има и добри и лоши страни како и сите. И само ти кажав реално како стојат работите за да си бидеш спремна. Ама бидејќи гледам дека ти навистина си решена за таму и навистина во прашање е голема желба тогаш јас би ти рекла да си се запишеш. Штом си свесна дека треба упорност и штом студирањето си го сфаќаш сериозно тогаш мислам дека полесно ќе ги надминеш пречките. ;)
    Ти посакувам среќа и на уписите и во студирањето. :)
     
  18. dipsy

    dipsy Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ќе ве известам што сум направила :)
    Инаку ти што реши да се запишеш оваа година,бидејќи рече дека ќе менуваш факултет
     
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    драга dipsy ,
    И јас сум на институтот за дефектологија - Филозофски факултет, и да те пофалам пред се што размислуваш за ваква хумана професија. Тоа дека би ти било полесно доколку имаш некое предзнаење е точно :) .Јас завршив средно медицинско, и бидејќи ова има поврзаност со медицината и донекаде имав општо знаење. Но се што се сака, ако цврсто го посакуваш ќе ти се исполни. Тоа зависи и од твоите капацитети и твојот труд што ќе го вложиш. За се има прв пат и секогаш на почетокот е потешко, а потоа мака немаш :D . Имам колеги од гимназија,економско(претежно од таму се) , многу помалку кои завршиле медицина, а сепак успеале да постигнат ајде така да кажам и подобри резултати од мене. Така да don't worry :D
    За тешкотиите при студирање мислам дека секој факулетет си има одредена тешкотија и без вложен труд нема резултат, но сепак не е нешто што не може да се научи. Има максимално фер професори, но и оние кои гледаат да те оштетат(за жал). За среќа нема многу такви, повеќе се цени знаењето и активностите во текот на студирањето.Како што кажаа пред мене професорот Владимир Трајковски си бара многу знаење, но ако научиш реално ќе бидеш оценета, максимално е коректен и би требало да послужи за пример за другите професори.
    Бројот на студенти е голем надмина 100 , реално голема бројка и многу лицимерие што не доликува за идната професија на еден дефектолог што ќе работи со деца.Но има и студенти што се откажуваат ,а најупорните, најтрпеливите остануваат и затоа размисли добро за твојот избор.Велиш дека ти иде математика и добро би било да се запишеш на некој од техничките факултети, реално тоа би ти било голем плус ако студираш на некој од техничките факултети.
    Мене ми се допаѓа оваа професија, сосема е ок, хумана и би ја препорачала искрено... за учењето да не се секираш може да се постигне се, но не сакам да влијаам многу врз твојата одлука , верувај и кај мене имаше многу противења но никого не послушав и задоволна сум од постигнатиот успех. Сепак твој избор. Ти посакувам среќа со уписите , што и да се запишеш, па извести не . :*
     
  20. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Учам во гимназија(смер општествено хуманистичко А),а во иднина мислам да идам на факултетов.Кои предмети би требало да се земат за матура?Мора ли биологија да биде еден од нив? :?: