Форумџика на годината

Дефицитарни лекови

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од misli_si, 20 јануари 2024.

  1. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Женски
    Во последните две години многупати се соочив со предизвикот да барам лекови во странство и тоа хронични терапии кои се неопходни постојано... декортин, достинекс, еуритирокс, Д3... а сега и овестин и иригатор. Ми се чини дека сето ова немаше да се случи ако знаев на време дека лекот го нема, а штотуку некој се вратил од странство каде што го има. Многупати и јас сум била и не сум го купила, затоа што не знам дека ќе ми треба или дека го нема. Од аптеките излегуваат во пресрет понекогаш и информираат кога ќе дојде, но верувам и дека многумина од нас можат да си помогнат, барем со информација каде го има, каде го нашле и што се нема овде во моментот. Иако ги нема, лекарите сепак ги препишуваат, веројатно заради состават и немањето замена, па еве нека биде ова тема на која ќе се информираме на време, па можеби и ќе си помогнеме едни на други.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Машки
    Шти и да правите , не купувајте преку Косово.
     
    На misli_si му/ѝ се допаѓа ова.
  3. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Женски
    Ги немаше во Косово. Србија и Грција наоѓав и тоа во внатрешноста, во блиските аптеки не
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.528
    Баш барав ваква тема... Неврологот ми препиша Topamax, се обидов да ги најдам во Зегин, Алпи фарм и Еурофарм, ниедна го немаше, и ми кажаа дека тој лек веќе одамна не го носат кај нас. Едно време имало замена од друга фирма, ама веќе и тој го немало. Може ли да се нарача леков од негде?
     
    На misli_si му/ѝ се допаѓа ова.
  5. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Женски
    Ако го има некаде во соседните земји Грција или Бугарија ама во внатрешноста околните аптеки се веќе пројдете од нашите. https://mediately.co/rs/drugs/IV42emw5XsgCHfPVxYZArbmh73f/topamax-50mg-film-tableta
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  6. snowflake7

    snowflake7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Здраво, не знам за Topamax конкретно дали ги има, јас ги земам Тирамат за мигрена, истиот состав (Топирамат) го имаат колку што знам.
    Излегува во регистар на лекови, би требало да го најдеш: https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/54086
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.528
    Може да ми кажеш од која аптека го земаш? Во Зегин и Еурофарм проверија дали го има во било која друга нивна аптека, и го немаше...
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. snowflake7

    snowflake7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Во Битола Тирамат имам најдено во Медика Вива и во Роса Вита, за другите градови не знам.
    Исто, за да го земам Тираматот во аптеките ми бараат да доставам и копија од лекарски извештај каде што е напишано дека треба да го земам лекот.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.528
    Фала ти. Дали би можело лекот да се нарача од овие аптеки? Денес во Скопје прашавме во некоја аптека, рекоа дека имаат Тирамат, ама само од 100мг, а мене ми треба од 25мг, многу мала доза.
     
  10. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Секое апче се крши на делови во аптеки се продаваат посебни разделници за кршење..........
     
  11. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Како секое апче се крши? Јас мислам дека се кршат само тие што имаат линија, ако нема, не се крши.
     
    На riba79 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  12. snowflake7

    snowflake7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Не знам искрено, да се јавиш да прашаш, не знам како функционираат со оглед на тоа што бараат извештај од лекар и рецепта по шема. Можеш и на приватно мислам да ги купиш.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  13. snowflake7

    snowflake7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Во упатството пишува дека не се кршат овие.
    upload_2024-1-22_14-17-20.png
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. snowflake7

    snowflake7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    За што ти препишаа Тирамат? Јас ги пијам за мигрена веќе еден месец и малце како тешко да ги поднесувам, читав и по форуми има многу нус-појави...
     
  15. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Не се задржувам само на тој лек, сите апчиња можат да се делат тоа по клиниките секако се прави можеш слободно и да си прашаш.
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.528
    @snowflake7 За намалување на честота на мигрена/главоболка. Уште не сум пробала, не знам каков ефект би имале кај мене, ама ако не ти одговараат да одиш кај неврологот да му кажеш да ти најде некоја замена. Мојот ми напомена за нус појавите и ми кажа дека би требало со тек на време да се разрешат, ама едноставно со некои лекови не бива и треба да си побараш замена.

    И не, не се крши секое апче. И тие што имаат линија, па ќе се случи да утнеш при делење, неправилно ќе се подели, ќе остане вишок или помало ќе биде парчето, ќе ти одлета нешто, некои па се ронат скроз. Плус, како бре да поделиш 100мг апче на 25мг точно, а и кога е без линија и е напоменато дека НЕ се дели. Све станати доктори и фармацевти, се знаат а уствари ништо не знаат...
     
    На snowflake7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snowflake7

    snowflake7 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Побарај во повеќе аптеки, сигурно ги има чим успеав јас да ги најдам барем во две аптеки.
    Почнав јас со 25mg доза, со накачување постепено на секои две недели.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Машки
    Неукото пишување мислам дека ти е погрешно ако веќе бараш совет и помош прашај си го матичниот доктор или специјалист не барај совет како анонимус.
    Во клиника јас лично имам гледано дека 100 мг лек се крши на четири дела и испаѓа 25 мг.
    Затоа постои специјален разделник во аптека за таа работа ама мислам дека не вреди да се помогне поради големата неукост што денес очигледно владее.
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.528
    Вака сега, мојот доктор ми има препишано апче од 25мг, а не од 100мг. Да требало да пијам од 100мг, ќе ми препишел такви, така што јас си барам да си купам од 25мг и немам потреба да купувам лек од 100мг и после да го делам, а терапијава плус се пие цели 2 години и јас тоа ќе правам 2 пати на ден, сигурно. Второ, јасно и гласно си пишува дека овој лек конкретно НЕ се дели, како и многу други. Капсула како ќе поделиш? Апче без линија како ќе поделиш за да испадне скроз точно, и да не фалат макар 3мг од дозата што може и те како да влијае доколку ти треба да земаш 25мг, а не 22мг. И пак ќе напоменам, голем дел од лековите е напоменато дека не се делат! И уствари, јас на темава дојдов да прашам каде и дали воопшто го има лекот, нели така и гласи насловот на темата, а не за поделби на лекови.
     
    На snowflake7 и riba79 им се допаѓа ова.
  20. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    5.427
    Пол:
    Женски
    Apceto ako nema linija ne smee da se deli,prasajte doktor ili farmacevt.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.