Деф Лепард (Def Leppard)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од happY-smiLeY, 28 август 2012.

  1. happY-smiLeY

    happY-smiLeY Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    48
    [​IMG]

    Деф Лепард е Англиски хард рок бенд формиран во 1977 во Шефилд, од страна на басистот Рик Севиџ, гитаристот Пит Вилис и пеачот Џо Елиот. Набрзо на бендот се приклучуваат и гитаристот Стив Кларк и тапанарот Рик Ален. Во 1980 година Деф Лепард го издава својот деби албум On Through the Night. Две години подоцна го отпуштаат гитаристот Пит Вилис поради проблеми со алкохолот, а на негово место во бендот доаѓа Фил Колин. На 31 Декември 1984, Рик Ален има сообраќајна незгода во која ја губи левата рака, но сепак продолжува како тапанар во бендот. Во 1987, по три години снимање, Деф Лепард го издава својот најуспешен албум Hysteria, и со тоа станува еден од само петте рок бендови кои имаат два студиски албуми со продадени над 10 милиони копии. Но, на 8 Јануари 1991 година бендот повторно се соочува со трагедија, овојпат смртта на гитаристот Стив Кларк, како последица на мешање на алкохол и лекови. По една година, на негово место во бендот доаѓа Вивиан Кемпбел, поранешен гитарист на Дио и Вајтснејк.

    Дискографија:

    1980 - On Through the Night
    1981 - High 'n' Dry
    1983 - Pyromania
    1987 - Hysteria
    1992 - Adrenalize
    1996 - Slang
    1999 - Euphoria
    2002 - X
    2008 - Songs From the Sparkle Lounge

    Еве некои нивни песни :

    Од High 'n' Dry албумот
    http://www.youtube.com/watch?v=IhktUWww ... re=related

    Од Pyromania албумот
    http://www.youtube.com/watch?v=N6yDBiuNQcQ

    Од Hysteria албумот
    http://www.youtube.com/watch?v=tBj5neka5Zw

    Вие дали го слушате овој бенд ? Кој ви е омилен албум или омилена песна ? :)
     
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Ги слушам,многу нормално ! :)
    Омилени песни:Hysteria,Love bites,Women и Pour some sugar on me :)
    А Рик Ален е легенда.Браво за човекот.Симнувам капа :clap: :clap: :clap:
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.353
    Пол:
    Женски
    Е овие баш и не ми се омилени. Ги имам слушано и само една песна ми остана во глава увретна.